Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 август 2020
Мислења
25
Поени од реакции
35
За Македонија сепак е подобро да биде Трамп. Бајден сигурно нема да и помогне со ништо на Македонија освен што ќе и одмогне со помагање на Приштина и Тирана во нивните големо-албански идеи.
 
M

Macedon1um

Гостин
Хехе, дури и да изгуби Доналд Трамп во сојузната американска држава Тексас на 3 ноември 2020, тешко дека таа држава ќе стане сина до 2030 година.

За почеток бидејќи примаат домашни мигранти, но со тотално поинакви политички позадини во споредба со странските имигранти.

Политичките бегалци на Калифорнија

Тексас бара ѕид и за Калифорнија

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас
Доста луѓе бизнисмени избегаа од Калифорнија ради тоа што има повисоки даноци, а квалитетот на живот се намалува (криминал, бездомници, дрога, скапи недвижнини итн). Главни дестинации Невада или Тексас, дури и Елон Маск имаше најави дека ќе го премести главното седиште на Тесла на друго место

Е кои турбуленции им ги направи во надворешната политика ?

На блискиот исток ја продолжи традиционалната американска поддршка за Израел и за Саудиска Арабија, на Балканот ја продолжува поддршката за американското Манџуко на Балканот наречено Косово, во Европа ја продолжува воената игранка на НАТО и 30 (ТРИЕСЕТ) години после распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт, се на се` нема никакви промени во американската надворешна политика за време на владата на Доналд Трамп.
Па за почеток се повлече од Сирија, не баш скроз ама доволно за да не го сруши комплетно Асад и Сирија таму. Саудијците исто така не ги обожава многу и не им помогна во лудачките авантури во Јемен, што више и јавно кажа дека ги сака само заради парите што ги даваат на Американската воена индустрија :)
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.335
Поени од реакции
38.432
За Македонија сепак е подобро да биде Трамп. Бајден сигурно нема да и помогне со ништо на Македонија освен што ќе и одмогне со помагање на Приштина и Тирана во нивните големо-албански идеи.
Портокаловиот ептен помогна. Во негов мандат се исподесија најголемите предавства во Македонија какви не памтиме за време од турско.
 
Член од
27 август 2020
Мислења
25
Поени од реакции
35
Портокаловиот ептен помогна. Во негов мандат се исподесија најголемите предавства во Македонија какви не памтиме за време од турско.
Тоа е затоа што од внатре се случија сите предавства од тие кои требаше да ја бранат Македонија. Кога имаш некој кој сака да си ја уништи земјата во случајов тоа е Заев не можеш да очекуваш дека Трамп ќе ја спасува Македонија. Прво треба дома ние да имаме раководство кое ќе си ја штити земјата за да не мораме да очекуваме помош од Америка. Во моментов Македонија такво раководство нема и затоа барем нека биде Трамп бидејќи не се замара со нас, а Бајден и те како ќе се занимава со Балканов ако ја има можноста да биде претседател.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.897
Поени од реакции
12.257
Па за почеток се повлече од Сирија, не баш скроз ама доволно за да не го сруши комплетно Асад и Сирија таму. Саудијците исто така не ги обожава многу и не им помогна во лудачките авантури во Јемен, што више и јавно кажа дека ги сака само заради парите што ги даваат на Американската воена индустрија :)
Продажба на оружје и муниција во вредност од над 300 (ТРИСТОТИНИ) милијарди долари на најголемиот агресор на Арабискиот Полуостров е најблиску до соучесништво што САД го имаат со Саудиска Арабија. Слободно нека велат дека е најобичен бизнис, во пракса е директно помагање на саудиските злосторници.
 
M

Macedon1um

Гостин
Е кои турбуленции им ги направи во надворешната политика ?

На блискиот исток ја продолжи традиционалната американска поддршка за Израел и за Саудиска Арабија, на Балканот ја продолжува поддршката за американското Манџуко на Балканот наречено Косово, во Европа ја продолжува воената игранка на НАТО и 30 (ТРИЕСЕТ) години после распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт, се на се` нема никакви промени во американската надворешна политика за време на владата на Доналд Трамп.
Арабија им е златна кокошка не очекувај дека Американците ќе ја заколат, ипак сме капиталистички свет каде што парите се важни Перфектен претседател нема така и он, ама да победеше 2016 Хилари денеска Сирија ќе беше разорена а Асад ќе завршеше како Гадафи во Либија - додај тука и дека мигрантскиов бран кон Европа ќе беше мнооогу поголем отколку што е сега. Да не се Израелските интереси во регионот контра Иран, сигурно и војската веќе скроз ќе надвор од Ирак
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Вчера читав една пекара во ХетбороуПенсилванија низ историјата е најдобар индикатор за тоа кој ќе победи на наредните избори.Таа прави плави и црвени колачи и секогаш низ историјата кој колачи биле повеќе продавани тој кандидат победувал.За овие избори три пати повеќе продала црвени колачи.
Дали оваа пекара е подобар прогнозер од сите американски истраувачки агенции за јавно мислење?
Можеби имат некој поглавица кој не промашил досега,зошто сиве овие агенции се малку ќе се сложите со разнишана доверба по толкуте "грешки" во прогнозите.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.046
Поени од реакции
30.035
Хехе, дури и да изгуби Доналд Трамп во сојузната американска држава Тексас на 3 ноември 2020, тешко дека таа држава ќе стане сина до 2030 година.

За почеток бидејќи примаат домашни мигранти, но со тотално поинакви политички позадини во споредба со странските имигранти.

Политичките бегалци на Калифорнија

Тексас бара ѕид и за Калифорнија

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас
Pricinata poradi koja site prognoziraat deka Teksas ke stane sina e zatoa sto silikonska dolina se seli vo teksas a toa znaci povlekuva i iljadnici luge so niv, i sekako migrantite koi imaat tendencija da glasat sino.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ким Кардашиан се сели во Тексас!? Она е "силиконската долина" нели?

Тексас ќе биде син, прво затоа што градовите се сини и таа разлика од година во година се зголемува. Второ, синиот ѕид во јужен Тексас е населен со хиспаноси кои гласаат за демократите и трето премногу мигранти се населуваат од година во година. Разликата од избори до избори се топи, затоа се прогнозира дека ќе стане син. На оние избори нема голема излезност на хиспаносите во Тексас (околу 50% беше, слично како и на претходните).
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
999
Поени од реакции
3.989
Трамп победува 100% :cool: ..и тоа со помалце гласови од Бајден за екстра butthurt кај демократите.

Кој сака кладба во 5 големи милки? :D

Исто, има ли во некоја кладилница можност за уплаќање?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.495
Поени од реакции
41.972
Не верувам дека Тексас ќе го направат елџибити, се знае Тексас за кого гласа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Бето собра многу повеќе пари од Круз, а сега рекордот е срушен во кампањата против Грем. Тие се лицето на Републиканската партија, Трамп е само миновна појава, може ќе биде тука уште 4 години, а можеби и не, и потоа ќе се врати на бизнисот.

Овие од друга страна се политичари каде едни неуспешни избори значат крај на нивните кариери. Елитата од Холивуд истура исто тон пари во Флорида. Ќе беше многу подобро тие пари да им ги дадеа на црнците каде цело време цмиздрат дека биле дискриминирани (мислам на Барбара Страјсенд и онаа чурката која има нокти еден метар, како и да се вика)! Дно од луѓе. Можеш да бидеш политички активен, но биди фер. ПиСи за нив не важи. Можат да кажат што сакаат против симпатизерите на Трамп (гневни, лоши, расисти...), ама ако се каже нешто против Били Ејлиш (искрено не знам ни оваа која е, знам дека ми личи на дрогирана), тогаш сите ти рипаат! Двојни стандарди има на сите страни.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594

Републиканците свесно си свртија подесно и накај фејк њуз со рептили и цицање на крв од бебиња за да берат гласови во конзервативните мормонски средини. Така што нема плакање кој кому плукал. Нормално истото важи и за кокетирањата на демократите со крајно левите организации, но тука само за нивните ,,финти" се дискутира па ќе ги одминам.
Воглавно се работи за политичка борба до најситни детали и кој и да победи битно е да се испочитува волјата на граѓаните и тоа е тоа.
 
Дали просечниот Амер може јавно да каже дека би гласал за Трамп во сините или во оние држави каде може да победи било која страна, без да добие серија навреди и закани? Да или не. :)

Сѐ се сведува на просечниот граѓанин, средната класа. Политичарите си имаат лоби групи и од таму црпат пари. Во овој момент поддржувачите на Трамп се на удар. Парите ги земав како пример со цел да укажам на тоа дека и оние кои го носат знамето на Републиканската партија се соочуваат со напади од скоро сите јавни личности од Холивуд.
 
Секако дека може да каже дека е за Трамп, барем ти пратиш детално сега немој со вакви финти. Не е Тунгузија во прашање или па средновековна царштина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom