Овие 2 дена се зачитав што е работата со критиките на Маск кон овој премиерот. Илјадници девојчиња организирано биле групно силувани од муслимански банди(пакиатанци). Само во Ротерхам бројката е над 1 400 во периодот од 1997ма до 2013та . Полицијата по наредба на политичарите се тоа прикривала, дури и жртвите и фамилиите добивале притисок од полицијата. Ова траело со години и низ цела Британија. Доста ситуации и кога завршиле убиени дечињата и се било со некоја ситна казна. Се во знак на мулти култи.
Откако беше ептен јавно деновиве се бараше национална истрага за целата ситуација и истрага за полицијата и политичарите. Штармер се закани на неговите ќе ги исклучи од партијата ако гласаат и непомина во нивниот парламент. Бројките се страшни, се движат од неколку илјади до некој црни сценарија од стотици илјади дечиња силувани од муслиманските орди и се тоа скриено од државниот апарат.
Патем строго биле таргетирани немуслимански бели дечиња.
Ова е барем деценија старо. Искачаа работите во јавност, се игнорираа и се заташкуваа... Е сега на некој во САД му одговара да се расталасаат работите, па се дигна малку прашина. Ако е до Британците се ќе си тера по старо. Се држи мнозинството во страв и под контрола.
...
Еве и уште еден скандал кој исто така датира од крајот на 1990-те до средината на 2010-те години:
Повеќе од 900 раководители и администратори на Британската Пошта беа уапсени, обвинети за финансиски проневери, осудени и затворени за криминал кој воопшто не се случил.
Раководителите и администраторите јасно потенцирале уште во 1999 година кога новиот софтвер Horizon од Фуџитсу почнал да се користи во експозитурите на Британската Пошта, дека софтверот е неисправен и враќа неточни податоци.
Но Британската Пошта ги негирала ваквите тврдења на стотици раководители и администратори, па водејќи се според неточните податоци кои софтверот ги давал, а според кој недостигаат финансиски средства во експозитурите - кои во пракса никогаш не недостигале - поднела тужби против илјадници раководители и администратори поради финансиска проневера, од кои над 900 биле осудени на затворски казни, а огромен дел од останатите неправедно обвинети прифатиле да ги надоместат непостоечките загуби на Британската Пошта од свои средства за да спасат жива глава од затвор или со помали затворски казни. Некои починале во затвор, некои починале од рак и други болести за кои не можеле да си платат терапија бидејќи банкротирале обештетувајќи ја Британската Пошта за штета која воопшто не постоела.
Во мај 2024 Британскиот Парламент изгласа закон со кој ги поништи судските пресуди против осудените раководители и администратори, нудејќи им финансиска компензација за годините поминати во затвор и за агониите поминати во општеството како осуденици за непостоечки криминални дела.
Ако некој верува дека постои правна држава во Велика Британија, очигледно не погледнал подалеку од носот.