Ваква политика не е толку тешка за разбирање. Сите можат да разберат порака на толерантност во споредба со IT.
Ова е суштината поради која ја отворив оваа тема, спортот не треба да се политизира.
Say no to rasism е парола, да клечиш како некоја расистичка организација (БЛМ) е политичка пропаганда. Дури и скоро сите се обединија кон критиките за Барнли кога над нивниот стадион прелета банер: White lives matter Burnley! Зошто? Нели и тоа е порака за обединување? Федерацијата го загуби компасот, па и капитенските ленти се со боите на виножитото. Зошто капитенот да мора да ја носи, ако се коси со неговите идеолошки или религиски погледи? Зошто другата страна не ја почитува волјата на таа индивидуа, а таков случај мислам дека имаше со еден фудбалер од Хрватска (да не гуглав, битни ми се поентите)! Сака обична, бела, лента и крај!
Зошто на мажите им се дозволува да се натпреваруваат во женските дисциплини, од пливачи до тркачи. Флорида воведе забрана со цел, да ги заштити спортистките, се надевам дека тоа ќе стане сликата на федерализмот. И тука се политизира! Мажите кои мислат дека се жени треба да се натпреваруваат со другите мажи. Крај на приказната!
И да, тебе можеби не те интересираат настаните пред 200 години, мене може ме интересираат, па дали треба спортистите од Шпанија, Англија, Холандија, поединечно, да се извинуваат за секое ѕверство направено, од нивните држави, ширум истпријата? Зошто и на мене да не ми се удоволи, а само тебе!? Или поново, дали треба секој спортист да се извини и огради од воените злосторства на Џо! Не! Дел не се ни интересираат, а дел не ни играат, па ни живеат во државата која ја претставуваат. Ги врзува некоја ефективна врска, како раѓањето, и тоа е сѐ!
На политиката не и е местото на спортските терени. Истата е меч со две острици и секогаш ќе постои страна на која нема да и се допаѓа таа конкретна идеолошка матрица која се форсира од конкретен играч или од самиот клуб. Секој PR ќе ти каже или да се воздржуваш од коментари или да ја удоволиш радикалната гневна толпа.
И да, зошто нема ниту една санкција кон Кина или арапските држави? Нула. Кинескиот режим е еден од најрепресивните, па ете, нема политички пароли против Кина, нема негативна пропаганда против Кина, нема политичко-културен притисок против Кина! И да има, тој не припага на спортските терени. Но Кина ја има расистичката карта во своите раце!
И последно, најсрамно е кога еден спортист клечи на сопствената химна. Секундарно треба да биде суспендиран. Нема што повеќе да ги брани националните бои.