- Член од
- 24 април 2024
- Мислења
- 469
- Поени од реакции
- 888
Левица со повик до македонските партии: Ајде да потпишеме Македонска платформа и да ги запреме уцените од необалистичките партии - МКД.МК
Платформата содржи 5 точки: 1. УНИТАРНОСТ – надминување на федералниот, консоцијациски бинационален модел на држава и напуштање на заостанатиот апартхејд-модел за гетоизација на етничките заедници и националните малцинства; 2. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ – oрганизирање на Република...
mkd.mk
Платформата содржи 5 точки:
1. УНИТАРНОСТ – надминување на федералниот, консоцијациски бинационален модел на држава и напуштање на заостанатиот апартхејд-модел за гетоизација на етничките заедници и националните малцинства;
2. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ – oрганизирање на Република Македонија во една изборна единица и забрана на монолитни и чисто етнички партии;
3. ИДЕНТИТЕТ – распуштање на т.н. историски комисии за ревидирање на македонската антифашистичка историја и одлучно „не“ за внесувањето на Бугарите во Уставот;
4. СЕКУЛАРНОСТ – строго одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и јавните институции и нивно одданочување;
5. ДРЖАВНИ ИНСТИГНИИ – строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации, соопшти Левица.