Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.137
- Поени од реакции
- 26.960
По 13 годишното политичко владеење на Лабуристичката партија, која беше прво предводена од Тони Блер, а потоа и од Гордон Браун, во 2010 години, на чело на Британија, дојде Конзервативната партија која сеуште има апсолутно мнозинство во Долниот дом. На чело со Борис Џонсон, Конзервативната партија, на последните парламентарни избори освои 365 наспроти 202 места на Лабуристичката партија предводена од Џереми Корбин.
Политичката епопеја на Конзервативната партија, тогаш предводена од Дејвид Камерон, започнува со референдумот за Брегзит, каде Британците со 52-48% се изјаснуваат дека сакаат да ја напуштат Европската унија. Камерон, кој ја застапуваше страната Британија да остане во европското семејство, по резултатите од референдумот, иако сеуште имаше мнозинство во Долниот дом, поднесе оставка.
Товарот за политичките преговори со ЕУ за постигнување сеопфатен договор, кој ќе ги задоволи политичките апетити и афинитети, за повлекување на Британија од ЕУ падна со рацете на Тереза Меј, која дојде на власт по оставката на Дејвид Камерон. По Маргарет Тачер, таа стана втората жена премиерка на Британија и лидер на Конзервативната партија, и за разлика од првата, нејзиното политичко владееше беше кратко и полно со политички неуспеси. По само 3 години на фукцијата, откако 3 пати не успеа да го протне Договорот со ЕУ во Долниот дом, при мнозинство на Конзервативната партија, Тереза Меј поднесе оставка.
По Тереза Меј, на премиерската столица седна Борис Џонсон. Доста пргав и неконвенционален политичар, кој успеа да ја обедини Конзервативната партија, да воспостави политичка доминација каква што немале од времето на Тачер и да се постави како лидер кој го немале од времето на Тачер. По изборите, со тенко мнозинство успеа да го протне Договорот за излез на Британија од ЕУ што беше првата негова голема политичка победа.
Втората негова победа, спроед анкетите, беше проследена при Ковид пандемијата, околу 80% од Британците беа имунизирани со Ковид вакцината, беа првата држава која се ослободи од сите Ковид мерки, потоа ги вратија и повторно се ословидија од истите. Самата вакцина не стави крај на пандемијата, а Ковид мерките не поминаа популарно кај британските гласачи. Црешата на шлагот беше забавата на Џонсон, со која се кршеа забраните за собирање и групирање, за која подоцна јавно се извини.
На глобален план, големиот политички неуспех беше проследен по претседателските избори во САД во 2020 година, каде Борис очекување договори за економска соработка меѓу УК и САД вредна милијарди долари. Истите требаа да ги амортизираат економските загуби по Британската економија по излегувањето од ЕУ.
Потоа зазема активна политичка улога во војната во Украина, застана зад Зеленски, каде еднаш ја посети Украина и истата ја снабдува со оружје. Истите не го подигнаа неговиот политички рејтинг и зачестија барањата за оставка и од пратениците на Конзервативната партија.
Потоа изби аферата за Крис Панчер, за наводните сексуални вознемирување, каде наводно Џонсон не бил запознаен со тоа! По краток период, поднесе оставка.
Една од низата политички неуспеси е стапката на инфлација која е околу 9%. Самата Влада на Џонсон трпи критики за справувањето со имиграциската криза која крши негативни рекорди. Покрај тоа, ги зголеми и даноците! Британската економија е многу далеку од крах, но значително е ослабена поради политиките на Џонсон.
Во овој момент, Џонсон е во оставка и ќе остане на функцијата премиер и лидер на Конзервативната партија се додека не биде избран нов лидер на неговата партија кој подоцна ќе стане и премиер. Најсериозните кандидати за негови наследници на функцијата воопшто и немаат конзервативни ставови и дел се залагаа Британија да остане во ЕУ! Можен е нов пресврт во британската политика.
Покрај имиграцијата, инфлацијата, даноците, Шкотската Национална партија, која победи на изборите во Шкотска и има мнозинство во шкотскиот парламент, активно се залага за независност на Шкотска. Повеќе од веројатно е, во наредниве години, посебно по смртта на Елизабета II, да проследиме уште еден референдум за независност на Шкотска.
Друг проблем е евентуалната смрт на Елизабета II која седи на тронот повеќе од 6 децении! Покрај статусот на Шкотска, се отвора и прашањето за односот на Австралија и Канада кон новата англиска круна, па и дел од териториите кои можеби ќе сакаат поголема автономија и независност.
Оваа тема ќе биде Генерална за политичките случувања во Обединетото Кралство. За настаните поврзани со Брегзит, дебатата ќе продолжи на веќе постоечката тема.
Пријатни дебати!