Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ако не постои вера во бесмртноста на душата тогаш се е дозволено -Достоевски
Ако се е ништо и нема за што да се живее тогаш единствениот логичен заклучок е лудилото ,единствениот излез од овој самоуништувачки свет е лудилото. -цитат од ``Последниот вистински бунт`` најдобрата книга што некогаш ја имам прочитано.
ПА ЗАР НЕ Е???

И не, не единствениот излез лудилото. Едноставно ќе си живееш за себе, тука и сега, како што живееле луѓето пред да ги фати ова лудило наречено религија.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Го очекувам (се надевам логичното) објаснување.
Еве го објаснувањето:

Привидната противречност е последица од две работи:
- зависи од тоа дали евангелието е пишувано од Апостол кој бил очевидец на настанот или не (на пример, Апостолот Марко, еден од 70-те а не еден од 12-те, го пишува евангелитео според зборовите од Апостолот Петар а не според него самиот, кој не бил Христов очевидец, т.е. очевидец на Христовите дела)
- зависи и од тоа, дали евангелистот ги опишува настаните хронолошки или не. Затоа има разлики во евангелијата: некои почнуваат со самиот Христос и Неговиот родослов, и се релативно обемни, а некои, како марковото, се кратки, јасни и концизни и се задржуваат на дел од Христовите дела.
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Уште од детството луѓето ги наведуваат да веруваат во приказната за Исус онаква каква што е сочувана во четирите евангелиа, ако не од Бог вдахновена, барем неотповиклива. Четирите евангелија не само што се меѓусебно противречни туку наместа и драстично се разидуваат. Само две евангелија зборуваат понешто за потеклото и раѓањето на Исус (по Матеј и по Лука) но и тие се во меѓусебен расчекор.

Према Матеј Исус бил аристократ ако не и полноправен и законски крал, потомок Давидов преку Соломон. Од друга страна према Лука, Исусовата фамилија иако по потекло од куќата Давидова била со нешто понизок род, додека Марко ни го дава приказот за сиромашниот дрводелец.

Според Лука на раѓањето Исус го посетиле овчари, спрема Матеј тоа биле кралеви.

Според Јован распетието се случило ден пред Пасха, според Марко, Лука и Матеј ден после Пасха.

Кај Матеј и Марко Исусовите последни зборови се: "Боже мој, Боже мој зошто ме остави", кај Лука: "Татко во твои раце го предавам мојот Дух", а кај Јован само: "се заврши"

Имајќи ги во предвид сите овие разидувања четирите евангелија, несомнено дека се оспорува нивната валидност.

...би сакал ова Спирос да го прокоментира
 
Ајде, накратко:

- Стварно, Исус има царско потекло, од племето Давидово.
- Мајката Божја има свештенско потекло.
- Исус, во својот овоземен живот, пред да почне да проповеда, работи како дрводелец. Со тоа, само посочува личен пример за тоа како треба да се живее христијански-во целосна дискреција и од својот труд.
- Раѓањето од Младенецот, го посетиле И мудреците од Исток и блиските пастири,
- Распетието се случило ПРЕД пасха, во петок, денот пред саботата, т.е. пасхата (преминот) јудејски,
- сит евангелсити точно кажале што кажал Он на крстот: зависно дали биле очевидци или пишувачи на евангелието според усно сведоштво.

Нивната валидност е неспоран, оти сите евангелија заедно, сведочат за исти настани, видени од различни поединци.
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
...ајде накратко одговори ми и ова, гледам си многу љубезен

Дали на Исус му се обраќале со "ravi" (Рабин), и ако да, дали тој имал титула Рабин?

благодарам
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„Рави„ е исто што и Учител. Да, Исус, Синот Божји Единороден, е и Учител. Прочитај го евангелскиот настан кога Он (Бог) им ги мие нозете на своите апостоли и самиот потврдува дека е и Учител и Господ. „Рабин„ е јудејски/еврејски свештеник. А Исус не бил (не е) рабин, оти не ни бил дел од јудејското свештенство, туку Месија, Спасител, со своја мисија на Земјата а пратен од Отецот.
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Ниту еден од евангелистите не бил очевидец на распнувањето...барем не од оние четворица кои сте ги ставиле во оваа туристичкава верзија на библијата (ако тоа воопшто се случило), најстаро е евангелието по Марко, а познато е дека при престојот на Савле во Рим, Марко фаќал белешки од кои подоцна го составил евангелието...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хммм... А Апостолот Јован, оној на кој Христос му рече„„...еве ти мајка..„ Нели е Јован присутен на распетитето Христово?
 
Bobi_kr_palanka

Dwayne The Flash Wade
Член од
26 јули 2008
Мислења
350
Поени од реакции
150
Како што гледам според анкетата има доста лѓе што веруваат во религијата повеќе отколку во науката па ако е така зашто ги користите пронајдоците на науката, зашто не користите некој пронајдок на религијата?
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Како што гледам според анкетата има доста лѓе што веруваат во религијата повеќе отколку во науката па ако е така зашто ги користите пронајдоците на науката, зашто не користите некој пронајдок на религијата?
Koj na primer ? Inkvizicijata ?
 
HallowHim

you'll never walk alone
Член од
14 јануари 2009
Мислења
232
Поени од реакции
5
ne znam zosto zboruvate gluposti..... dali postoi gospod zosto ne go vidam? i ne znam sto drugo.... abe da ve prasam dali postoi vozduh? ke recete da....
dali go gledate ...ne
epa toa e najlogicnoto sto se povrzuva so gospodto toj postoi aman ne go gledmae....samo treba malku logika zo ovie nesta............
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Од фактот што постојат религиозни луѓе не може да се изведе заклучок дека постои бог, бидејќи во тој случај би постоеле толку богови колку што има(ло) вери. Но ако за сите несреќи во светот сакајќи да се одбрани бог, се обвинува човекот, тогаш во тој случај се наметнува прашањето, зошто бог ако имал намера да создаде совршенство, сакајќи да му помогне на човекот и да му направи услуга, зашто му дал несовршена природа и неморален карактер, зашто не му дал таков разум кој непогрешиво би го водел по патиштата на доброто како кон себе така и кон другите? Вака несовршен, човечкиот разум е во директна спротивност со бесконечната мудрост и доброта на бог, која ја демантира фактот што чесните и добрите луѓе се често несреќни, додека нивните противници и разни злотвори живеат среќно и во изобилие.
 
tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
ne znam zosto zboruvate gluposti..... dali postoi gospod zosto ne go vidam? i ne znam sto drugo.... abe da ve prasam dali postoi vozduh? ke recete da....
dali go gledate ...ne
epa toa e najlogicnoto sto se povrzuva so gospodto toj postoi aman ne go gledmae....samo treba malku logika zo ovie nesta............
Ти дишеш бе??? Епа ете ти доказ за воздухот....
 
G-Kidd

Завршетник
Член од
29 април 2007
Мислења
45
Поени од реакции
2
Од фактот што постојат религиозни луѓе не може да се изведе заклучок дека постои бог, бидејќи во тој случај би постоеле толку богови колку што има(ло) вери. Но ако за сите несреќи во светот сакајќи да се одбрани бог, се обвинува човекот, тогаш во тој случај се наметнува прашањето, зошто бог ако имал намера да создаде совршенство, сакајќи да му помогне на човекот и да му направи услуга, зашто му дал несовршена природа и неморален карактер, зашто не му дал таков разум кој непогрешиво би го водел по патиштата на доброто како кон себе така и кон другите? Вака несовршен, човечкиот разум е во директна спротивност со бесконечната мудрост и доброта на бог, која ја демантира фактот што чесните и добрите луѓе се често несреќни, додека нивните противници и разни злотвори живеат среќно и во изобилие.
Тоа би го знаел зошто е така доколку ја прочиташ библијата...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom