Еве нешто добро од Дневник, да се надеваме дека ќе се оствари
Датум: 16.10.2012, 12:17
Граѓаните в година би можеле да бираат од кого ќе купат струја
Либерализација на пазарот со електрична енергија и отворање можност за тргување со енергијата на дневна основа, се очекува да биде овозможена од идната година, и тоа во организација на МЕПСО, а во согласност со Законот за енергетика.
Токму потребата за форирање на место за тргување е причина за посетата на експертски тим од Македонскиот електро-преносен систем оператор на Маркет операторот БОРЗЕН и Берзата на електрична енергија БСП Соутх Поол од Словенија, земја со сличен конзум како Македонија.
Како што јави известувачот на МИА, во Љубљана претставниците на МЕПСО во пракса имаа можност да ги прошират знаењата за организација на пазарот за електрична енергија, за модалитетите на тргување, за продуктите кои се тргуваат на словенечкиот пазар, за реализацијата на тргувањето и за порамнувањата и деловните односи меѓу учесниците на пазарот.
Отворениот пазар на електрична енергија придонесе во Словенија да има пет дистрибутивни компании и осум до девет снабдувачи со електрична енергија.
- Тоа во пракса им овозможува на домаќинствата секој месец да можат да ја менуваат дистрибутивната компанија која ги снабдува со електрична енергија што придонесува за дополнителна конкуренција и зголемување на квалитетот на услгите со намалување на цените - рекол Андраж Шавли, раководителот на Секторот за органзирање трговија во БОРЗЕН.