Пожар во Кочани, диско Пулс.

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.080
Поени од реакции
1.898

„Морничаво. 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме. Да се стават во коли да се носат. Тие што немаа, јасно ви е, се тргаат настрана. Изгорени, згмечени, загушени, повеќето со изгореници се починати, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата на нас“, рече Влатко Здравков. „Оваа трагедија што нè снајде. Кочани е мртов град, со генерации нема да се оправи. Се чувстуваме како да ни починале нашите деца. Гледавме да ги спасиме прво тие што имаа пулс, околу 100 лица лежеа. Имаше изгорени, загушени од чад, згмечени, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата“,


Имено многумина лица откако веќе излегле и се спасиле, се вратиле да бараат своите блиски и пријатели, некои се враќале и по неколкупати, а некои откако повторно влеле, веќе не излегле живи.

Токму овој потег во желба да се помогне на што повеќе придонело да се направи уште поголем хаос и блокада при единствениот влез на дискотеката. Од една страна лица кои што сакале да излезат, а од друга оние кои влегле и сакале да влезат за да и помогнат.

Сведоци велат дека и многумина кои се спасиле или оние кои дошле откако слушнале за несреќата буквално биле пред влезот и дополнително го отежнувале пристапот.


„Па имаме спасено доста луѓе, а дали сме виновни… Ние бевме случајно таму, во патрола, се случи чудото кое се случи, спасивме доста луѓе, преку 80 луѓе, ако одлучи судот, нека нѐ затворат“, рече еден од приведените.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.178
Поени од реакции
5.977
Според Тошковски ние како граѓани ако не го известиме МВР за наша активност може да правиме што сакаме.

Цел град знаел дека ДНК ќе имаат настап, овие не биле известени и не биле надлежни да присуствуваат таму.:нинџ:
Мислам дека муабетот на Тошковски е дека ако не пријавиш концерт/журка/забава на МВР (какви што се 99% од забавите во дискотекиве низ Македонија), од МВР не праќаат полиција да го обезбедува настанот. Дали знаеле дека ДНК ќе прават концерта таму? Веројатно да, си имаат луѓе што ги следат настаниве и ги праќаат за претрес (случајот со полицаецот што загинал таму). Но немало полиција пред дискотеката, на што алудира Тошковски.

Всушност, во Македонија само големи концерти се пријавуваат на полиција (сц Борис Трајковски, сц Јане Сандански, Skopje Calling, Ohrid Calling итн...). Овие локалниве дискотеки кај што пејат нашиве пејачи? - не знам за некогаш да имало полиција за некој нивен настап....
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.724
Поени од реакции
4.081
Штотуко на вестите во 13,00 донесоа информација за состојбата на настраданите кои се лекуваат во Бугарија. Како и секогаш, лекарите не даваат многу информации, но може да се каже следново.
Сите жртви се во многу тешка состојба, а најкритична е состојбата на 3-те деца примени на детската клиника во Пирогов,имаат најголем процент на изгореници , оштетени дишни патишта и
и се ставени на командно дишене.
Сите преживеани пристигнале во многу силен термички шок,но веке са стабилизирани.
За лекуването е потребно многу крв и веќе е започнала крводарителската акциja.
Бугарскиот Црвен крст, УМБАЛСП „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија започнаа крводарителска акција за повредените млади луѓе од Северна Македонија во трагичниот инцидент во градот Кочани.
Од денеска, од 11:30 ч. до крајот на неделата на паркингот на болницата „Пирогов“ и пред клиниките во Варна и Пловдив ке има специјални шатори на БЧК, каде лекарите и волонтерите на БЧК ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.
Некои од роднините на жртвите веке пристигнаа во Софија,формирана е специјална единица за да им помогне во сместувањето и понатамошниот транспорт до Пловдив и Варна,како и психосоцијална поддршка кога е потребна и друга помош, во однос на новите потреби на теренот.

 
Последно уредено:

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.274
Поени од реакции
2.121
Нека не се прават со сила на удрени, никој апсолутно нема пријавено ништо вакво било каде во Македонија. Лесно е сега by the book да трекаат глупости по телевизии. Срамота!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.559
Поени од реакции
4.617
Очигледно Тошковски повеке не знае каде тера... ако веќе не си дава оставка, најдобро ке му биде да заќути и да ја тера истрагата. Сите наназад до дедо Ное се криви само ние денес не сме криви.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
598
Поени од реакции
1.349
Ovaa drzava e samo za 100 familii ultrabogati, gazdi, gradonacalnici i kriminalci, policajci, se znam jas so grqdonacalnikot tipovi....se e podmackano xa niv i imaat ubav zivot....veke vo poveke mesta ziveat samo gazdi i Paraziti normalno deka ke nosat nepalci za rabota... Jas neznam koj makedonec so IQ 0 bi ostanal vo Mk da rabotis za gazda treba da si glup ko tocak....i vo ovij slucaj umrea obicni deca, dosega niedno ne cuvme da e na golem politicar ili gazda.....Site normalni se iselija... Sekafe moze da se desi nesreka ama ovaa e na vrvot na morbidnosta na ovoj korumpiran sistem.....Sega nekoj od ovie treba da dobijat kazna kako vo nekoa islamska zemja da bidat opurtuniteten trosok za nekoja pravda..... no nema sansi bidejki site se umesani do eden...gradski serifi se znam so gradonacalnikoot niknuvaat kako gabi posle dozd cel den sedat vo kazino i kafic, nema za nov nikakov zakon.....Moze ova e za vo temata blam drzava.. ama site ovie temi oznavuvaat isto znacenje...
 

No9

Член од
18 ноември 2013
Мислења
637
Поени од реакции
1.007
Народов треба во Мала Речица да им отиде на Дуи.Па стварно не се нормални со соопптенијава, никој нивни не е крив.Абе оди таму запали ги да им ебам мајката
 
Член од
23 април 2022
Мислења
626
Поени од реакции
3.066
Никој никаде не пријавува ваков настап. Се пријавуваат само концертни настапи во поголем простор
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.166
Поени од реакции
2.285
Мислам дека муабетот на Тошковски е дека ако не пријавиш концерт/журка/забава на МВР (какви што се 99% од забавите во дискотекиве низ Македонија), од МВР не праќаат полиција да го обезбедува настанот. Дали знаеле дека ДНК ќе прават концерта таму? Веројатно да, си имаат луѓе што ги следат настаниве и ги праќаат за претрес (случајот со полицаецот што загинал таму). Но немало полиција пред дискотеката, на што алудира Тошковски.

Всушност, во Македонија само големи концерти се пријавуваат на полиција (сц Борис Трајковски, сц Јане Сандански, Skopje Calling, Ohrid Calling итн...). Овие локалниве дискотеки кај што пејат нашиве пејачи? - не знам за некогаш да имало полиција за некој нивен настап....
Па тоа и јас реков, ако сам не пријавам, можам да правам што сакам.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.859
Поени од реакции
9.488
Кровот е со азбест, а изолацијата со стиропор. Ствари кои лесно горат, види го видеото како лесно и брзо од пред бина огнот отиде на 1/3 од подиум. Потоа сигурно потфатило кров и даски и толку му треба. Пола од нив сигурно се имаат онесвестено од токсичниот чад, другото само додало.

Единствено нешто што можеби ќе помогнело е да имаат прскалки на кров со детектор за чад. ИСТИТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ИМА БИДЕЈЌИ СЕ ПУШИ ВНАТРЕ.
Нека дојдат сега сите што викаат тоа што тебе ти смета чад од цигари седи си дома, нека дадат совет како полесно можело да се избегне.
Кровот бил со азбест!!!
Само заради ова требало да ги уапсат сопствениците.

1742215075039.png

 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.701
Поени од реакции
31.610
Ко шо се сите неодговорни може треба да се создадат посебни сектори во МВР за ноќни клубови, посебни за транспорт, итн и да не се чека пријавување, нон стоп мониторинг ко у Кина.
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
423
Поени од реакции
793
Дали е уапсен сопственикот на клубот? Еден весник објави па потоа го избриша постот..
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
857
Поени од реакции
2.335
После оваа трагедија пиротехнички средства во затворен простор да се забранат.И секој Нокен клуб ,Кабаре или шо и да е,кои немаат услови треба да се затворат,пломбата и чао.Доста веќе со импровизации.Многу скапо ги плаќаме.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.306
Поени од реакции
7.055
Мислам дека муабетот на Тошковски е дека ако не пријавиш концерт/журка/забава на МВР (какви што се 99% од забавите во дискотекиве низ Македонија), од МВР не праќаат полиција да го обезбедува настанот. Дали знаеле дека ДНК ќе прават концерта таму? Веројатно да, си имаат луѓе што ги следат настаниве и ги праќаат за претрес (случајот со полицаецот што загинал таму). Но немало полиција пред дискотеката, на што алудира Тошковски.

Всушност, во Македонија само големи концерти се пријавуваат на полиција (сц Борис Трајковски, сц Јане Сандански, Skopje Calling, Ohrid Calling итн...). Овие локалниве дискотеки кај што пејат нашиве пејачи? - не знам за некогаш да имало полиција за некој нивен настап....
Исто е и на спортските настани низ државата. Може цел град да биде излепен со плакати, да има евенти по фб, да пишува на rezultati.com точно време и саатница, меѓутоа клубот домаќин по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ја известува полицијата најмалце 48 или 72 часа пред одржување на настанот. Можеш и да не ги известиш, полицијата нема да дојде, меѓутоа противничката екипа не е должна да го одигра натпреварот без присуство на полиција.

Онтопик, за ова што велат дека концертот бил на диво...ме интересира, дали било кој пејач во Македонија потпишува договор пријавува настап ОСВЕН кога е на фестивал, па најчесто општините се должни да платат и данок за нив. Онака, било кој музичар во Македонија, на рандом настап во кафана-дискотека, дали потпишува договор, плаќа данок на тие пари?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.294
Поени од реакции
118.399
Па да ама ова не било концерт него ваљда окарактеризирано како настап во дискотека, зашо за концерт ако не се лажам си има посебни процедури, простор, обезбедување, полиција, и ред други работи, а овде дискотеката си го обезбедува објектот и тоа е тоа. Во секој случај системските пропусти што се случувале со години доведоа до ова. Пожар ко пожар може сегде да настане, ама ако условите се како што треба ќе немаше жртви, или не дај Боже истиот ќе беше изразен во минимален број.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom