Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Јас колку што се сеќавам минативе избори се знаеше веќе утредента, затоа чудно ми падна, не ги брои дик гласовите :D
Немаше волку многу гласови по пошта во 2016, плус и тогаш стигаа една недела по изборите гласови. Сега има 60 мил. гласови по пошта, последно што прочитав и 30 мил. гласале рано и лично. Но 40% од републиканците ќе гласаат на самиот ден, таква е и традицијата (демократите рано, републканците на самиот ден), ама тоа е приказна. Во Флорида и Северна Каролина, републиканците имаат одлични резултати, но пак, тоа не значи дека ќе победат. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Џо Бајден не е здрав и е длабоко зацапан во деменција. Ова во никој случај не треба да се потценува. Има 78 години, не може да состави сложена реченица и не делува дека е во состојба да биде претседател на САД која е една од најстрестните работи во светот. Прашање е дали воопшто би бил во состојба да го дозарврши првиот мандат,
Затоа тука е опцијата Бајден 2022 да биде повлечен и заменет со Камала Харис. Па наредни 10г, жена да биде на врвот кај светскиот полицаец.
Во ЕУ жените парче прават, па време е и кај Америте :D .
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Затоа тука е опцијата Бајден 2022 да биде повлечен и заменет со Камала Харис. Па наредни 10г, жена да биде на врвот кај светскиот полицаец.
Во ЕУ жените парче прават, па време е и кај Америте :D .
Она парче ќе ја направи само економијата.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Се сеќавам како пред 4 години во среда наутро,во Александар палас беа собрани сите на чало со американскиот амбасадор да прослават за победата на Клинтоница.Шампањци кавијар музика Шекеринска насмеана од уста до уста само се чека СНН да каже и славјето да почне........кога молк.....неверица....катастрофа......ГОСПОДИН ТРАМП тепа ...ги гази....а сите македонски непријатели собрани во Александар палас...
Му благодарам на Господин Трамп за тој момент на радост.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
356
Поени од реакции
237
Трамп ќе тепа е сеа дали ќе плачат овие новинарите од цнн тоа незнам.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Сакаш да кажиш дека 20 дена после избори нема да се знае победникот? :pos:
Нема да биде објавен победникот 10-тина дена минимум после изборниот ден на 3 Ноември.
Долго време ќе се бројат гласовите од неколкуте сојузни држави кои ги споменав во мој претходен коментар. Сега веќе има преку 85 милиони гласови од предвременото гласање, и ќе има преку 100 милиони предвремени гласови до Вторник и изборниот ден во САД.

Очекувам благо водство на Трамп врз основа на само гласовите од изборниот ден од 3 Ноември не повисоко од 15%, и потоа на изброените гласови од изборниот ден ќе се придодаваат оние гласови кои ќе бидат изброени од предвременото гласање по пошта и мејл ( тие гласови се запечатени и ќе се чепкаат и бројат кога ќе заврши гласањето од изборниот ден 3 Ноември), Флорида, Аризона веднаш уште вечерта на 3 Ноември ќе почнат со процесот на броење на предвремените гласови, но неколку други клучни држави ќе бројат 10-тина денови.

Во меѓувреме веднаш после 3 Ноември за очекување е да има низ одредени градови низ САД протести со цел да се изврши притисок околу резултатите од предвремените гласови кои подоцна се бројат и објавуваат.
Автоматски споено мислење:

Се сеќавам како пред 4 години во среда наутро,во Александар палас беа собрани сите на чало со американскиот амбасадор да прослават за победата на Клинтоница.Шампањци кавијар музика Шекеринска насмеана од уста до уста само се чека СНН да каже и славјето да почне........кога молк.....неверица....катастрофа......ГОСПОДИН ТРАМП тепа ...ги гази....а сите македонски непријатели собрани во Александар палас...
Му благодарам на Господин Трамп за тој момент на радост.


И ти ли беше присутен таму пред 4 години тоа утро? :(
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129

Досега повеќе од 92 милиони предвремени гласови, што по пошта што преку директно гласање на избирачки места.


Од Њујорк Тајмс напишале убаво во детали околу распоредот на броење на гласови од изборниот ден и од оние предвремените гласови од предвремено гласање по пошта и директно предремено гласање. Убаво си пишува која сојузна држава колку брзо ќе ги изброи и објави и гласовите од предвремено гласање.



Еве моја прогноза за распоред на електоратите. Ставајте и вие ваши прогнози.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ајова сина? Гледам дека Блумберг истура пари таму, а и Хајден прави паркинг митинзи, ама нема да биде сина. :D

Еве и јас, нека биде смешно.
Screenshot_20201101_123408_com.android.chrome.jpg
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Твојата прогноза е драматична, и со одлука на судиите под контрола на Републиканците Трамп би победил.


Интересно видео од говор на Трамп во кампања за овие избори, се искинав од смеење. За некои работи е во право Трамп во видеото, сепак претерува околу укинување на зелена лотарија, во прашање се само 55.000 визи на годишно ниво, го разбирам кога е за ѕид кон границата со Мексико бидејќи оттаму доаѓаат милиони мигранти а меѓу нив и голем број криминалци. 55.000 легални мигранти преку зелена лотарија е само мала капка во огромниот Американски океан од мигранти, плус тие 55.000 мигранти лесно можат во амбасадите на САД да се безбедносно проверат и проценат дали се ризик за националната сигурност на САД.

Лицемерно од Трамп, жена му преку мигрантски програми е доселена од Словенија во САД, подоцна Меланија Трамп повлече и нејзини роднини од Словенија се преселија во САД, исто имало и послуга од слуги и батлери во куќите на Трамп тие услужниот персонал дошле како 1 колено преку миграција во САД. Лицемерно и дволично од Трамп, тој е против дури и легалната миграција од зелена лотарија, а околу него еден куп луѓе дошле преку легални мигрантски програми во последните 20 години во САД.

И да биде реизбран, самиот Трамп не може да ја укине зелената лотарија за тоа му се потребни Конгресот и Сенатот, но Трамп ќе ја кочи миграцијата на секој достапен начин. Моментално БАН за влез во САД трае до крај на годинава и е стопирана процедура за визи за во САД ширум амбасадите на САД во цел свет, ако Трамп освои нов мандат извесно е дека ќе го продолжи БАН за влез во САД.

ПС: не знам кој им е филмот на Србија и Србите. Се виде дека крајната цел и на Трамп и неговата администрација е признавање на Косово, џабе Србите мислат дека само Бајден и Демократите се за Албанската кауза, првичниот понуден договор од Трамп и Гренел беше за признавање на Косово од страна на Србија, и да победи Трамп тој ќе настојува во вториот мандат тоа да се случи.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
При резултат 269-269 Трамп ќе биде во предност, и ќе добие втор мандат.
Точно, ама не оди преку Врховниот суд.
Плус и при 269-269 може еден електор да гласа за било кој кандидат. :D
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Точно, ама не оди преку Врховниот суд.
Плус и при 269-269 може еден електор да гласа за било кој кандидат. :D

Знам имало случаи кога електоратите се правеле мангупи и кога после завршени избори ќе се состанувал Електорскиот Колеџ одредени електорати го давале гласот спротивно на волјата на гласачите.

269-269 тогаш 50 сојузни држави ќе делегираат делегат за одлучување при нерешено. Во 26 држави контрола имаат Републиканците, а во 23 Демократите и во една е поделена ( Пенсилванија). Предност за Трамп во ваква ситуација.
Но ова може да се смени со новиот распоред на сили, и да биде 25-25 во Јануари.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom