Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.500
Epa, ako mozat da gi napraat na drugi fondovi, sho e togas makata? Sho se plackive togas? Zosto naednas restrikcii na robinhud?
Ili e zabraneto plebsot da go raboti zanaetot na ((nekoi))?
Се засекирале многу за меурот и нереалноста на маркетот , иако тие со години го прават истото :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
@loophole, батка мислам дека не разбираш што е работава ова прераснува во движење, мислам дека и да ги изгубат парите на никого нема да му биди гајле.

Seriously, u/DeepFuckingValue, I hope you realize that you've been an inspiration to millions, and a representation of what the people can do when they want their demands met.

In the old days, we'd storm the Bastille and cut the head off the king. We've (thankfully) moved onto more progressive ways of dealing with corruption, but it's still everywhere.

This is OUR French Revolution. This is OUR American revolution. The serfs are fed the fuck up, and you, u/DeepFuckingValue, you rallied us around the flag of GME.

It's been an ugly, unfair fight, but together, we're un-fucking-stoppable.

Hold the line, you beautiful fucks.

----------------------------------------------------
Ова веќе е длабоко во политика. САД стасаа на 6 јануари на врвот од незадоволството на конзервативциве, ако сега нешто тргни погрешно со ситуацијава со шортајнево на GameStop, левичариве и десничариве ќе излезат заедно на улица и можат да ја запалат корпоративна америка. И сега нема да се борат едни против други како досега што му правеше елитата, сега ќе бидат заедно.
 
Последно уредено:
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Генерално се сложувам со текстов , па ќе ти реплицирам на одредени делови.

Јас искрено не видов некој да ги потценува хеџ фондовите за нивниот човечки капитал и нивната експертиза во финансискиов сектор , мислам очигледно е дека нивната цел е да прават пари на високо ризични assets , тоа им опсегот на работа нормално е.
Проблемот со 2008 што го спомнавме беше во контекст дека самите тие инвестициски банки а и инвеститорите од нивната алчност а и структурните проблеми во финансискиот сектор доведоа до 2008 , иако тие имале огромни пари а и огромен човечки капитал.Мислам дека нема потреба да објаснувам зошто како пошто гледам дека си далеку поуходан од мене во оваа струка.
Мене ми е проблем што далеку ги потценуваш овие retail инвеститори дека сите се глупави и дека незнаат што прават , веруј ме како што има интелигентни хакери/програмери што не работат во Гугл исто има и интелигентни личности што не работат во Goldman Sachs.
Настрана од тоа види го /u DeepFuckingValue колку пари изваде од овој меур.


Мислам дека ако повеќето од нив знаат што прават , јасно е дека евентуално меурот ќе пукне , работата е кој ќе попушти прв , малиот човек или хеџ фондовите? Што викаш ти , со овој раст на ценава на акцииве и голем број на шортнати акции , кој кого држи овде за мадиња во случајов? Хеџ фондовите или малиот човек? Јасно ми е дека првиве имаат пари и моќ да ги уништат другиве , гледавме продавање на акции без дозвола на корисници , забрана за тргување и слично.
На муабетов што би рекол еден голем човек:
"The markets can remain irrational longer than you can remain solvent." - John Maynard Keynes


btw: И моја е прогнозата дека ова ќе заврши со солзи за малите луѓе , ама тоа нема да ме спречи да бидам фасциниран од истиов случај , првпат во историјава барем од мое познавање се случува вакво нешто :)
Ок,тогаш погрешно сум ти го разбрал претходниот коментар. Во тој случај, се сложуваме за болдот.
Hedge фондовите, барем најголем дел од нив, многу добро знаеја што се случува во 2007 година, пред да пукне subprime mortgage кризата. Исто како што знаеја и рејтинг агенциите, осигурителните компании и големите инвестициски банки. Само не беа сите свесни за магнитудата и комплексноста на проблемот, односно претпоставуваа дека ќе биде концентриран во мал сегмент од финансиските пазари, од кој они брзо ќе си исперат раце и ќе излезат. Тек кога видоа како оваа криза е поврзана со пазарот на деривати и какви последици ќе има врз сите финансиски пазари, почна паниката и се уклучи алармот. Имаше инвеститори, аналитичари, професори (Nouriel Roubini) кои подолг период предупредуваат за тоа што следи, дел од нив направија огромни богатства како менаџери на инвестициски фондови.
Така да, кризата во 2008 беше резултат на свесна злоупотреба на финансискиот систем. Несовесно и неетичко, а во доста инстанци и криминално однесување од разни агенти. Ни моделите им беа лоши, ниту пак стануваше збор за наивни душички, паднати од Марс, со погрешно подредени incentives од регулаторната рамка. Ова треба сите да го памтат, и секогаш ќе го повторувам, зошто спротивното е нивната одбрана, која ја користат во изминатите 10ина години, со намера да го свртат наративот и да се исклучат себеси од одговорноста за тој tipping point во историјата на Западот.
И сега многу добро знаат што се случува, и смешно е што аматери на интернет платформи мислат дека се чекор пред нив. Имаат канали и квалитет на инфорамции кои не се достапни онлајн и кои ја прават целата разлика во овој бизнис. Не е случајно што шортаат акции на овие апсурдно прегреани, преценети equity markets и што префрлаат се повеќе капитал во Источна и Југоисточна Азија.

Иначе, корените на финансиската криза во 2008 година, се неколку децении пред да се материјализира, од времето на Регановата администрација. Многу комплексни и меѓусебно испреплетени фактори се во прашање, што не се предмет на оваа тема, од Студената војна, последиците на нафтената криза во 1973, актуелната економска доктрина во тоа време, воспоставувањето на релации со НР Кина, промените во социо-економските услови во САД, третата индустриска револуција, aftermath-от на Студената војна и многу други фактори. Тоа доведе до силен притисок и лоби за дерегулација на финансиските пазари, што почна со постепено укинување на Glass-Steagall Act, па се останато до дерегулацијата на финансиските деривати, што во период од 2 децении, ги создаде условите за хаосот што го гледавме во 2008-09. Имаше некаде убава хронологија на укинати закони и промени во регулатива, што доведе до ова што го нарекуваат financialization на економијата.

Далеку од тоа дека сите retail инвеститори се по дифолт глупави, или не знаат што праат, не тврдам такво нешто. Напротив, скоро сите икони на ВС почнале како индивидуални инвеститори. Има исклучително паметни луѓе кои не се вработени во институции, јасно е тоа. Сигурно ги има такви и на редит. Али мнозинството од retail инвеститорите во моментов се глупави и не знаат што прават. Гледај кои акции, како се вреднуваат. Самиот факт што го претвараат ова во кој прв ќе попушти ситуација, ги прави да изгледаат глупави. Лесна мета се на шпекулатни, кои се единствени кои остануваат на вакви акции. По дефиниција следува дека најголем дел од нив ќе останат заебани, нема друг исход. Малиот човек е аморфна дезорганизирана маса, која се води по трендови и гласини и го следи „стадото“. Тоа го кажувам со жалење, зошто да не беше така, финансискиот систем ќе беше многу поефикасен.
Epa, ako mozat da gi napraat na drugi fondovi, sho e togas makata? Sho se plackive togas? Zosto naednas restrikcii na robinhud?
Ili e zabraneto plebsot da go raboti zanaetot na ((nekoi))?
Па ги прават на други пазари во моментов, не си информирана. Ги прават и во САД, Хеџ фондовите немаат некоја мака во моментов, напротив ова беше добра година за нив. Они кои беа засегнати со GameStop, колку што видов излегоа од позицијата.
„Плачките“ се најчесто за новината на оваа практика и потенцијалот да ги дестабилизира берзите. Тоа им е работа на коментатори, кои ги следат овие пазари. Најголем дел од нив зборат разумни работи, вклучително и оној Леон Куперман, што го земаа сите на заб. Ваквото инвестирање е fad кој ќе помине, меѓутоа ризикот за системот ќе остане. Меурите од берзата може многу лесно да се прелеат на другите финансиски пазари, вклучително кредитните пазари и пазарите на пари. Во тој случај трошокот пак ќе падне на грб на малиот човек. Се одмаздуваат, со тоа што си ја потпалуваат куќата. Така да, не е проблем плебсот да проба да го работи занаетот, нема да биде прв пат. Ама плебсот има тенденција да плаче, кука и криви кој прв ќе му дојде пред очи, when things go south.
А, Робинхуд е платформа со многу проблематичен бизнис модел. Како прво, не наплаќаат никаква провизија за себеси по трансакција. Последно читав дека се отповарени со многу долг. Прашање е што всушност продаваат.....
@loophole, батка мислам дека не разбираш што е работава ова прераснува во движење, мислам дека и да ги изгубат парите на никого нема да му биди гајле.

Ова веќе е длабоко во политика. САД стасаа на 6 јануари на врвот од незадоволството на конзервативциве, ако сега нешто тргни погрешно со ситуацијава со шортајнево на GameStop, левичариве и десничариве ќе излезат заедно на улица и можат да ја запалат корпоративна америка. И сега нема да се борат едни против други како досега што му правеше елитата, сега ќе бидат заедно.
Ај да не разглабаме кој колку разбира. Гледај каков културен господин сум до сега.
Движења не се раѓаат на берза. Тоа што се форсира таа приказна, е моментот што мене ме нервира во целава ситуација.
Ти викаш дека нема да им биде гајле ако ги изгубат парите, јас викам дека не се сите свесни колку точно можат да изгубат. Не се само тие што ги имаат на акаунтот на RH во прашање.

После културата, уметноста, политичкиот систем, сега и финасиските пазари дојдоа на ред да влезат во вртлогот на social media frenzy. Вирални информации се споделуваат, echo chambers се формираат, групи се создаваат, а експертизата го губи тлото пред популарноста. Истиот патерн секаде, само сега GameStop е тригерот.
Јас се повлекувам се додека AOC и Бен Шапиро со своите приврзаници, не се соберат за да ја турнат владата. Можда ќе ќарам и јас нешто тогаш преку платформиве. :)

 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Хеџ хондовите со своите модели и аналитика учествуваа во создавањето на 2008. И добар дел од нив убаво профитираа на финансиската криза, зошто разбраа што се случува со финансискиот систем, пред сите други, благодарение на тие модели и аналитика. Некои, како Ray Dalio и John Paulson империја направија од своите фондови. Дел изгубија многу, зошто беа bullish премногу долго и го пропуштија возот. Исто беше и за dot.com bubble-от, после кој хеџ фондовите ги имаа најдобрите години. Исто е и годинава, кога ги имаат најдобрите нето позиции, во последните 10 години.
Високо ризични инвестиции се bread and butter за hedge фондовите, тоа го работат, тоа е причината зошто постојат, тоа е нивната природна средина. Илузијата дека Петко и Станко со дојави од reddit некако ги надмудриле, да не е смешна, ќе беше трагична. Манипулирани се од онлајн шпекуланти и поима немаат што прават.
Можете што сакате да мислите за моралноста на нивните постапки, ама менаџерите на тие фондови се исклучително интелигентни ликови, кои се 30 години во таа индустрија и ја познаваат inside out.

Иначе, bailout програмите во 2008 беа насочени кон Fannie Mae, Freddie Mac, осигурителните компании, големите инвестиционите и комерцијалните банки и некои корпорации како GM. Инвестициски фондови, скоро и да немаше. Сега bailout- от е резервиран за мртви компании, кои ќе имаа сериозни проблеми со ликвидност, или ќе беа веќе банкротирани.
Ова се празни борби со ветерници, од кои ќе наебат најмногу овие репрезенти на the greater fool теоријата, кои тргуваат на РобинХуд и сл, во моментот кога цената ќе се корегира близу реалната вредност.
Неколку short squeeze-а нема да ја уништат индустријата, ни hedge фондовите ќе престанат да шортаат. Ама кога близу 40% од цела трговија на берза ти е short selling, треба да се замислат сите во кој правец се движи реалната економија и што може да се случи кога вакви меури ќе пукнат.

Hedge фондовите го гејмаат системот на многу покомплексен начин од шортање на акции на компании со лоши резултати. Шортањето не е од вчера, ни е од 2008, ни е од 1990, туку постои буквално со векови. Ни па хеџ фондовите го почнаа.
Ако сакаш да им ги врзеш рацете, потребна е поквалитетна регулација од луѓе кои ја разбираат тематиката, а не да охрабруваш милиони луѓе да си ги фрлат парите во бунар, додека создаваат шпекулантски меур. Со својата иднина се коцкаат на крај, хеџ фондовите можат да ги направат парите и на други пазари.

Иначе, сосема е нормално што брокерските куќи прекинале да примаат налози, зошто морале да се заштитат себеси, да не дојдат во ситуацијата да ги покриваат отворените позиции на short sellers пред клириншките куќи, кои можат да тежат милијарди долари. Тоа не се случува прв пат, ни е прв пат некоја берза времено да го прекине тргувањето, при голема волатилност на цената на некоја акција.
Кршење на правила на слободен пазар? Retail компанија со бизнис модел базиран на brick and mortar продавници, во време на пандемија и локдауни, која пријави загуби од стотици милиони долари, а вредноста на акцијата им расте за 1700% во период од една година. Тоа е по правила на слободен пазар? Во најоптимистичката варијанта на идна профитабилност на GameStop, на моменталната вредност на акцијата, p/e ratio-то би било поголемо од 90. Секој кој малку разбира како функционираат берзите, знае дека ова е вистинска лудница.
Да го правеа брокерските куќи, ова што моментално го прави армијата од редит, досега ќе се нацртаа сите пред суд. Истото го прават и со цената на акцијата на AMC.
Се надевам само дека некој ќе го подбере и аутистичниот гомнар Маск, кралот на шпекулантите, кој создава спајкови и ги бута со еден твит и си игра со доходот на милиони луѓе.

Нема страни за бирање. Берзата е џунгла, во која има победници и губитници. Првите се скоро секогаш помалубројни од вторите. Јас само кажувам кој ќе биде кој на крај (најверојатно).
Hedge фондовите се само еден дел од играчите, не премногу голем. Ги има илјадници низ светот, некои пропаѓаат, нови се создаваат, некои се многу успешни, други се помалку успешни. Најголемите играчи во таа индустрија менаџираат стотици милијарди долари и работат на десетици пазари низ светот.
Вакви приказни за симболично покажување на среден прст кон нив, освен што ќе насочат еден куп на наивни луѓе да поседуваат преценети ѓубре акции, нема да имаат никаков друг ефект. Како и при секој asset bubble, некој ќе направи пари, а скоро сите останати ќе останат со прстот во уста.
Али да не ометам при славењето за крајот на мршојадците. :)
Велиш немало страна за бирање, а буквално во постот што ти го цититав пишуваш дека чим Шапира и Кортез фатиле страна, автоматски треба да ја избереш спротивната.

А, приказните за тоа како милионерите се грижеле за системот можеш на децата пред зграда да им ги продаваш. Се загрижиле добрите Самарјани за системот и народот, секако. Загрижени се пошто профитираат од таквиот систем.

Излезе една колумна за тоа како хеџ менаџерите биле херои. Се ми се чини дека и ти би напишал нешто слично.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
Како тоа бизнисот го превзема управувањето со светот, кога власта контролира и одлучува што и како. Бизнис и олигарси не треба да се мешаат.
И ти сега идеали бркаш :)
Секој бизнисмен во одреден степен на развој има тенденција да стане олигарх. Впрочем тоа го докажа Big Tech.

Иначе точно е тоа дека политичарите ја докажаа својата неефикасност, ама за да го сокријат тоа, да ја наведат масата на друга страна се прават разни сценарија. Како и да е на своја кожа сите ќе осетиме.
Следно што ни следи, најверојатно ќе биде некој вид феудализам приспособен на условите.
Све тоа што сакаш да кажеш дека следи, не е нешто невидено и нечуено. Ќе најдат начин обичниот човек да го држат среќен(во илузија) и зависен(од кредити) и ќе продолжи робовладетелството, како што впрочем си тера, во зависност од условите.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Велиш немало страна за бирање, а буквално во постот што ти го цититав пишуваш дека чим Шапира и Кортез фатиле страна, автоматски треба да ја избереш спротивната.

А, приказните за тоа како милионерите се грижеле за системот можеш на децата пред зграда да им ги продаваш. Се загрижиле добрите Самарјани за системот и народот, секако. Загрижени се пошто профитираат од таквиот систем.

Излезе една колумна за тоа како хеџ менаџерите биле херои. Се ми се чини дека и ти би напишал нешто слично.
Figure of speech бе друже, аман. Поентата на тој коментар беше, дека никој не треба да ги зема за релевантни мислењата на тие шарлатани и популисти. Fomo курви, кои не пропуштаат да дадат коментар за секоја актуелна тема, а имаат нула стручно знаење за темите. Тоа го прават за ширење на својот клаут и публика, не зошто имаат поима за тоа што го зборат, или зошто бранат нечиви интереси.

Не викам дека менаџерите се херои, или дека им е повеќе грижа за системот од немилионерите. :facepalm:
Не можеш како аматер да играш на нивен терен, во нивен двор, тип на игра што најдобро знаат да ја играат, а да мислиш дека им праќаш порака.
Берзата не е место за формирање политички движења. Не може да траат на тоа место, нема како.

Иначе, да се поправам, 1700% е растот на цената во последниот месец, откако почна short squeeze-от. Од месец Август некаде, растот на акцијата е околу 5000%. Кога во други случаеви се создавале вакви ирационални меури, кои не се врз база на јаки фундаменти, барем имало некаков хајп или очекување околу компанијата. Ова сега е чиста глупост и лудило.
Aha da, sigurno ((leon cooperman)) e zagrizen za narodot pa zboruva razimni raboti na primer negov citat "Fair share is a bullshit concept".
Vazi brat.
Тоа што го збори во видеото до делот за wealth tax, е апсолутен комон сенс, ако малку ја разбираш темата на дискусија.
Берзите во САД во моментов се чист пример за ирационален exuberance, чие гориво се макроекономски политики, кои е невозможно да траат неограничено. Кога нужно ќе им помине рокот на траење, некој (поголемиот дел од RH инвеститорите) ќе остане со куп гомна во рака и ќе почнат плачки.
Не мора да биде загрижен за општото добро, за да збори логични работи. Хеџ фондовите ќе се приспособат, спијте мирно. Ќе ја сменат малку стратегијата за да земат дел од pump and dump колачот и ќе се вратат пак на шортање кога ќе дојде право време. Нема да биде ни прв, ни последен пат, да го прават тоа.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.268
Секој бизнисмен во одреден степен на развој има тенденција да стане олигарх. Впрочем тоа го докажа Big Tech.
Неспорно е тоа, но тоа е човечката природа, која е иста од памтивек. Затоа не треба никој да има моќ да дава дозволи или да одлучува што и кој може да работи, зашто секогаш ќе биде тоа злоупотребено.

Олигарсите се резултат/ последица на политичарите.
Вие сакате последицата да ја лечите, тука е грешката.
Нека ја снема причината, ќе ја нема последицата.

Еве како народот во САД ќе си легне на брашното. Полека но сигурно и со тоа капиталот ќе се пресели во Кина:

H.R. 127: Sabika Sheikh Firearm Licensing and Registration Act

Единственото нешто што им овозможувало на граѓаните на САД да ја зачуваат својата слобода, што им било овозможено од тогашните "татковци" , ќе им биде одземено од сегашните :aplauz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom