Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.285
Поени од реакции
6.611
Значи до толку е заглибана во кал работава. Еј цела деценија давана лиценца за шупа, заменичката игра како и свират.
Но од правен аспект незнам како ќе ги гонат, лиценцата е помината, практично настанов е направен без важечка лиценца, барем колку што разбирам јас, ако има некој правник нека пише.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.420
Поени од реакции
47.493
Член од најблиска фамилија имам кој работи во хирургија во битолската болница, во кланицата. Имаш само операција на жолчка, кила и вадење на бенка, во вториотнајголем регионален центар на здравство. Поради не доволна стручност на докторите секоја друга операција се пренасочва во Скопје. Тврдам дека има стручни лекари, ама се премалце и немат ресурси за поголеми зафати.
Мораме да си признајме дека не сме способни за водење држава, можи полесно ќе ни е.
Zboram za Skopje ja do dusa, za drugive gradovi nie neame kapacitet ni za rutinski proverki veke, tuka si celosno vo pravo.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.643
Поени од реакции
6.433
47 пациенти ќе се третират надвор од државата, крах и во здравството. Кила да фатиш или камен во бубрег шубе ќе ти е да му дајш доверба на докторот. Ова е само територија и по документи држава, сите институции на колена.
Немаме центар за изгореници, тие 47 шо се надвор од државата се највероватно сите такви случаеви.
Ептен било комплицирано и требало посебни услови и третмани за да ги спасат оти наеднаш можело да се смени состојбата.
Затоа веројатно одма побараа помош од соседни земји.
 

TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
201
Поени од реакции
162
Затоа што многу дезинформации се раширија тука ќе ви кажам нешто што не е дали некој ќе верува е сопствен избор. Панчо е еден од осомничените , а ДНК како бенд самите инсистираат на пиротехника.
Тоа ги прави едни од директните виновници за овој геноцид.
Оваа ситуација претставува геноцид врз младината на Кочани и на цела држава.
Гледај во локаливе како Мош, Салваторе и слични имаат перформанс со такви жижици, знамиња глупости. На свадби исто гледам поставуваат во затворени простори нешто слично со искри што фрла.
Плус оние жижицине за Моети и такви пијачки.
Значи имаме во затворен простор жижици, пиротехника (нормално не во таков обем како Кочани), проблем е во објектот и лесно запаливиот материјал што служел како изолација
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.929
Поени од реакции
41.907
На профилот Roberto Navali на инста, на едно од последните сториња, кое трае неколку секунди и е посветено на некој што гасел и загинал, јасно се гледа празна дискотека, еден човек сано гаси со ПП апарат и уште десетина лабаво си седат. Значи они биле тотално несвесни за опасноста, стварно мислеле ќе ја изгасат завесата и ќе си продолжи журката. Од снимката, јасно е дека другите веќе биле излезени или дремеле во делот пред вратата или по вецињата.
Не мислеле дека толку брзо ќе се прошири и дека се ќе се изгаси со еден апарат и ќе продолжи забавата.

Пишав дека лабаво со чаши излегувале надвор мислеш пауза за цигара е.

Се се случило во рок од 2 минити, а тоа било период од моментот кога им кажале дека треба да излезат надвор и кога веќе пола плафон бил во пламен и имало црна чад и онесвестени на под.

Во тоа видео веќе сите се пред врата или излезени надвор.

А од ДНК сите можно е да имаат останато последни да собираат инструменти или да видат што ќе се случи со пожарот.
Паднал плафонот и тоа е тоа што се случи.
 
Член од
21 октомври 2024
Мислења
39
Поени од реакции
85
Гледај во локаливе како Мош, Салваторе и слични имаат перформанс со такви жижици, знамиња глупости. На свадби исто гледам поставуваат во затворени простори нешто слично со искри што фрла.
Плус оние жижицине за Моети и такви пијачки.
Значи имаме во затворен простор жижици, пиротехника (нормално не во таков обем како Кочани), проблем е во објектот и лесно запаливиот материјал што служел како изолација
Затоа и реков едни од виновниците секако не се единствени.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
2.048
Поени од реакции
3.739
Но од правен аспект незнам како ќе ги гонат, лиценцата е помината, практично настанов е направен без важечка лиценца, барем колку што разбирам јас, ако има некој правник нека пише.
Абе каков правник од чиста логика, во тој објект имало само еден излез,што не смее да се случи во дискотека, немало апарати за гасење пожар, објектот бил стар, кровот бил од некаков материјал кој не е пригоден за да се употребува во дискотека, некој запаллив, ама не е само овој случај, Тетово болницата, Дурмо Турс автобус кај шо загинаа пак 20+ луѓе зашто им биле минати возилата по врски на технички преглед во Гостивар.
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
947
Поени од реакции
3.156
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.717
Поени од реакции
11.856
Немаме центар за изгореници, тие 47 шо се надвор од државата се највероватно сите такви случаеви.
Ептен било комплицирано и требало посебни услови и третмани за да ги спасат оти наеднаш можело да се смени состојбата.
Затоа веројатно одма побараа помош од соседни земји.
Во Солун однесени се најкритичните пациенти
 
Член од
2 април 2023
Мислења
386
Поени од реакции
832
Бог да им подари на сите Царство Небесно.

Голема благодарност до сите држави и поединци кои ни излегоа во пресрет да ни помогнат, без нив, прашање е како ќе беше сега ситуацијата.

Не верувам дека нешто во државата ќе се смени, дури и сите одговорни да бидат осудени за несреќата, ова не е само една несреќа, ова е многу подлабок проблем во едно полу-функционално општество кое тоне во криминал и корупција, затоа и се повеќе млади не ја гледаат својата иднина овде.

Небитно кој е на власт, сдс,дуи,дпмне, суштински за обичниот граѓанин животот е секогаш горе долу ист.
Тие шо ќе се помират со тој факт, ќе останат овде, тие шо ќе бараат подобри услови за живот, ќе се селат, и тоа е тоа.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.611
Поени од реакции
10.578
Немаме центар за изгореници, тие 47 шо се надвор од државата се највероватно сите такви случаеви.
Ептен било комплицирано и требало посебни услови и третмани за да ги спасат оти наеднаш можело да се смени состојбата.
Затоа веројатно одма побараа помош од соседни земји.
Треба некој од новинарите да му постават прашање на Таравари зошто немаме доктори специјалисти за изгореници, зошто нема центар за изгореници???
Срамота..што здравство имаме:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom