Ама работава пак стига до врвот, обезбедувањето пуштало дека така рекол газдата, а газдата подмитил каде требало да не прави државата проблем, и на крај кој е крив?
Хипотетичка ситуација
Во 3 сабајле влегувам во кола со 2 промили, ме запира полиција, фаќам врски или давам мито, продолжувам, пред мене претрчува пијан малолетник, го газам и убивам
Кој е крив ?
Не е еден. Сите се криви. Сите сме криви.
Апсолутно небитен е ебаниот факт дали делото е кривично, прекршочно или морално.
Форумов беше и ваљда е сеуште, огледало на нашето опшество. А мнозиството овде очигледно бара само кој е крив.
И ве молам. Не го споредувајте она вчера нит со Беса Транс нит со Дурмо транс а особено не со модуларна. Како луѓе треба сами да превземеме одговорност некогаш.
Реален пример, одам да ја регистрирам колата. На технички ми викаат „а оваа е понова од 10 години, годинава не ја проверуваме, само преку една, еве ти регистрација слободен си“.
Океј велам, али до сеа не сум ја однел на никаков преглед, дај барем основно прегледајте ја во најмала рака, да сум сигурен што возам.
„Нема потреба дечко нова е“
Не дај боже, ради било каков хвар на колата, да настрадав ја или некој друг, кој ќе одговараше ? Техничкиот што ме ослободил ? Некој што му дал на техничкио дозвола да врши дејствие ? Јас што не сум се изамарал или сум немал пари салам да ја проверам и сервисирам колата ?
Иницијално е на мене. Моја сопственост и моја одговорност е да се осигурам дека се што е ВО МОЈА КОНТРОЛА е во ред. Понатаму е несовест на други.
А покрај мојов реален пример, сите иаме по барем уште неколку други, големи, критични моменти кај што сме напраиле нешто кривично, прекршочно или неморално.