- Член од
- 4 ноември 2013
- Мислења
- 1.103
- Поени од реакции
- 1.718
Само он нека продолжи така..Страшно какви амеби живеат помеѓу нас, абе 2 дена не почекаа да поминат од трагедијата и веќе почнаа да ја искористуваат за лични интереси и собирање поени.
Оние другарите на Палчо од Инфомакс изгледа само чекаа ваква прилика за да можат да се пресметуваат со Мицко и Тошковски, на прва глумат демек се нешто објективни со прашањата, а уствари и двајцата се тешки гнаси од луѓе.
Други успеаа и од ваков настан да најдат повод за да се препукуваат на национална база по социјални мрежи.
Мал број на наши сограѓани по коментари на фејсбук имаат некои шизофрени тврдења дека ние сме биле криви за трагедијата, злобници што не постиме за Рамазан, сега господ не казнува.
Ваквите многу брзо си најдоа и соговорници на исто ниво од другата страна, кои само бараат еден во илјада коментари и после го споделуваат на 500 луѓе, да докажат колку овие другите се лоши и така во круг.
Тука го имаме и Миленко Неделковски, како многу ценет човек од актуелната власт, кој според самиот себе е многу стручен на сите полиња.
Ете според него навивачката група Комити и слични такви како нив биле криви, требало сите што продаваат, купуваат и палат бакљи да се уапсат и да добијат казна затвор.
Секој ден сум се повеќе убеден дека човекот е за во лудница.
За самиот настан и трагедијата не знам што да кажам, вакво нешто не памети Македонија, за само неколку минути ја изгубивме скоро цела младина од градот...
Во последните 6 години имаме 4 вакви трагедии, преку 130 жртви и пак нема скоро никаква одговорност.
Жално што ни се случува, сите не уби корумпираниот систем, сами се уништивме...
Ама избори доаѓаат , таму не треба неговата стручност , требаат гласови..
Немој ве молам тој човек тука да го именувате и да го правите релевантен.
Он не вреди да му се споменува името.