Македонија тагува по загинатите лица во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени. Очевидецот Влатко Здравков за „Дојче Веле“ вели дека „Кочани е мртов град“, нема со генерации да се оправат по трагедијата. „Морничаво. 100...
skopje1.mk
„Морничаво. 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме. Да се стават во коли да се носат. Тие што немаа, јасно ви е, се тргаат настрана. Изгорени, згмечени, загушени, повеќето со изгореници се починати, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата на нас“, рече Влатко Здравков. „Оваа трагедија што нè снајде. Кочани е мртов град, со генерации нема да се оправи. Се чувстуваме како да ни починале нашите деца. Гледавме да ги спасиме прво тие што имаа пулс, околу 100 лица лежеа. Имаше изгорени, загушени од чад, згмечени, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата“,
Не стивнуваат реакции по трагедијата во Кочани која се случи изминатата ноќ, а која однесе преку 60 човечки животи, претежно на млади луѓе. Над 140 лица се хоспитализирани од кои една третина веќе се или ќе се пренесат на лекување во странство. Кобниот настан се случи во дискотеката Пулс на...
metropola.mk
Имено многумина лица откако веќе излегле и се спасиле, се вратиле да бараат своите блиски и пријатели, некои се враќале и по неколкупати, а некои откако повторно влеле, веќе не излегле живи.
Токму овој потег во желба да се помогне на што повеќе придонело да се направи уште поголем хаос и блокада при единствениот влез на дискотеката. Од една страна лица кои што сакале да излезат, а од друга оние кои влегле и сакале да влезат за да и помогнат.
Сведоци велат дека и многумина кои се спасиле или оние кои дошле откако слушнале за несреќата буквално биле пред влезот и дополнително го отежнувале пристапот.
Лица кои се приведени, а неофицијално се дел од обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, беа спроведени во полициска станица. Еден од нив зборуваше и пред новинарите. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Па имаме спасено...
skopje1.mk
„Па имаме спасено доста луѓе, а дали сме виновни… Ние бевме случајно таму, во патрола, се случи чудото кое се случи, спасивме доста луѓе, преку 80 луѓе, ако одлучи судот, нека нѐ затворат“, рече еден од приведените.