Мики во мојов ум нема никаква конфузија, знам дека се што е од религија е млатење празна слама, туку гледам овие пророциве или како ги викате Матеј итн... Кај нив се појавува конфузија и тие си противречат еден на друг, не јас... :helou:
Со самото тоа што велиш дека кај тебе немало конфузија, веќе си даваш значење на „безконфузен„ па сега, биди шизик и оди до крај и ајде, растолкувај ни ги, нам неупатените, забележаните конфузии во Писмото.
Веќе реков: Светите Оци не си противречат едни на други, туку напротив: се надоврзуваат и надополнуваат еден кон/со друг. Јас ни оддалеку не сум отец, па постов ќе го пишувам спред моето тековно познавање на нештата. Од друга страна, барем мене лично, не ми е познато дека било кој Отец или современ богослов забележал „грешка„ во Писмото и ја квалификувал токму со тој збор-„грешка„. Но, никогаш не се знае: еве, на форумов на пример, се најдоа и такви „грешконаоѓачи„.
Тоа кое ти го нарекувш конфузија, која наводно постои во Писмото, има свое објансување. Најчесто, тие „конфузии„ се оденсуваат на родословите од одредена библиска личност, вклучувајќи го и самиот Христос и Неговиот родослов. Кај дел од библиските родослови, некои личности (генерации) намерно не се споменати, поради нивното недолично однесување или поради нивната блискост со пагана и незнабожци. Исто како и името од антихристот, и нивните имиња не се запишани во Писмото.
Понатаму.
Она кое е привидна конфузија во Писмото, има свое точно разјаснување и дообјаснување, па така, конфузијата отпаѓа после точното толкување на одреден „конфузен„ дел и стих од Писмото, За сите лични „конфузии„ во пристапот кон Писмото, потребно е посочување на конкретна конфузија и нејзино богословско разјаснување.
Понатаму.
Во Писмото, многу е побитно и душоспасително ако се прими духот од Писмото и неговите пораки и негоивата улога во животот од верникот а не впуштање во барање „конфузни„ места во истото, кои можат да бидат објаснети само од силно писмени богослови. И не само тоа: наоѓањето „грешки„, „конфузии„, „портивречности„ и слични категории во Писмото, претставуваат показател на степенот на лично неверување и сомнеж во зборот Божји. Ако зборот Божји се прими со дух и преку Духот Свети, тогаш, со Писмото се е во ред. Ако зборот Божји се прима рационално, ете ти можност за наоѓање „грешки„ во Писмото.
Повели, и понатаму барај конфузии...
Еве, листајќи ја посочената страница со некои 400 прашања, можам да го кажам следното: на некои може да се одговори, на некои тешко или никако. Она ке е битно за спасение на душата, веќе е впишано во Писмото. Она кое е помалку битно или небитно, не е ни споменато или намерно не е споменато во Писмото. Добар дел од тие прашања се најблаго речено, богохулни, па не се вредни ни да се прочитаат а не да се одговорат. „...Дали Исус пиел на крстот?...„-Бог да чува од вакви прашања.