Нова цена на струјата!?
24.08.2012 | 17:02
Економија
Прочитано: 85
Цената на струјата повторно ќе расте. Наспроти очекувањата на граѓаните за ублажување на ценовниот шок и враќање на ефтината тарифа, денеска стигна нова најава за нова поголема цена на струјата. Првиот човек на ЕЛЕМ Чинговски не ја исклучува можноста дека од нова година сметките за струја ќе бидат повисоки. Отплатата на новиот заем кој ЕЛЕМ го зема од Дојче Банк, за ревитализација на РЕК Битола ќе влијае врз цената на елетричната енергија.
„Заемите што ги добиваме всушност помагаат притисокот врз цената значително да биде намален затоа што се прифакаат оние трошоци кои се реализирани во текот на годината.
Гледајки дека овие кредити ќе се враќаат дванаесет години, само ратат која ќе с еотплаќа годишно ќе влезе како трошок во работењето на компанијата, а со тоа и врши притисок врз покачување на цената на електричната енергија“ изјава Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ.
Во меѓувреме Владата призна дека граѓаните ги очекуваат повисоки цени на прехрамбените производи, какви што не се паметат во последните 27 години. Мерки ќе има, но кога не се знае.
„ Во текот на завчерашниот ден дојде до најголем пораст на цената на производите кои с еупотребуваат во процесот на исхрана. Владата како и досега ги следи состојбите и прави анализи проценки и сценарија за понатаму да реагира“ изјава Александар Ѓоргиевски, портпарол на Владата на РМ.
За еден месец цената на струјата поскапе за 10%, парното за 4%, а нафтените деривати за 14%. Статистика регистрираше повисоки цени во трговијата на мало за 2,3% . Цената на лебот веќе во некој од градовите е корегирана. Велешани веке плаќаат за 25 % повисока цена за леб.
Досегашни поскапувања
Струја + 9,82%
Парно Топлификација + 3,88%
Парно Скопје Север + 3,75%
Нафтени деривати +14, 06 %
Леб + 25%
Но поскапувањата не сопираат. Спиралата се одмотува. Во септември се очекуваат нови цени на месото, кондиторските производи, тестенитет и огревното дрво. Стандардот се топи, а граѓаните се молат за топла зима и пониски сметки.
http://24vesti.com.mk/nova-cena-na-strujata
--- надополнето: 24 август 2012 во 17:43 ---
Сите вие што се греете на струја со конвертери инвертери и слични глупости да си набавите алтернативно загревање по можност на дрва неколку кубика. Затоа што кога ќе падни системот по неколку дена можеби и недела ќе видите како живеат инутитите на Северен пол.