U
UnholY
Гостин
Формално гледано, аргументот на каузалност или аргументот на првата (пра)причина е наједноставен и лесен за поставување, а пред се за разбирање.Законот за каузалност
Секоја последица има своја причина или, што е еквивалентно, нема последица без причина.
Причина за моето постоење се моите родители. Јас сум последицата.
Причина за нивното постоење се нивните родители итн.
Причина за постоењето на дрвената маса е некое дрво, тоа пак од некоја семка, семката пак од некое друго дрво итн. На овој начин се создаваат каузални низи и бидејкји од една причина може да произлезат повеќе последици, кои потоа исто така стануваат причини за некои други последици, всушност добиваме едно огромно причинско-последично дрво (станува збор за симболично дрво).
Ако погледнеме во коренот на ова дрво, доаѓаме до една прапричина (првопричина) за постоење на се друго, освен на првопричината, која мора да биде независна од сите творби, надвор од нив и над нив. Вакво својство има само Бог.
Пошто, нели, ако гледаме од аспект дека се во светот(секоја појава, последица) има своја причина, одиме наназад и наназад преку целиот тој ланец на причини и стигнуваме до првата причина, на која и се дава име Бог(Творец на универзумот или попрецизно на се шо постои).
Е, сега, зошто е тој навидум аргумент толку едноставен и излишен.
Огромен процент од групацијата на научници и филозофи многу одамна и постојано ја испитувале наведената проблематика и секој давал сопствена елаборација на истата.
Во минатото хиндуистите тврделе дека светот лежи на слон, а слонот на желка.
А, желката?
И нормално никој не можел валидно да го порази истото прашање.
Идентично е и со теистичиот ''аргумент'', ако се мора да има причина, тогаш причина мора да има и Бог.
Ако се сведеме на една прапричина, односно Бог, тогаш веднаш се поставува прашањето, Кој го создаде Бог?
Пошто ако се има своја причина и од таа произлегува последица како шо е наведено, тогаш и Бог мора да има своја причина и би морало да постои нешто пред него.
Која е причината да сметаме дека воопшто светот имал почеток?
Кога упорно се оди во назад и назад низ ланецот на причини до бесконечност.
Затоа ''аргументот'' практично паѓа во вода и повеќе ја нема виталноста која некогаш ја имал.