Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Како дел од санкциите кон Русија, при инвазијата на Украина, беа опфатени и спортисти кои доаѓаат од оваа федерација. Имено, фудбалската репрезентација на Русија беше елиминирана, од страна на ФИФА, уште за време на квалификациите за светското првенство. Рускиот шахист Сергеј Карјакин доби забрана за учество на турнири 6 месеци од страна на шаховската федерација поради поддршката на својата држава во војната со Украина. Во меѓувреме ФК Челси се соочува со санкции, не може(ше) да исплаќа плати, не може да склучува нови договори со постојните играчи, не може да купува нови играчи! Причината на санкциите е во тоа што сопственик на клубот е Роман Абрамович. Послените вести кои ни доаѓаат од светот на спортот е дека Џонсон забранил учество на тенисери од Русија и Белорусија на Вимблдон!
Пред оваа војна, светот на спортот беше поделен околу едно друго прашање: забраната за учество на невакцинираните тенисери на АО, сем ако не потврдат дека поради здравствени причини не можат да ја примат таа вакцина! Одредени тенисери не добија виза затоа што нивната вакцина, тогаш, не беше признаена во Австралија.
Посебно се издвои приказната за, тогаш, актуелниот шампион и првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ. Новак доби дозвола, ги даде потребните документи, го понижи австралискиот режим пред сопственото судство и властите, на чело со скотот Морисон, ја дерогираа судската одлука и го депортира Новак!
Овие настани ме фрлија во мисла за читнам нешто повеќе за политиката и спортот низ историјата. Првиот обид за бојкот на одредени ОИ се случил во 1936, ОИ во Минхен (Германија) поради нацистичкиот режим и нивните политики. Бојкотот пропаднал, а историјата ги памети сликите од сите германски олимпијци со нацистички поздрав при интонирањето на химната и при доделувањето на медалите, забраната за учество на Евреите под германското знаме и засенувањето на Џеси Овенс со 4-те златни медали пред очите на Хитлер! Една од поинтересните полемики е за односот на Хилтер кој го напуштил доделувањето на медали, едни историчари сметаат дека тоа била негова пракса и ретко останувал до самиот крај, а други сметаат дека тоа било резултат на револт кон неговите расни политики односно политичките за ариевската раса.
Потоа се селиме во Мелбурн (1956). Овие ОИ ги бојкотираат Шпанија и Швајцарија пораки инвазијата на СССР над Унгарија. Но и Египет, Камбоџа, Либан и Ирак поради окупацијата над Синајскиот полуостров од страна на Израел.
ОИ во Москва ги бојкотираат десетици држави, поради инвазијата на СССР над Авганистан, каде СССР возвраќа со бојкотот на наредните ОИ во САД! Еден од поинтересните настани е и бојкотот на СССР со фудбалскиот натпревар со Чиле поради државниот удар во Чиле кога беше турнат претседателот Салвадор Аљенде, со помош на САД, и на власт доаѓа Пиноче.
Во 70-тите ЈАР има забрана за учество на мундијали поради апартхејдот, а во 90-тите и СРЈ има неколку годишна забрана како учество, така и за одржување на турнири. Тука се издвојува сагата со Боби Фишер, кој учествува на турнирот во Белград, добива налог за апсење од страна на властите во САД и мигрира низ неколку држави во светот, на крајот завршува во Исланд, каде и умира.
Во светот на спортот познати се и приказните за фаворизирање на одредени спортисти на сметка на други, како Карпов во однос на Каспаров во СССР. Па дури и на нашите простори има приказни дека режимот во Србија ја фаворизира Звезда во однос на Партизан!
Дури имали и закони, во САД, за забрана за учество на црнците во некои безбол лиги, па и неповолни закони само колку да го кочат нивниот прогрес!
Оваа тема не е woke, не е за клечењето како расистичките и терористички организации како БЛМ, туку за политиките и одлуките на федерациите, комитетите и самите власти.
И оваа тема не се однесува на културата (книги, ликовна уметност, музика, архитектура, филм...), за кои ќе следува посебна тема.
Дали власта треба да се меша во спортот? Ако да, до кој степен? Дали спортот треба да се политизира? Дали треба да се користи и злоупотребува за пласирање на политичка пропаганда и промовирање на кампањски материјали? Дали спортистите би требало да испраќаат политички пораки? Дали треба да се казнуваат клубовите поради политичките скандираа на публиката? Ако да, зошто?