Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Дискусија во форумот 'Економија, бизнис, вработување' започната од TpH_Bo_OkO, 8 октомври 2013.

  1. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    809
    На денешна прес-конференција, Зоран Заев претстави „Проект за повраток на ДДВ за секој граѓанин“.

    Според наведеното, целта на „проектот“ е: на секој краен потрошувач да му се враќаат 15% од платениот ДДВ.

    Какви ќе бидат ефектите од примената на оваа економска мерка:


    Колку е изводливо ова, ако се знае дека во континуитет уназад со години имаме буџетски дефицит?
     
    На 123456 и Smirnoff им се допаѓа ова.
  2. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    15.735
    Допаѓања:
    7.273
    Кога ќе ја земи властта овај по 20 години ќе заборави на ветеното :icon_lol:.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rockey.1

    Rockey.1

    Член од:
    16 септември 2013
    Мислења:
    689
    Допаѓања:
    511
    Никој не слуша паметна идеја сите гледаат да земат нешто за нив...
    Ни Заев ни Груевски ни Црвенковски никој неможе да ја опрае оваа наша мала "мила" држава...
     
  4. Inglourious Basterd

    Inglourious Basterd

    Член од:
    24 март 2010
    Мислења:
    10.829
    Допаѓања:
    13.156
    Ова би го зголемило буџетот и би го намалило дефицитот. ДДВ-то фактички би се намалило на 15.3%, ама затоа обемот на негова наплата двојно би се зголемил. Интересна мерка.
     
    Lu5, leksikon, maksimmus и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bonnie and Clyde

    Bonnie and Clyde

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    5.353
    Допаѓања:
    4.137
    Доста паметен предлог, изненаден сум.
    али тешко дека некоја влада ке се откаже од овие пари :D
     
  6. iksimkd

    iksimkd ШшшШшшШ...

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    4.985
    Допаѓања:
    2.146
    Интересна идеја. Од ова ем граѓаните ќе имаат корист, ем државата. Граѓаните ќе може за истите тие пари повторно да купуваат производи што секако е добро за економијата, ќе се зголеми куповната моќ и сл. и ова ќе дојде како дополнителен приход за секој граѓанин. Плус како што кажал Заев секој граѓанин тогаш ќе си бара фискална сметка и ќе си ја зема, ќе се намали бројот на фирми кои нема да издаваат сметки и автоматски со тоа и фирмите имаат корист бидејќи ќе им се намали бројот на контроли од УЈП и астрономските казни што ги плаќаме за неиздавање сметки. Тука секако и државата има корист, ем ќе влегуваат повеќе пари во буџетот ем дефицитот ќе се намалува постепено. Морам да признаам дека сум пријатно изненаден од оваа стратегија, не мислев дека има политичар во Македонија кој може да смисли некое паметно и поволно решение за добро на граѓаните.
     
    На IGOR_MK., scary, Srcee и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. maksimmus

    maksimmus

    Член од:
    10 мај 2009
    Мислења:
    723
    Допаѓања:
    466
    Одлична мерка ако некој пат види светло. Секој граѓанин најдобро знае како ке троши откако ке му се вратат парите од ддв,наместо државата да решава што е добро во негово име да ги троши. За наплатата се слагам дека неколку пати ке се зголеми бидејки секој ке има интерес сметка да си бара.
     
  8. Плавооко

    Плавооко

    Член од:
    27 мај 2013
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    535
    Не може физичко лице да бара поврат на ДДВ. Инаку нема веќе да се нарекува Данок на ДОДАДЕНА вредност. Секогаш последниот во ланецот го плаќа целосниот износ на данокот. Освен, ако физичкото лице го продаде тој производ на некој друг. Во овој случај би била државата краен купувач на стоката, што нема логика
     
    На Mileisreknisibile му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ivica^

    Ivica^ Confident Liar

    Член од:
    14 август 2007
    Мислења:
    8.193
    Допаѓања:
    8.061
    А како тоа би успеале на секое физичко лице да му го вратат ДДВ-то?
     
    На Ne_sum_ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Плавооко

    Плавооко

    Член од:
    27 мај 2013
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    535
    Имаше ваков муабет пред неколку години. Вака нешто: чувајте ги сите фискални сметки преку цела година, па дојдете во УЈП да си ги подигнете парите платени по основ на данок. Ова само луѓе кои никогаш не биле во допир со даноци може да го сватат како реално. Прашај било кој економист, да видиш каква насмевка ќе добиеш
     
  11. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    15.735
    Допаѓања:
    7.273
    А бе кој ви дава пари беееееееее, будала народ :icon_lol:. Уште едно празно ветување од политичар, кое што ништо не значи :icon_lol:, очекувајте вакви слични бисери во иднина треба власт да се зема, кокаин да се шмрка, курви да се дупат, педери да ги ебаваат...
     
    На Смрт за зони и пајак воз. и D_NazGUL им се допаѓа ова.
  12. maksimmus

    maksimmus

    Член од:
    10 мај 2009
    Мислења:
    723
    Допаѓања:
    466

    Плавооко ти мислиш дека проблемот е што системот не е можен или не е можно физички на сите да им се вратат физички парите?
     
    На Xibalba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Плавооко

    Плавооко

    Член од:
    27 мај 2013
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    535
    Самиот данок е воведен да се оданочи новата вредност што ја има некој производ. Пример со леб, производ што сите го купуваат.
    Производител - земјоделец ддв 1
    Купувач - мелница, преку фактурата кога купува пченица го плаќа ддв1 и создава ддв2
    Купувач - фурна, преку фактурата за брашно плаќа ддв2 и прави леб, создава ддв3
    Купувач - граѓанин, преку фискална купува леб и плаќа ддв3 кое е збир на сите ддв претходно.
    Производот леб поминува низ 3 фази, од пченица до финален производ. Во секоја фаза има своја цена и додадена цена (додадена вредност), па затоа и данокот се нарекува така. Само последниот го плаќа целосниот износ на ддв од сите фази.
    Сега има две варијанти:
    1. Државата да се јави како фиктивен купувач на се што ќе купиме, па таа да го "плати" ддв-то сама на себе
    2. Граѓаните да ги чуваат сите фискални сметки преку цела година, па на крај да одат до УЈП и да си побараат поврат.
    Првата ситуација е невозможна, затоа што држава не создава капитал, таа само располага.
    Втората ситуација е возможна, само ќе биде глупава. Ако им се враќа ддв-то на сите, тогаш зошто воопшто да постои како данок и да се собира? Данок не се пари кои се земаат на заем од граѓаните, па после да се вратат назад
     
    На Ne_sum_ja, Meh, ION и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bonnie and Clyde

    Bonnie and Clyde

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    5.353
    Допаѓања:
    4.137
    па добро познато е зашто се собира данокот и ок немора 15% нека вратат 7%
    али верувај дека у значителен број ке се намали затајувањето на данок, преку ова можат да ги фаќаат и оние што работат на црно али да не навлегувам у тоа :)
    и да создава државата капитал преку државните фирми, земјиштето, недвижностите итн итн
     
  15. Xibalba

    Xibalba Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.708
    Допаѓања:
    10.149
    Зошто глупава, како што може на фирмите што мораат да платат ДДВ штом фактурираат, па после им ги враќаат, може и на физичките лица.
     

Сподели преку: