Моја проценка за број на пратеници во новиот состав:
Со првиот предлог број има вкупен збир 120, тоа во заградата ми е под знак прашалник во која насока би можело да варира бројката на нечива друга сметка.
Дпмне - 54 (55)
Го имаат моментумот, ќе се изнасоберат гласови ни криви ни должни, плус западот си гледа во Мицко подобро решение да си ги спроведува интересите тука. Би гласале за нив и луѓе што се русофили, тотално игнорирајќи про ЕУ/Нато политиката на Дпмне. Волку неспособно Сдс им е како пенали шутирање.
Сдс - 22 (21)
За жал самите себе си се поразија, сите тие што ги познавав што се залагаа за да дојдат на власт во 2016, сега се тотално разочарани од партијата. Тие места кои им беа ветувани на луѓето што спиеја во шатори пред влада и што деноноќно трчаа за нив, им беа дадени на Дуи, само за да можат да си останат на власт и да си тераат профит нивните главни играчи. Предвидувам пораз од епски размери. Последно закопување на партијата е тоа што во рекламите гледаат да ги оцрнат луѓето што се осудени за 27 април, да не им се даде аболиција, а 95% од етничките Македонци од кои го бараат својот глас се позади тие луѓе и сметаат дека во најмала рака се за погрешно дело осудени.
Дуи - 18 (17)
Можно е сценарио да почнат луѓе да скокаат од бродот кога ќе видат дека истиот тоне и дека се губи поддршка од надвор, па Вреди да профитира од се ова.
Вреди - 11(12)
Бидејќи во неколку града во 6ката + Чаир беа пата пата резултатите, давам можност на +1 пратеник за кој што би се бореле со Дуи (во однос на тоа колку мандати би излегле по партија ако се оди според гласовите од претседателските).
Знам - 10
Тука најголем мит во кој што можеа да веруваат луѓето е дека гласачите на Знам се разочарани Сдс членови, што е така во 30% од случаевите, ама грото тие се луѓе што виделе најпатриотска верзија од понуденото во Максо. Луѓе што си се со Кутлеш слики на профилни, луѓе што се одградени од било која партија (не само Сдс), ќе се зачудите колкав процент има на луѓе од полиција, армија кои гласале за Максо. Третата опција што Апасиев можеше да стане да не им пушташе известување на членовите дека не смеат да веат знаме од Кутлеш во штаб. По ИЕ би било: 3 во кецот, 3 во двојката, 2 во двојката, по 1 во 4ка и 5ка, без пратеник во 6ка.
Левица - 5(6)
Според мене би оделе 2 од кецот, 1 од двојката, 1 од тројката, 1 од четворката, 5ката ми е многу под знак прашалник поради дејствувањата на носителката во минатото, 6ката нема да има пратеник