Не е вистина, Трамп им направи јаки турбуленции, нема да престане ако остане
Е кои турбуленции им ги направи во надворешната политика ?
На блискиот исток ја продолжи традиционалната американска поддршка за Израел и за Саудиска Арабија, на Балканот ја продолжува поддршката за американското Манџуко на Балканот наречено Косово, во Европа ја продолжува воената игранка на НАТО и 30 (ТРИЕСЕТ) години после распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт, се на се` нема никакви промени во американската надворешна политика за време на владата на Доналд Трамп.
Плавиот Трамп се претставува себеси, или подобро кажано, се обидува да се претстави себеси, како наследник на Роналд Реган.
Е па Реган ја начека советската мечка на смртна постела и на крајот се пофали дека тој ја убил, слично како што и плавиот Трамп ја начека ИСИЛ/ИСИС/ИД на смртна постела во Сирија - иако воопшто не по заслуга на САД - а сепак се фали дека тој ја убил. Отприлика ова е единствената заедничка карактеристика која покојниот Реган и плавиот Трамп ја имаат кога станува збор за надворешната политика на САД - превземање на заслуги за работи кои не ги направиле.
Кога Југославија почна да се распаѓа, Реган само додаде гориво на огнот со тоа што вети финансиска помош за југословенските републики доколку стекнат независност, и ова беше благослов за хрватските, словенечките и македонските националисти.
Сега кога Велика Британија излезе од ЕУ, плавиот Трамп може да го потпомогне процесот на распаѓање на ЕУ со промена во трговските односи помеѓу САД и државите членки на ЕУ, како на пример, наместо ЕУ да ги води надворешните трговски политики на нејзините членки со САД, секоја држава членка на ЕУ независно да си потпише билатерални договори за трговска размена со САД, со што ЕУ буквално би ја снемало од американско-европската трговска равенка. Уште посериозно би додал гориво на огнот доколку побара трговската размена помеѓу САД и државите членки на ЕУ да се врши во американски долари и во старите национални валути кои државите членки на евро-зоната ги напуштија во корист на еврото, ваква промена во трговските односи помеѓу САД и државите членки на ЕУ не би била турбуленција, туку буквално би била економско-политички земјотрес. Но плавиот Трамп не ги прави ваквите работи, иако Велика Британија му е тука како сојузник во Европа.
Се на се`, единствена турбуленција во надворешните политики на САД е симболичната фотографија која плавиот Трамп си ја направи со големиот дебел лидер на Северна Кореја на севернокорејската страна од границата помеѓу Северна Кореја и Јужна Кореја.