Можда не е време со оглед на околностите ама има муабет дека и Панчо како дел од организацијата на ДНК бил во листата
на обвинети. Има вистина во ова?
И да е точна за жал сигурно може да биде поголема оти изгорени дишни патишта и органи од топлиот воздух се тешка дијагноза.Ja ne veruvam deka ima 59 pocinati, brojkata e sigurno mnogu pogolema.
Па нормално, покрај секој "Мицко" стојат барем 10 заглавени до гуша во кал за кои сите се прават на будала. Ама не смеат да се чепкаат меѓу себе во горните ешалони. Како некој ќе спроведе правда и ред во државата кога во самите свои редови има до гуша заглавени криминалци. Не е тешко, Мицко многу добро ги знае најимотните во своите редови, нека им направи потекло на имот на сите па тогаш ќе збориме за правда. Вака ефтин политички маркетинг, не фала. Вчера беше сообраќајка, денес е диско, утре недајбоже зграда. И кога зграда ќе се сруши со сумњив градежен материјал, и тогаш ли ќе се искача на пресови да се збори дека до тука било и од сега ќе имало ред и поредок? Абе ајде...Го гледам Мицковски, Тошковски или како им се викаат останатите...сега почнуваат проверки, ригорозни казни, надгледи-прегледи, нема да има милост, нема да се гледа кој на колку висока позиција е....наеднаш добиваш дојам бреее државава како функционира.
И ме потсети на моја прва работа во Македонија, во завод за здравствена заштита, кога не викна на купче поставениот и ни урла,толку гласно чак луѓе од улица што поминуваа се вртеа и гледаа кон зградата. Ни вика ќе видите од утре, нема да се трпи оваа неорганизација и недисциплина...а Рамче до мене ми шепка, абе ќе видиш, од утре бетер ќе биде.
Истово ќе биде и сега со ситуацијава, за две недели се ќе се заборави и пак по старо и дабетер.
90% од клубовите се вакви. Пола и повеќе се дупки подруми со скали.И да е точна за жал сигурно може да биде поголема оти изгорени дишни патишта и органи од топлиот воздух се тешка дијагноза.
Уште не ми е верно како е можно да објектот има функција на дискотека, како сопствениците со здрав памет мислеле дека тоа што го имаат е сугурно за посетителите и околината. Како е можно на онолкав простор да има два ПП апарати кои не се ни за таа намена а за без вода и за затворени излези да не правиме ни збор.
Еве, тоа е тоа што го зборам за лажните информации. Гледај каква ситуација, оваа не знае главата кај и е и дали мажот е жив, тие го бараат да го апсат. Во меѓувреме низ медиуми се вртеше инфото дека Андреј е на домашно лекување, ликчиња како Рон и Војаџер ги обвинија ДНК за настанот и така натака, у превод МИЗЕРИЈА. Не дај Боже некој да е во нејзина кожа периодов...