Полиаморна врска

Дали би стапиле во полиаморна врска?

  • Да

    Гласови: 9 10,8%
  • Не

    Гласови: 59 71,1%
  • Можеби

    Гласови: 15 18,1%

  • Вкупно гласачи
    83

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Нормално дека овие врски се поизводливи за бисексуалци, па дури и хомосексуалци.
Полиаморните врски не се здрав начин на функционирање, иако нездравите сакаат да го претстават како таков.

Хетеросексуалните полиаморни врски се плод на американските пропаднати бракови, во кои сопружниците најчесто не сакаат да се разделат поради материјалната корист, или заради „доброто“ на децата. Па, решаваат да внесат нови „играчи“ во врската и да го задржат бракот. Ретко кој хетеросексуалец стапува во полиаморна врска со „љубов“. Нормално, ова не важи кај хомосексуалците и бисексуалците, затоа што нивната претстава за љубовта станува се поискривена со текот на времето...

Убаво рече Скул. Неможеш да сакаш „безрезервно“ и да бидеш во ваква врска.
Ама можеш дa бидеш нимфо и да мислиш дека сакаш. :)

Колку станува збор за „нормална работа“ може и сами да заклучите од резултатите од анкетата.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104

Нимфоманка = жена (девојка) која повеќе сака секс од мажот (дечкото).

Не ретко се погодува луѓето да имаат различни либида. Ако разликата во либидата е привремена (например после породување кај жените или за време на депресија кај мажите), тогаш со стрпливост, разбирање, попуштање и флексибилност ќе се надминат овие проблеми. Но, ако ова е константно, например мажот сака секс секој ден а на жената и е доста еднаш месечно, тогаш и двајцата партнери се несреќни и исфрустрирани. Според вас, „трпење на сексот“, развод или неверство е поприфатливо решение од полиамор-ство?

Колку станува збор за „нормална работа“ може и сами да заклучите од резултатите од анкетата.
Погрешно ги толкуваш резултатите. Од анкетата се гледа колку од нас би стапиле во полиаморна врска, не колку сметаат дека е нормално. Јас например, гласав за можеби, зошто иднината е неизвесна и само таква ја сакам :)
 
Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Чисти глупости. Не стапувам.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.834
Поени од реакции
23.359
Класичен тип сум јас-ако сум во врска, во врска сум со сите салтанати и „врзувања“. Едноставно така функционирам и не би можела подеднакво да поделам чувства кон две различни личности.

И спротивно: би била навредена ако не сум единствена во нечие срце.

Мојот глас е НЕ.

Веќе сум била во полиаморна врска без да знам, т.е дознав откако заврши, и немав израз на фаца ко цурата на фотографијата на Тореадор него поише оваков

Таа врска се случи пред две години кога мојот партнер беше во врска со уште една девојка(без јас да бидам запознаена со тој факт). Така да од полиаморни врски бегам.Ја искусив и не ми се свиѓаше.Ама ич.:pos2:

Не, сериозно, не би. Премногу сум посесивна за да толерирам уште еден во врската. Ја немам таа толеранција нити таа ширина на погледи.
Али не сметам дека ваквите врски се нешто ново и посебно. Тоа е само отворена форма на нешто што постои у форма на варање и сл. Да се слагам дека на човекот изгледа не му е у природата да биде моногамен, и моногамијата е наметната ствар од општеството (некои ќе речат и лажен морал) но сепак ја одбирам неа пред полиаморна врска.

Начелно се согласувам со колешките мои. Али за се има прв пат. Не знаеш животот до кај ќе те дотера. Така да иако сум против никогаш не викам никогаш. Башка тоа е баш забрането овошје што качува адреналин. Ако сите страни се согласни и на сите им е арно шо па да не.... Али строго ФФМ. Друго машко ми е просто трн у здрава нога.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Лажи, лажи, лажи мее...ти ме лажеш најбоље...лапај, лапај, полиаморно лапај неее, а на форум - ќе лажеме :)...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
НЕ-Мој конечен одговор. hehe:
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Глупости. Не би сакала да сум во таква врска зашто не гледам иднина на такво нешто и неможам да го поделам срцето на две парчиња подеднакво. Не гледам иднина каде иде сето тоа. Немам размислувано за ова и сметам дека и нема.
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Морам да се согласам со ада и Скул. Тоа што јас го доживувам они го преточуваат во зборови (но не и дела).
 
Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Чувствата неможам да ги поделам,неможам да се посветувам на две личности,неможам да ги сакам и двете подеднакво...Кога сакам, сконцентрирана сум само на една личност која го заслужува моето внимание и љубов!

Во спротивно,ако сум јас во љубовен триаголник би се почувствувала бедно.Сакам да сум единствена и сакана затоа мојот глас е не!!!ofofof:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Причекај... и Виктор мислеше дека видел пуно работи, искочи дека бил копиљ...
 
Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
Шо е ова чудо? Да сакаш ем една ем уште една, ама и тие меѓу себе да се сакаат? А?:majmun7:
 
Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Леле по грешка гласав за ДА а сакав да гласам за НЕ!
Неможам такви работи да поднесам!
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Ве читам и искрено признавам дека се чудам на самата себе си, од која планета сум падната. :)
Бидејки јас со задоволство БИ стапила во ваков тип на врска, и што се однесува до мене ви можела да ја одржам. Зошто? Ми треба наплив на емоции, кои истовремено ќе можам да ги поделам на двајца луѓе истовремено. Потреба ми е страст и имагинација без маргини и монотононија. Имено, имам еден услов.Тоа е во врската да нема жена бидејки не би ми било толку ќеиф. Значи јас би со двајца мажи кои секако би прифатила истовремено меѓу нив двајца да има љубов. Лажат машките кога велат дека не би сакале со две жени. Знам јас. :D
А за тоа колку е нормално или не, баш и не ми е грижа. Бидејки сешто нам би ни претставувало задоволство а не рана, би било сосема во ред.
Совет до ограничените...
Безграничната среќа понекогаш може да ја пронајдете и во либералноста. Тоа е нешто бесценето. Поздрав.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Никогаш не би стапил во вакво нешто. :D Премногу сум себичен. :oops:
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ве читам и искрено признавам дека се чудам на самата себе си, од која планета сум падната. :)
Бидејки јас со задоволство БИ стапила во ваков тип на врска, и што се однесува до мене ви можела да ја одржам. Зошто? Ми треба наплив на емоции, кои истовремено ќе можам да ги поделам на двајца луѓе истовремено. Потреба ми е страст и имагинација без маргини и монотононија. Имено, имам еден услов.Тоа е во врската да нема жена бидејки не би ми било толку ќеиф. Значи јас би со двајца мажи кои секако би прифатила истовремено меѓу нив двајца да има љубов. Лажат машките кога велат дека не би сакале со две жени. Знам јас. :D
А за тоа колку е нормално или не, баш и не ми е грижа. Бидејки сешто нам би ни претставувало задоволство а не рана, би било сосема во ред.
Совет до ограничените...
Безграничната среќа понекогаш може да ја пронајдете и во либералноста. Тоа е нешто бесценето. Поздрав.
Тоа тешко да бидне зашто ако веќе те делат секако ќе си земат за право да имаат уште една девојка што значи ќе се формира една мала полиаморна групичка од три жени и двајца мажи ;).

Во старт ќе ти пропадне експериментот освен ако не си спремна и ти да делиш ;).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom