Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
4 ноември 2013
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.722
Страшно какви амеби живеат помеѓу нас, абе 2 дена не почекаа да поминат од трагедијата и веќе почнаа да ја искористуваат за лични интереси и собирање поени.

Оние другарите на Палчо од Инфомакс изгледа само чекаа ваква прилика за да можат да се пресметуваат со Мицко и Тошковски, на прва глумат демек се нешто објективни со прашањата, а уствари и двајцата се тешки гнаси од луѓе.

Други успеаа и од ваков настан да најдат повод за да се препукуваат на национална база по социјални мрежи.
Мал број на наши сограѓани по коментари на фејсбук имаат некои шизофрени тврдења дека ние сме биле криви за трагедијата, злобници што не постиме за Рамазан, сега господ не казнува.
Ваквите многу брзо си најдоа и соговорници на исто ниво од другата страна, кои само бараат еден во илјада коментари и после го споделуваат на 500 луѓе, да докажат колку овие другите се лоши и така во круг.

Тука го имаме и Миленко Неделковски, како многу ценет човек од актуелната власт, кој според самиот себе е многу стручен на сите полиња.
Ете според него навивачката група Комити и слични такви како нив биле криви, требало сите што продаваат, купуваат и палат бакљи да се уапсат и да добијат казна затвор.
Секој ден сум се повеќе убеден дека човекот е за во лудница.

За самиот настан и трагедијата не знам што да кажам, вакво нешто не памети Македонија, за само неколку минути ја изгубивме скоро цела младина од градот...
Во последните 6 години имаме 4 вакви трагедии, преку 130 жртви и пак нема скоро никаква одговорност.
Жално што ни се случува, сите не уби корумпираниот систем, сами се уништивме...
Само он нека продолжи така..
Ама избори доаѓаат , таму не треба неговата стручност , требаат гласови..

Немој ве молам тој човек тука да го именувате и да го правите релевантен.
Он не вреди да му се споменува името.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
864
Поени од реакции
2.352
Да не се заборават кои беа одговорни за трагедиите Дурмо, Беса и модуларната. Кој владееше и кој одговараше за нив.


  1. Автобуската несреќа кај Ласкарци (Дурмо турс) – 2019
    • Влада: СДСМ и ДУИ
    • Одговорност: Возачот беше осуден на 6 години затвор, а уште неколку лица од „Дурмо турс“ и контролниот технички центар добија казни.
  2. Автобуската несреќа во Бугарија (Беса Транс) – 2021
    • Влада: СДСМ и ДУИ
    • Одговорност: Компанијата „Беса Транс“ нелегално ја поминувала границата, а институциите дозволиле пропусти. Никој директно не одговараше во Македонија.
  3. Пожарот во модуларната болница во Тетово – 2021
    • Влада: СДСМ и ДУИ
    • Одговорност: Министрите Филипче и Хасани понудија оставки, но не беа прифатени. Судот ги ослободи обвинетите службеници од Тетово.
И покрај големите загуби на животи, вистинска политичка и институционална одговорност не беше преземена.

Околу 200 граѓани починати со последниве случувања од Кочани.
Затоа можда и Филипче не крева многу галама!?:cautious:
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.450
Поени од реакции
22.214
Нема трагедија/скандал во која овие не се замешани. И после ќе ни кажуваат за европски фронт, европски вредности, борба против корупција...

Беким Максути, поранешниот директор на ДЗС, во притвор
Еден поранешен директор и инспектори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се дел од притворените во случајот со големата несреќа во Кочани, кога во голем пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица. Овој податок го објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, без детали за кого се работи и која е причината. МКД.мк дознава дека се работи за поранешниот директор Беким Максути, кај кого, при полицискиот претрес во неговиот дом било пронајдено и оружје и муниција.

Законот за заштита и спасување детално ги опишува надлежностите на ДЗС. Претпоставуваме дека дел од причините за притворот на Максути се токму во непочитувањето на неговите обврски.


Во член 69 од Законот за заштита и спасување пишува дека „државните органи, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите се должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, според пропишани стандарди.

Веќе наредниот член ја опишува обврската на инвеститорот – „во проектната документација за изградба на објекти, како и за објекти на кои се врши реконструкција-пренамена инвеститорот е должен да изготви посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

Дирекцијата, односно нејзините подрачни организациски единици се должни во рок од пет дена од денот на приемот на писменото барање за увид во проектната документација од органот кој ја спроведува постапката за издавање на одобрение за градење, да изврши увид и да даде согласност за застапеност на мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи или да даде забелешки на записник, доколку не се исполнети условите за согласност.

Директорот на Дирекцијата ја утврдува содржината на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Директорот на Дирекцијата ги пропишува мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи“.

Во член 139-в од овој закон се вели дека инспекторот на ДЗС има право и обврска на субјектот на надзорот: да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот и да му поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Исто така, според член 141-д, инспекторот при вршење на надзор ако утврди дека постои непосредна опасност од уривање на објекти; настанување на пожари и експлозии; отежната евакуација на загрозени лица; оневозможување на ефикасна интервенција на тимовите и други опасности, со решение може да нареди забрана на користење на објектот или на дел од објектот.

Очигледно е дека во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани голем дел од законските обврски и инспекциски надлежности едноставно не се спровеле.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
14.116
Поени од реакции
25.742
Градоначалник не проверува, исто како и министри. Инспектори проверуваат. Општина Кочани има двајца вработени градежни инспектори, буквално работа им е секој ден да се на терен и да проверуваат дали објектите ги исполнуваат критериумите. Да видиш како се активни и ги знаат сите прописи кога сакаат да ти извадат пари за да не те казнат/затворат. Работата на градоначалникот е да се осигура дека инспекторите си ја работат работата. Да бидеме сериозни не можеш да ми кажеш дека градоначалник на Кочани, човек кој цел живот го поминал во градот и е градоначалник еве скоро 4 години , не знае што му се случува во општината и кој прави што. Тоа се несериозни аргументи. Но не само он туку и сите пред него, зошто не е фер он само да испадне крив зошто во негово време ете конечно пукнал балонот

А за системот на надлежности, тоа не е прашање на каков систем сакаме туку беше направено од коруптивно партиски цели. Општините во СФРЈ, или подобро нивниот еквивалент биле околии само 17 ги имало и секоја била направена да биде само-одржлива целина од човечки и економски капацитет. И заради тоа имале и толкави надлежности. Другата причина е што не сакале на централно ниво да ја трупаат власта со надлежности за мали работи и со тоа да се создава масивна бирократија. Во 1989 сме имале мислам повеќе од два пати помалку администрација, на далеку поголема популација, и запази централно планирана економија. А денес на толкава администрација никој не е одговорен за ништо.

Они хаосот го направија и ги фузираа двата система за да вработат што повеќе партиски војници. А не поради некакви дискусии кој систем е подобар. Која верзија е подобра, дали се да концентрираш под централна власт, или да оформиш функционални општини ( не повеќе од 20 ) и да ја ослободиш централната власт да не се занимава со секојдневни прашања е за дискусија и преференци.

НИКОЈ НЕ СИ ЈА РАБОТИ СВОЈАТА РАБОТА, е тоа е проблемот.
znaci zatoa rekov odlucete koj sistem go sakate i terajte taka. mene mi nema logika ovaa mesavina sto sega ja imame... pak ke kazam ne gledam kade e kriv gradonacalnikot, eve imalo zaposleno inspektori pretpostavuvam ne od nego, sto ne si ja zavrsile rabotata... za on da znae deka ne ja zavrsile rabotata kako treba treba i on da trca i proveruva po niv za sto ne e strucen. aj ok za kocani malo mesto ama ako treba da go pravis u pogolem grad e neizvodlivo. sistemot ne cini, odberete eden i drzete se do nego.

pak ispaga deka onoj sreden menadzment ustvari ne cini.
 
Член од
5 мај 2024
Мислења
126
Поени од реакции
225
Какво перење мозок врши ВМРО тоа страшно нешто, а што не ги апселе досега овие што се сили Мицко дека по уши ќе ги влечел, или треба да изгорат 60 деца па да дознаел он што и како се работи кај нас.
со вакви финти пробува да смири маса народ, овој а и сите други од Заев до Али им треба иста судбина како на Вујчиќ, собери се низ секој град, блокирај од улици па се до нивни влез излез од своите куќи.
Јаките овиа ќе ги влечел по уши, нека наведе еден ама еден јак човек кој што одлежил затвор досега.
Во Тетово кабелот беше затворен, тука најверојатно завесата
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.450
Поени од реакции
22.214
Прегледај го приврзокот 446361

Еве ги џукелите што делат народ во вакви моменти и што профитираат од туѓите трагедии. Би ја газел под нозе оваа гнасотија.
Нека се одлучи мрднатава што сака, не може од една страна да кења како смеело да има малолетни внатре, а од друга страна ѝ смета што е приведен тој кој е одговорен за примање луѓе во објектот, кој претпоставувам по препорака на сопственикот дозволил да влегуваат малолетници.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.811
Поени од реакции
6.049
Чекај бе сериозно ниедна дискотека у утепаново Скопје немала лиценца? Буквално ниедна? Почнувајќи од себе , колку глуп народ сме ние шо сме иделе на тие места
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
14.116
Поени од реакции
25.742
Какво перење мозок врши ВМРО тоа страшно нешто, а што не ги апселе досега овие што се сили Мицко дека по уши ќе ги влечел, или треба да изгорат 60 деца па да дознаел он што и како се работи кај нас.
со вакви финти пробува да смири маса народ, овој а и сите други од Заев до Али им треба иста судбина како на Вујчиќ, собери се низ секој град, блокирај од улици па се до нивни влез излез од своите куќи.
Јаките овиа ќе ги влечел по уши, нека наведе еден ама еден јак човек кој што одлежил затвор досега.
Во Тетово кабелот беше затворен, тука најверојатно завесата
za da odlezi nekoj treba sudiite da go osudat. imame sdsm/dui sudstvo taka?

eve apsat, mnogu poveke nego koga bese modularnata ili drumo taka? istragata seuste e vo tek, posle toa ke vidime sto ke napravi sudstvoto.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.080
Поени од реакции
1.900
Чекај бе сериозно ниедна дискотека у утепаново Скопје немала лиценца? Буквално ниедна? Почнувајќи од себе , колку глуп народ сме ние шо сме иделе на тие места
E арно рече некој, шо треба на влез лиценца ли да бараме ние? Си има инспектори тоа што требало да го проверуваат ама.. гној од држава.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.969
Поени од реакции
22.150
1 слика 1000 прашања, професионалност на дело ... чекаат да дознаат дали ќе се сруши и остатокот од кровот за плус уште некоја жртва ?

Screenshot_20250317_194914.jpg
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.423
Поени од реакции
9.310
Нема да се случи тоа кај вмровците, против свој да се свртат. Можеби со некој притисок од страна, па да проценат ако тераат инат дека штети на колективот, и да падне жртва…
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
771
Поени од реакции
1.746
Чекај бе сериозно ниедна дискотека у утепаново Скопје немала лиценца? Буквално ниедна? Почнувајќи од себе , колку глуп народ сме ние шо сме иделе на тие места
od kaj ke znaes pa i ti deka nemaat licenca? eve ja nemav pojma a sum bil u sekoe disko ovde u skopje. Sum mislel deka sum bezbeden ama ete ne sum bil, abe mamicata nivna zemi izdemoliraj toa sve i aaaaaaaaaaaajt u pm
 

Kajgana Shop

На врв Bottom