Пред неколку години бев во дискусија со еден куртон на форумов (
@lazar31) околу референдумов. И он беше на исто мислење, дека сме требале да излеземе да гласаме
против "северна". Едно 5 пати му го поставив истово прашање, на кое што не добив одговор (нешто слично како сега со
@ultras1988 со прашањето за Македонската платформа на Левица).
Прашањето беше:
Зошто резултатите од овој референдум ги земаа за важечки, а на тој во 2004та за територијалната поделба за неважечки? И во 2та случаи референдумите беа неуспешни бидејќи не се исполни цензусот, а од тие што излегоа да гласаат 95% проценти гласаа "ЗА". Но само во случајот со референдумот од 2018та, резултатите ги толкуваа како "видливо мнозинство гласало" и го признаа резултатот од референдумот иако не смееја.
(во случај да имаш коментар за излезноста, во 2004та имало 26,58% излезност, во 2018та со огромно полнење кутии стигнаа само до 36,91%, а реални околу 30%, што е пак многу под границата за валиден референдум)
Хм?