Дај малку внеси се во муабетот, не биди падобранец.
Да таква е човечката природа, ама ако системот нема моќ, тогаш НЕМА да има олигарси. Примери имаш кај нас колку сакаш, за твојата омилена Русија па да не зборам. Ниту еден од нив, не се стекнал со богатството и статусот по природен пат, не се стекнал поради некои негови посебни способности, туку дадено и овозможено од луѓе вработени во системот. Мијалков, Заев, Трифун, Штерјо, Камчев, Анѓушев, Мукаетов итн итн.
Зашто некој си да има моќ да одлучува кој може да отвори фарма за марихуана .... јасно ти е како се добива дозволата за марихуана така!
Зашто некој си да има моќ да одлучува кој може да биде нотар... ц.ц. 70.000 евра + врски да станеш нотар.
Зашто некој си да одлучува кој може да увезува нафта, улиња, кога знаеме дека повторно легално се увезуваат производи кои не смеат да се користат. Некој си од УЧК да одлучува кој може да има отпад и дозвола за увоз-извоз на отпади. Загадување пак имаме, а поединци им е дозволено да се богатат.
Народот од завист, плашејќи се некој да не се збогати, дозволува ем неспособни да се збогатуваат, ем на штета на народот.
Во природата хиреархијата е заслужена, се стекнува по природен пат и лидерот се грижи и останатите да бидат задоволни. Ме чуди твоево размислување дека нема друг начин освен да има господари и робови, да не речам страшно. Хиреархија е природно да постои, само начинот на кој се прави искачувањето не чини со сегашниов систем.
Од претходна почит спрема тебе, иначе вакви глупости не заслужуваат понатамошна дискусија.
Елитата знае што следи во светот, посебно во САД, па за да нема револуција со исход негативен за нив, мора да го одземат оружјето на народот. После тоа, повелете бидете глинени гулаби.
Доколку луѓето во системот се корумпирани и сакаш да се спасиш, на кој начин мислиш ќе успееш ....
Со плачење пред судија, со ретардирани блокирања на улици, со фарбање ѕидови, со фрлање шишиња, а пред тебе имаш спремни, опремени, здружени, слепи почитувачи на авторитет (со 2гр мозок). Но доколку народот има оружје, доволни се тие 2гр, да прогледаш, слепо да не ја извршиш наредбата и да не му наштетиш на својот близок сограѓанин.
Кој знае зашто претходно го ставиле во устав правото да поседуваш оружје.