Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Да им се плукнам на овие Вмровчиња Бранко бил крив, ме заболе за него. Само со него се вадат неспособни копилиња.
(n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ако падне Регулаторна, ќе падне ли цената на струјата?
Kaко и обично Народните представници се далеку од стварните причини за екстремно високите цени на струјата, и парното .
Основна причина за оваа ситуација се одредбите од Законот енергетика усвоен уште 2006 и надополнет со Законот за енергетика 2011.
Ако се прочитаат овие два Закона, ќе се забележи дека се работи за крајно опширни Закони во кој има се и сешто . Според тие Закони, одредувањето на цените го вршат самите претпријатија а Регулаторна само ги одобрува овие цени. Тоа одобрување на цени се врши според некакви „ методологии “. А овие методологии исто ги изработуваат Регулаторна и претпријатијата.
Според овие Закони потрошувачите - граѓаните немаат никаква улога, нити дирекно, ниту преку избрани представници - никаде не се ниту спомнува нивната улога. Никаква улога во одредување на цената нема ниту Државата, Се е препуштено на претпријатијата и Регулаторна.
Екстремен пример се цените на Топлификација кои се покачени за 300%
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Според тие Закони, одредувањето на цените го вршат самите претпријатија а Регулаторна само ги одобрува овие цени. Се е препуштено на претпријатијата и Регулаторна.
Екстремен пример се цените на Топлификација кои се покачени за 300%
токму затоа- треба да падне оној кој вели АМИН на новите цени:)
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Државата се задолжи со нови 46,5 милиони евра

Сподели на Facebook

Прочитано: 30
По една недела пауза, откако претходно се задолжуваше 5 недели по ред, државата повторно денеска продаде државни записи и обврзници.
Кај записите беа продадени 1,38 милијарди денари (22,5 милиони евра) тромесечни државни записи во две посебни аукции. Министерството за финансии понуди и продаде 781,3 милиони денари тромесечни записи со годишен купон од 4 отсто. Тоа, исто така, понуди 625 милиони денари државни записи со девизна клаузула и купон од 3,9 отсто, но продаде само 600 милиони денари.
Кај државните обврзници беа понудени и продадени тригодишни и петгодишни со вкупна вредност од 1,479 милијарди денари (24 милиони евра) во две посебни аукции. Министерството понуди 1,125 милијарди денари во петгодишни државни обврзници со девизна клаузула и продаде износ од 1,039 милијарди денари, извести Народната банка, која ја врши продажбата во име на Министерството за финансии. Купонот за овие обврзници изнесуваше 5,5 отсто годишно. На аукцијата беа понудени и продадени и 440 милиони денари во тригодишни државни обврзници, исто со девизна клаузула. Тие носеа годишен купон од 5,1 отсто.
По правило, најголем дел од овие пари одат за враќање на достасаните долгови од претходно продадени државни хартии од вредност.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Еве нешто добро од Дневник, да се надеваме дека ќе се оствари

Датум: 16.10.2012, 12:17
Граѓаните в година би можеле да бираат од кого ќе купат струја


Либерализација на пазарот со електрична енергија и отворање можност за тргување со енергијата на дневна основа, се очекува да биде овозможена од идната година, и тоа во организација на МЕПСО, а во согласност со Законот за енергетика.
Токму потребата за форирање на место за тргување е причина за посетата на експертски тим од Македонскиот електро-преносен систем оператор на Маркет операторот БОРЗЕН и Берзата на електрична енергија БСП Соутх Поол од Словенија, земја со сличен конзум како Македонија.
Како што јави известувачот на МИА, во Љубљана претставниците на МЕПСО во пракса имаа можност да ги прошират знаењата за организација на пазарот за електрична енергија, за модалитетите на тргување, за продуктите кои се тргуваат на словенечкиот пазар, за реализацијата на тргувањето и за порамнувањата и деловните односи меѓу учесниците на пазарот.
Отворениот пазар на електрична енергија придонесе во Словенија да има пет дистрибутивни компании и осум до девет снабдувачи со електрична енергија.
- Тоа во пракса им овозможува на домаќинствата секој месец да можат да ја менуваат дистрибутивната компанија која ги снабдува со електрична енергија што придонесува за дополнителна конкуренција и зголемување на квалитетот на услгите со намалување на цените - рекол Андраж Шавли, раководителот на Секторот за органзирање трговија во БОРЗЕН.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Еве нешто добро од Дневник, да се надеваме дека ќе се оствари

Датум: 16.10.2012, 12:17
Граѓаните в година би можеле да бираат од кого ќе купат струја
Да се надевате право да ви кажам, ама најниската понуда ќе биде поскапа од сегашната цена на струјата.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Да се надевате право да ви кажам, ама најниската понуда ќе биде поскапа од сегашната цена на струјата.
Точно така, во дневна тарифа на берза тешко ќе најдеш под 10 денари за киловатчас (со се давачките), а сега е околу 6 денари (со се давачките).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom