Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.970
- Поени од реакции
- 5.590
Ниту за Курдите некој се потресува. Никој од нив нема зуцнато за голготата на Курдите.За Палестина масовно се паѓа во несвест, не за Израел. Никој не се потресе за Ерменците, никој не се потресе за Јеменците, никој не се потресе за Ујгурите. Ги нема арапите и ЛГБТКЈУ да се потресуваат ни на несреќите на муслиманите, а камо ли на некој друг.
Ама кога се работи за Палестина сите се на нозе, од арапи до крајна левица. Се прашувам зошто.
Абе сега ајде консталацијата на Украина и Либија е различна. Украина не е составена од племиња како Либија.Ама остај сега племиња, неплемиња. И во Белорусија а и предходно во Украина најголем дел од провокаторите беа племиња од Литванија, Летонија, Полска, Естонија, Романија, Грузија, Израел ..
Фати разлистај ја темата да видиш колку " Украинци " што појма немаат ни руски ни украински се фалеа со селфиња и сториња што праеа на Мајдан.
Не треба никаков печат. Делата а особено нарацијата со која се води некој муабет одма покажува кој што е. Ако си ја имаш мувата на капата, немам коментар.
Исто и за последниот пасус немам коментар. Вие си знаете што правите.
Точно да, имаше мнооогу платеници и на Мајдан кои за пари креваа излезеност и немири (исто како кај нас што имавме гости од Бугарија и Србија за време на шарената), но домицилното население на Украина беше носителот на протестите.
Вие си знаете што правите, ок. Ама ти пиша за да не пцуеш си ставал реакции, така да затоа ти реплицирав за тоа. Ако не се согласува некој со тебе, и ако има различно мислење, не треба да го пцуеш, и не сфаќам која е потребата на тоа. Кажав и претходно, тоа што имаме различни погледи, не значи дека вие сте предавници а јас патриот и обратно, не значи дека вие ја сакате повеќе татковинава од мене и обратно, едноставно различно ги гледаме работите и не мора да се сфаќа лично. Мислам, секој од нас има разум, и тоа е тоа што не дели од останатите видови кои живеат на планетава, и не знам кој ви е поривот ако размислува некој различно од вас да ви иди да го пцуете.