Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.500
Никој не простува долгови, ни во овој живот нити пак во другиот. Образованието е скапо, но кое фајде ако е ефтино. Најголем дел од народот ќе се упише на факултет како тука и со тоа губиш работна сила. Ќе ти учат луѓето факултет до 28 години и после ќе бараат работа што соодветсвува на нивната диплома. Со тоа губиш пари и економијата иде удоле.
Нормално дека тоа ќе биде така кога овде кај нас можеш да бидеш 4та година со сите предмети од прва.
Преголема толеранција има кај нас во образованието , 80% од студентите што се 3та-4та , влечкаат по 6-7 предмети од 1ва/2ра.

Најдобро е образованието да е бесплатно и строго , се повеќе луѓе ќе имаат можност да се образоваат а ќе нема влечкачи како што има моментално кај нас.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
како не губиш кога 4+ години тој што студира не работи, не придонесува на никаков начин во економијата. Работата ја движи економијата, не седењето дома и учењето за испити.
Тоа е опортунитетен трошок за поединецот, ама стекнува одредени квалификации. Не може преку ноќ да се стекнат квалификации, знаења и вештини.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Работата е што Американците се во голема заблуда, дека ако образованието или здравството им е бесплатно ќе им биде со ист квалитет како сега. Не ги сакаат приватните цени, меѓутоа дали некогаш ја осетиле државната услуга?
Автоматски споено мислење:

Но легитимноста не е нешто што би требало да биде ставано во наводници.
Меѓународното право мора да се почитува. Колку да не постојат механизми за негово споредување, сепак меѓународната заедница треба и мора да ги осудува кршењата на меѓународното право... Какво што е влегување на неповикани армии на територии на независни суверени држави (како САД, Турција, во Сирија, итн).
Кое меѓународно право го испочитуваа Русите кога го прибраа Крим :icon_lol:
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.500
Работата е што Американците се во голема заблуда, дека ако образованието или здравството им е бесплатно ќе им биде со ист квалитет како сега. Не ги сакаат приватните цени, меѓутоа дали некогаш ја осетиле државната услуга?
Зависи каков е државниот апарат , ако имаш државен апарат како кај нас , подобро ти е цело здравство да е приватно , бидејќи пола од парите за здравство нема да одат таму каде што треба. Од друга страна ако ги земеш западно-европските и северо-европските држави таму си имаш супер државно здравство.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.865
Тоа е опортунитетен трошок за поединецот, ама стекнува одредени квалификации. Не може преку ноќ да се стекнат квалификации, знаења и вештини.
И што ако ствараш кадри кои не можат да најдат работа потоа? Губиш уште, имаш премногу квалификуван кадар кој не сака да работи ништо подоле од неговата диплома. Не може да најде работа, седи дома, пак си у загуба. Како и да ја свртиш државата е у загуба од тие комунистички мерки, а кога се бориш да си број еден у светот секое работно место е битно.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Зависи каков е државниот апарат , ако имаш државен апарат како кај нас , подобро ти е цело здравство да е приватно , бидејќи пола од парите за здравство нема да одат таму каде што треба. Од друга страна ако ги земеш западно-европските и северо-европските држави таму си имаш супер државно здравство.
Супер е за нас, меѓутоа не е супер за Американски стандард. Чекање месец дена за преглед е нормална работа во западно европските земји,еден професор да предава на 200 студенти е нормално на сите европски факултети. Да ги добијат европските услуги, Американците нема да знаат што ги снашло. Бар тие што можат да си ги дозволат сегашните услуги.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Значи се сложуваме дека не е финансиски исплатливо простувањето на долгови. Кога тоа претпријатие е во сопственост на државата треба чистење односно рамнење на сметката, ама еден ден и таа негатива ќе исплива на површина (со Ју тие политички делените кредити не беа добри за банките и поради тоа тонеа во неликвидност, потоа следеше банкротирање на истите). Дури и да нема негатива, нели целта не беше профит или дивиденда, туку служба на народот, со рацете во џеб остануваа оние кои имаа подмирени сметки.
Јас не гледам разлика меѓу СФРЈ и САД во врска со тоа. СФРЈ ги спасуваше државните претпријатија и банките заради неликвидност, а еве и САД сега ги спасува капиталистичките претријатија и банките во кризите од 2008/2020 заради неликвидност.

Има разлика? Како што гледаме социјализмот функционира во САД, но само за богатите во моментот. Треба тоа само да се прошири и на образованието и медицинската заштита.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
И што ако ствараш кадри кои не можат да најдат работа потоа? Губиш уште, имаш премногу квалификуван кадар кој не сака да работи ништо подоле од неговата диплома. Не може да најде работа, седи дома, пак си у загуба. Како и да ја свртиш државата е у загуба од тие комунистички мерки, а кога се бориш да си број еден у светот секое работно место е битно.
Кои комунистички мерки!?

Баш напротив, најмногу проблем да најдат работно место имаат лицата без образование (само со основно), потоа оние со средно. Просекот е 6 месеци за наоѓање работно место.

Автоматски споено мислење:

Јас не гледам разлика меѓу СФРЈ и САД во врска со тоа. СФРЈ ги спасуваше државните претпријатија и банките заради неликвидност, а еве и САД сега ги спасува капиталистичките претријатија и банките во кризите од 2008/2020 заради неликвидност.

Има разлика? Како што гледаме социјализмот функционира во САД, но само за богатите во моментот. Треба тоа само да се прошири и на образованието и медицинската заштита.
Тоа не е точно, беа спасува и скоро сите претпријатија на штета на банките. Во САД само банките.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.865
Кои комунистички мерки!?

Баш напротив, најмногу проблем да најдат работно место имаат лицата без образование (само со основно), потоа оние со средно. Просекот е 6 месеци за наоѓање работно место.

Автоматски споено мислење:


Тоа не е точно, беа спасува и скоро сите претпријатија на штета на банките. Во САД само банките.
Друже, комунизам е тоа за што ти и Берни се залагате. Америка е далеку од тоа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Друже, комунизам е тоа за што ти и Берни се залагате. Америка е далеку од тоа.
Хахахаха, кај најде кај мене комунизам? :D

Каков Берни, идеолошки сум најблиску со Тед Круз.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
Работата е што Американците се во голема заблуда, дека ако образованието или здравството им е бесплатно ќе им биде со ист квалитет како сега. Не ги сакаат приватните цени, меѓутоа дали некогаш ја осетиле државната услуга?
Па ти поаѓаш од ситуацијата кај нас сега и затоа така си мислиш. Немора да одиш многу далеку, ете кај нас пред 30 години имавме одлично образование, и сосема бесплатно. За разлика од сега кога е скапо и никакво. Исто е и со здравството. Кај нас нема врска дали е скапо или е бесплатно. Едноставно здравството е нефункционално. Еве има афери и во приватните болници, дека ги префрлаат луѓето пред умирање во државните клиники да не им се бројат како умрени пациенти.

Значи тоа е доказ дека нема врска дали е платено или бесплатно, ако не функционира.

Ова е мислење, чисто без да се навлегува во причините за бесплатно/платено.
Автоматски споено мислење:

Кое меѓународно право го испочитуваа Русите кога го прибраа Крим :icon_lol:
Кога си соочен со играч кој не почитува никакви правила, како можеш да парираш ако ти ги следиш правилата ???
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.815
Кое меѓународно право го испочитуваа Русите кога го прибраа Крим :icon_lol:
Дали јас некаде изнесов теза дека Русија секаде и секогаш го почитува меѓународното право? :)
Тезата е дека најчесто и Русија и повеќето држави (освен САД) го почитуваат меѓународното право, освен во ретки исклучителни ситуации.

И дали ти правиш разлика, меѓу ситуација кога се изнудува потег (единствената тогашна топломорска поморска база, анексијата на Крим од Русија), и ситуации кога без провокации агресивно со целосно занемарување на меѓународното право се напаѓаат, бомбардираат, уништуваат суверени држави, се организираат обоени револуции или директни воени удари, и се менува власта во суверени држави - а токму такви се миЉон амерички потези. Да не набројуваме сега, ќе треба книга да се напише... Еве само од вчера:
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
А бе кои правила, толку им стиска на Русите и тоа е тоа. Да можеа да влезат со тенкови во Киев и да стават своја кукла ќе ставеа, ама беа издриблани и сега 80% од Украина им е надвор од сфера на влијание. Моментално Русите не се офанзивни не зашто се добри и поштени, туку од едноставна причина зашто толкав им е капацитетот. Треба да си будала ти како единствена глобална сила да стоиш и да чекаш другите да зајачаат и да ги губиш сферите на влијание. Нормално дека САД ќе се шират и ќе пресекуваат рути и гасоводи. Русите истото би го правеле, а и во минатото го правеа. Сега се турнати во ќоше, па плачат за некакви си меѓународни права. Не беше така во Ладната војна и пред тоа кога освојуваа територии населени со диви кавказки племиња, Пољаци, Балти итн. А за тоа исто може да се прашаат и Источноевропски земји. Дали таму било све во ред и немало надворешни мешања? Така што за поштените Руси не може да има дискусии. Ниедна империја не е нежна.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Еве само од вчера:
Каков лицемер си ти. Во друга тема хејташ све муслиманско, а оде сега пробуеш да протнеш муабет „лош Бајден веќе бомбардира“ па таа Сирија не бомбардирање, нуклеарка треба таму да се фрли, ќе има колатерална штета јебига ама тоа е тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.815
@Anon се обидуваш на наметнеш лажна дихтомија. :)
Инаку не само Сирија, туку и други држави од регионот (како Либија), беа едни од подобрите места за живеење во тој регион - пред да им се вмеша Пакс Американа... Лицемерноста е баш тоа уништување на тие држави и нивно претварање во вукојебини, за потоа да им кажеш „абе фрлај нуклеарки, вукојебини се тоа“.

Не беше така во Ладната војна и пред тоа кога освојуваа територии населени со диви кавказки племиња, Пољаци, Балти итн. А за тоа исто може да се прашаат и Источноевропски земји. Дали таму било све во ред и немало надворешни мешања? Така што за поштените Руси не може да има дискусии. Ниедна империја не е нежна.
Абе ако се вратиш доволно наназад ќе дојдеш и до борби со ладно оружје, палења на вештерки и што сѐ не.
Во модерната историја постои само една држава која блатантно и постојано не го почитува меѓународното право.


Нормално дека САД ќе се шират и ќе пресекуваат рути и гасоводи. Русите истото би го правеле, а и во минатото го правеа. Сега се турнати во ќоше, па плачат за некакви си меѓународни права.
Ова е веќе одење чекор до жешка војна, мал чекор. Во идна војна меѓу Русија (или Кина) и САД, едноставно не може да има победник. Сите губат. И само идиоти и психопати блефираат со MAD.
Автоматски споено мислење:

Патем...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom