ДК,
Замисли сабота вечер, ти вратен од дежурство од работа во амбуланта во Кочани, си велиш ајде барем утре недела е ќе одморам, викат и топло ќе било па можи ќе ги прошеташ децата до негде, колку да се порадват а ти да заборајш дека живејш во Кочани. Уште неразденето ти звонат од работа хитно да се појавиш таму и таму, вероватно очите уште не ти се доотворени, а веќе си сведок од прва рака на хорор кој ниту си можел било кога да го замислиш. Пожарникари уште гаснат дури влегваш во нешто шо лесно можиш да го помешаш со штала и уште на врата гледаш деца, еден преку друг засекогаш заглавени во момент на агонија и ужас. Што ти се врти во главата дури чекаш уште некој сирот ко тебе па да почните да ги вадите еден по еден? Дали постој нешто што би можело да те подготви за сликата пред тебе, дали имаш збор да прозбориш со тој со кој шо кревате или гледаш дека и тој нема крв во него па ќитите двајцата? Во кој момент ќе ти помини шокот и доаѓа фазата на пцуење во себе ама од кај да почниш? Од кој да почниш? Рибата од главата смрди ама шо прајме кога цело езеро е пресушено и останато е мочуриште полноглавци и комарци? Сигурно ти звонат на телефон родители чии деца нив не им креваат на телефон а се твои познаници. Вероватно и препознаваш некои од нив, јебига Кочани е, ама зошто на тебе да падни проклетсвото на твој познаник да соопштиш дека нивниот живот е и официјално завршен? Сигурно во ист момент би го свлечкал секој еден виновен да види она што ти гледаш и да ја слушни тишината на 50 души, па тој нека ги погледни в лице и да им каже што бидна од чедата. Ако Бог не постои, сигурно се надеваш дека во ист момент ќе се створи колку да го казни секој еден виновен за ова дереџе, пошто земска казна не постои. Излегваш надвор и не си сигурен дали мирисот на пепел и чад никогаш ќе излези од тебе, ама немаш сега време за уште прашања, имаш мртви деца за кревање.
П.С
Во моја кожа не сакам да сум, а камоли во било чија на секој еден, како и да е афектиран. Лесна им земја и божја сила на фамилиите, правда ниту имало ниту ќе им смени сега ако има.