Двајца сенатори од редовите на Републиканците најавија пензионирање, еден од Охајо, а вториот од Северна Каролина. Тој од Северна Каролина гласаше против Трамп т.е. со Демократите. Ама ова е одлична можност за Гаец (претпостаставувам дека му го погодив името) да стане втор човек на Републиканците во Претставничкиот дом, ако Чејн биде тргната односно ако го загуби местото на наредните избори. Кевин Мекарти ќе остане прв, а Џим Џордан да се кандидира за сенатор во Охајо. Ама и него (Гаец) го чекаат тешки избори во Флорида.
Неколку имиња искрено не очекував да гласаат ЗА, ама и така немаа случај за импичмент. Главниот проблем е во тоа што самите Амери децении наназад го прават истово што сеуште го осудиваат. Застануваат зад пучови, а често и самите ги организараат. Истото она што му го продаваат на светот во пакетот демократија им се случи на нив. Многу прашалници околу изборните резултати, сведоци и сѐ се заборави затоа што имаше упад во Капитол! 4 години Демократите форсираа ист таков наратив. Вотерс се закануваше, нејзините закани резултираа со опколување на Врховниот суд (федерален имот). Шумер се закани кон Врховните судии номинирани од Трамп. Плус Антифа и БЛМ палеа, крадеа, убиваа и окупираа (Чаз). Тоа никој не го осуди. Двојни стандарди на сите страни.