Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
ДПНЕ одбијат на наредни избори пак ќе паднат
многу сериозно мислам ќе имаме предвремени избори во рок од две години .
Голем притисок е врз Вмро .
Прво судски процеси, второ Бугарија/Грција,трето економијата,четврто внатрешно политиката .
Локалните избори што следуваат ќе бидат добра оценка како ќе стои Вмро пост 8 мај .
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.992
Поени од реакции
5.850
Не знам како е на попис и да не се добие впечаток дека бранам преспански кога и самиот гласав против, мене на визата ми пишува кај државјанство МКД. Какви импликации има тоа што во пасош е надополнето со коса црта и додавка, не знам.
Прашај некој што има државјанство односно пасош од некоја членка на ЕУ дали таму може на попис да се изјасни како македонец како етничко малцинство.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.054
Поени од реакции
11.198
Кога ќе ми текне бугарашот Љубчо пред неколку месеци го обвинуваше Мицко дека не знаел да води голема политика, велеше дека Мицко имал шанса со давањето пратеници за фашистичкиот предлог од неговата мајка блгарија да издејствува ослободување на затворените од 27 Април бидејќи на следните избори голема била веројатноста да не формира влада Мицко :lolzz:

Мицко си чекаше трпеливо, сега ем ќе ги ослободи уставобранителите, ем го заузда УЧК, ем ќе лови комуњари ко џукели!

 

ausländer

Left the building
Член од
4 мај 2024
Мислења
367
Поени од реакции
460
Прашај некој што има државјанство односно пасош од некоја членка на ЕУ дали таму може на попис да се изјасни како македонец како етничко малцинство.
Веројатно може, сеа скоро имаше попис во Германија, да не можело сигурно некој ќе сликнеше и споделеше по групите. На базата податоци на ЦИА исто стои чисто македонско. Ја тука кога пополнувам документи пишувам македонско и никогаш не сум имал прашања и проблем. Сепак дилемата е дали таа коса црта и додавка има некакви импликации и дали освен во пасошот се применува на други места.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.401
Поени од реакции
9.011
Кога ќе ми текне бугарашот Љубчо пред неколку месеци го обвинуваше Мицко дека не знаел да води голема политика, велеше дека Мицко имал шанса со давањето пратеници за фашистичкиот предлог од неговата мајка блгарија да издејствува ослободување на затворените од 27 Април бидејќи на следните избори голема била веројатноста да не формира влада Мицко :lolzz:

Мицко си чекаше трпеливо, сега ем ќе ги ослободи уставобранителите, ем го заузда УЧК, ем ќе лови комуњари ко џукели!

Многу ми разбира тој:

1715637094651.png
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
559
Поени од реакции
1.093
Kakva mokj Imaat mediumite povrzani se od isti finansieri, od sekade vo 2 dena te bombardirat poradi zborot severna... kakva propaganda na perenje mozoci.... najloso e politika mediumi, birokratija na binarni i gejovi od sekade korumpirana.. eve plakam radiodifuzna taksa a nemam ni televizor ti e"am i ORF.. .. tolku negativno nesto od ovie figuri da se ispovrakas.... poradi edno zborce kraj na svetot....
 
Член од
22 април 2020
Мислења
31
Поени од реакции
104
Овие што јадат трици сега дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да трае многу на власт, дека ќе окуреле се и дека ни една година не ќе траела власта и ќе падне владата и така натаму глупости. Се истите оние, кои до пред 24 април велеа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби, тесно ќе победел ама нема да направи влада, па криза ќе имало...

Другари, заврши вашето самобендисано време. Земете си куфер еден и внатре ставете си ја ароганцијата, непотизмот, криминалот, швалерајот и гнасниот ви извалкан образ и марш во Идризово
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Овие што јадат трици сега дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да трае многу на власт, дека ќе окуреле се и дека ни една година не ќе траела власта и ќе падне владата и така натаму глупости. Се истите оние, кои до пред 24 април велеа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби, тесно ќе победел ама нема да направи влада, па криза ќе имало...

Другари, заврши вашето самобендисано време. Земете си куфер еден и внатре ставете си ја ароганцијата, непотизмот, криминалот, швалерајот и гнасниот ви извалкан образ и марш во Идризово
Нема честитка од Русија и Кина!
Се зауздаа слепо Сиљановска и Мицко кон америчката јазбина! Србија си рока на балканот!
Вмроидите повеќе се насочени кон вработувања и тендери! Локалните вмроиди во малите места веќе се гледаат како нови локални шерифи!
Ова вмроидите се чудна раса, навиваат за Русија а гласаат за американците!
Користољупци и лажни патриоти!
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.767
Поени од реакции
5.703
Многу ми разбира тој:

Прегледај го приврзокот 416853
unfurl="true"]https://www.youtube.com/watch?v=KMzCps7xXEU
Поголеми примитивци од бугарски водители и новинари нема, отсекогаш ми било жал што нема повеќе бугарски канали на тв, па и постарите лица да го видат тој саљачизам што младите го гледаат на јутуб.
БТВ предничи каде што благонадежниот неодамна беше гостин и се изнајаде @#@#@
Љубчо Георгиевски последниот проект на коминтерната.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.179
Поени од реакции
16.311
Dali mislite, ocekuvate deka novata vladeacka garnitura ke go revidira dogovorot od Prespa, ama nekako i Pretsedatelkata da se vmetni posto taa prva navodno potegna noga.
I vidlivo da bidi koj za sto glasal :sneaky:
има од грчка страна многу галамење од разни шушумиговци на интернет, за ревизија, наместо ова име да биде само Вардарска, без зборот Македонија, но се е тоа лук и магла... а дали беше подобро наместо Северна Македонија да биде Вардарска Македонија, беше, ама Зоки превара не прифати , не знам зошто. Но можеби е добро Северна Македонија бидејќи НЕ МОЖЕ да измислуваат КРАТЕНКА сасмо СЕВЕРНА, а да е ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА набргу грците ќе избришат вториот збор, барем во секојдневна неофициална употреба..
Но во неофициална употреба межу народот во Грција уште долго или стално ќе остане и ФИРОМ и Вардарска и Скопје....
НО затоа не може ни они да паламудат ако приватни лица навиваат со знаменце од Кутлеш или навивачите навиваат Македонија...
АКО продолжат до некој рок само со сообраќајни табли Скопје и ФИРОМ, може и кај нас да се симнат тие со Грција, Хеленик републик и да си има само АТИНА
Па и од Грција кон Турција НЕМА НИКАКОВ НАТПИС ТУРЦИЈА, барем јас кога возев пред 26 години немаше, само табли со картата на Кипар и на нејзе крв
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
39.831
B48D8C20-2D87-4849-A576-C3AB3A9F7DE8.jpeg

Види ги бе гнасиве какви работи измислуваат. Само дигаат некои непотребни тензии и после вмро ќе им биде криво. Намерно го прават ова, сакаат да издејствуваат некаква реакција од Македонците и Грците за пак да се почне со вакви работи. Намерно буцкаат и провоцираат, а демек они биле тие загрижените за мирот.

Абе има ли нешто помизерно и погнасно од комуњар?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.140
Поени од реакции
30.257
Прегледај го приврзокот 416866

Види ги бе гнасиве какви работи измислуваат. Само дигаат некои непотребни тензии и после вмро ќе им биде криво. Намерно го прават ова, сакаат да издејствуваат некаква реакција од Македонците и Грците за пак да се почне со вакви работи. Намерно буцкаат и провоцираат, а демек они биле тие загрижените за мирот.

Абе има ли нешто помизерно и погнасно од комуњар?
Не, мислам дека овие и веќе мајтап си играат со комуњарата
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
Пред неколку години бев во дискусија со еден куртон на форумов (@lazar31) околу референдумов. И он беше на исто мислење, дека сме требале да излеземе да гласаме против "северна". Едно 5 пати му го поставив истово прашање, на кое што не добив одговор (нешто слично како сега со @ultras1988 со прашањето за Македонската платформа на Левица).

Прашањето беше:
Зошто резултатите од овој референдум ги земаа за важечки, а на тој во 2004та за територијалната поделба за неважечки? И во 2та случаи референдумите беа неуспешни бидејќи не се исполни цензусот, а од тие што излегоа да гласаат 95% проценти гласаа "ЗА". Но само во случајот со референдумот од 2018та, резултатите ги толкуваа како "видливо мнозинство гласало" и го признаа резултатот од референдумот иако не смееја.

(во случај да имаш коментар за излезноста, во 2004та имало 26,58% излезност, во 2018та со огромно полнење кутии стигнаа само до 36,91%, а реални околу 30%, што е пак многу под границата за валиден референдум)

Хм?
Треба најпрво да научиш и да си разјасниш некои основни работи, како на пример:
Член 8 од Законот за референдум: (1) Референдумот се распишува заради одлучување на граѓаните или за консултирање на граѓаните. (2) Одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна. (3) Одлуката донесена на референдум за консултирање не е задолжителна.

После треба да си разјасниш и да ја научиш разликата помеѓу успешен референдум и неуспешен референдум, дека само на успешен референдум се носи одлука за или против, и која одлука е задолжителна ако референдумот е за одлучување а не е задолжителна ако референдумот е за консултирање. А ако референдумот е неуспешен тоа значи дека не се донела никаква одлука, ниту за ниту против, ниту задолжителна ниту консултативна, неуспешен референдум е еднакво како и да не се одржал.

Референдумот во 2004 година беше заради одлучување, но истиот беше неуспешен;
Референдумот во 2018 година беше консултативен, но истиот беше неуспешен;
Значи, и двата референдуми се неуспешни (=како и да не се одржале) и на нив не се донесени никакви одлуки.

Е, на крај само треба да собереш два и два и да сватиш дека законот за територијална организација и договорот од преспа за кои беа распишани референдумите но истите беа неуспешни, се донесени односно прифатени со одлука исклучиво на парламентот (кој за тоа е надлежен и овластен со устав и закон) без да истиот има било каква обврска од референдумска одлука, ниту задолжителна ниту косултативна.

И за крај да си разјасниш дека кај нас референдум постои само теоретски а во пракса успешен референдум е неизводлива работа од едноставни математички причини. Исклучок е само ако по одредено прашање сите партии застанат на иста страна, тогаш и да нема излезност ке избројат како да имало и референдумот ке биде успешен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom