Ова со фискалниве му доаѓа како она кога кликаш на интернет реклами за 0,0001 долар.
Скенирање на фискални ви е новото лајонес под државно покровителство. Сите прехрамбени продукти во маркетите се скоро поскапени, посебно лебот. Оваа цела држава ви е едно сиромашно предградие кое што живее на бонови. Одиш во маркет и сите чекаат на каса со оноа (рамстор, веро, тинекс...) картичкине во рака а во другата држи кредитна картичка влезена веќе во минус.
И за кое сузбивање на сива економија зборат кога најголеми неплаќачи на данок се фирми блиски до власта. Зборат ова било економска мерка а самиот факт што грото од рајата збира фискални ѓоа сликички од животинско царство треба доволно да говори за економската слика во државата.
Згора на тоа, за кој к*р се фатиле за тие даноци кога цел буџет му е исклучиво популистички, практично не постои развојна страна.
Некни слушам еден збори за туризам и вели (парафразирам) за кој к*р туризам кога од е*еното Скопје ви требаат мочани 4 саата да стигнете до Охрид, по пат кој што повеќе личи на калдрма отколку на модерен пат. Па до Црна Гора се стигнува за исто време по оној новиот пат преку Косово.
И за што поефискасно прибирање на данок кога даночните приходи не се насочени кон креирање на економски раст туку буџетот секоја година се поголем од предходната, расте паралелно со растот на јавниот долг а ваму капиталните инвестиции неискористени. Па врз кој основ мантраат раст од 5% годишно во иднина? И врз кој основ ќе збираат и враќаат данок со ваква мизерна потрошувачка?