Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Eh nihilo, nihil fit.



Аксиомата "Од ништо произлегува само ништо" е фундаменталена за
природните закони. Но за жал таа не е фундаментална за атеистите,
некои од нив, на пример Питер Еткинс, пробуваат да не убедат дека
и покрај огромната големина и разновидност, Вселената претставува
едно усовршено и привлечно преуредување на ништото, пробува да не
убеди дека Ништото се претворило во Материја, која потоа си создала
природни закони, кои ја натерале да се шири и да се организира, за да
биде она што е денес. Сега ќе разгледаме колку требало да бидат
прецизни параметрите на природните закони кои си ги создала
"Интелегентната Материја"
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прецизно поставени параметри.

1) Полнежот на протонот и електронот е совршено еднаков.

2) Ако односот на масите на протонот и електронот ([FONT=fixedsys,arial black]1836 : 1[/FONT]) беше
значително поинаков, не би можеле да се образуваат неопходните
молекули, па ни би имало ни хемија, ни живот, ни физичари кои би
го истражувале тоа.

Релативниот однос меѓу четирите основни сили во природата:

3) Односот меѓу релативните јачини на електромагнетната и гравитационата
сила е фасцинантен. И двете сили играат неопходна улога во формирањето
и градбата на ѕвездите.Тие се држат меѓу себе со помош на
гравитационата сила, а енергијата која ја зрачат е во вид на
електромагнетно зрачење. Физичарите укажува дека доколку гравитацијата
би била различна за само еден илјадити дел, тогаш ѕвезди како
нашето сонце воопшто не би постоеле, а сосема сигурно не би постоеле
и облици на живот кои за свое одржување зависат од ѕвезди-сонца.

4) Исто така односот помеѓу Јаката и Слабата нуклеарна сила во
атомот е фасцинантен. Овие две сили ги определуваат заемодејствата
помеѓу протоните, неутроните и електроните во атомот.

Физичарите укажуваат дека доколку Јаката нуклеарна сила би била
само малку послаба, атомите кои во своите јадра содржат повеќе од
еден протон, никогаш не би можеле да се образуваат.
Во таков случај целата вселена би се состоела од водород,
кој има само еден протон во своето јадро.
Од друга страна ако Јаката нуклеарна сила би била малку појака,
целокупниот водород во раната вселена би се претворил во хелиум,
а без присуство на водород во подоцнежната фаза, не би можеле да
се формираат ѕвезди.
И најмали промени во Слабата нуклеарна сила би имале погубно
дејство врз животот, но таа е токму на потребното ниво кое
овозможува водородот да гори бавно и со иста брзина во огнената
внатрешност на ѕвездите.
Стивен Хокинг го нагласува значењето на прецизната
урамнотеженост меѓу основните сили и заклучува:
Станува јасно дека има релативно мал избор на бројни вредности кои
овозможуваат развиток на каков било облик на интелегентен живот.

5) Стивен Хокин вели дека: Ако експанзијата на универзумот би била
само сто илјади милиони милионити дел побавна, целиот универзум
би колапсирал многу рано. А ако експанзијата би била појголема за
еден милионити дел, тогаш галаксии, ѕзвезди и планети немаше
никогаш да се формираат.

6) Ако резонантното ниво на Јаглерод 12 беше за [FONT=fixedsys,arial black]4%[/FONT] пониско,
Јаглеродот немше да се формира. А ако пак беше за [FONT=fixedsys,arial black]0.5%[/FONT] повисоко,
тогаш речиси целиот Јаглерод би бил "исчистен", што би значело дека
не би се соединувал со хелиумовите јадра за да создаде кислород.
А ако нема јаглерод ќе не нема ни нас.
Јаглеродот, Кислородот, Азотот и други потешки елементи потребни за
живот, сите зависат од ова.

7) Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од сонцето,
за да добива соодветно количество на топлина и светлина.

8) Наклонетоста на Земјината оска од [FONT=fixedsys,arial black]23.45°[/FONT] во однос на
рамнината на нејзината орбита, игра голема улога во климатските
промени на земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја
обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друга
месечина во Сончевиот систем кружи околу својата планета по
екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за
астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува
појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога
за животот на земјата.

За повеќе информации околу прецизно поставените параметри во и околу
Земјата, види повеќе во следното поглавје "Плански создадена планета".

Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека
создавањето на космосот, галаксиите, ѕвездите, планетите,
атомите, молекулите, животот и неговото одржување на земјата е
строга, планска и високо интелегентна космичка функција,
која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Плански создадена планета.


Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и на
други планети, а не само на Земјата. Тоа е во ред, но во меѓувреме да се
потсетиме какви се уникатни и строги услови треба да исполнува една планета,
за да поддржува живот, и колкава е реалната веројатност да најдеме живот на
друга планета.

Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е
нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселената
има само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со
неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите
завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски
елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е
збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со
неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски
елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.

Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган,
пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзина
близина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би имала
поголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со што
би оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна,
таа ѕвезда (сонце) не би смеела да биде ни со премногу мала маса, сашто
во таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивната
меѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот.

Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот на
планети Џорџ Ведерил (Георге Њетхерилл) од Институтот Карнеги во
Вашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание за
нашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таква
димензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 пати
почесто погодувана од комети и кометски материјал.

Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоа
што е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат од
тоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата.
А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат,
водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара).

Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно,
разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи.
Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровите
би била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еден
мирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини од
неколку илјади километри на час!

Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосферата
ќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните,
а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата.

Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би била
подалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски за
постоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температурите
би биле премногу високи за живот.

Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би имало
силни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот на
површината на Земјата не би биле соодветно заштитени.

Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногу
кислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, би
имало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања.

Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата е
идеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена
бавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.

Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана.
Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа е
најодговорна за евектот на стаклена градина кој е од суштинско значење
за одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените граници
за да истата може да подржува живот.
Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над [FONT=fixedsys,arial black]70°Ц[/FONT],
би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило.
Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите острови
и полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок.
А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата.
Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од
целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно
поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.

Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално
погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена
бавча; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.

Бојата и интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна.
Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе нема
доволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена кон
сината боја.

Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината
орбита, игра голема улога во климатските промени на земјата, а уште
поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната
рамнина, додека секоја друга месечина во Сончевиот систем кружи околу
својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува
мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги
овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога
за животот на земјата.

Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени,
ќе ги споменеме уште:

проѕирноста на атмосферата
атмосферскоит притисок
минерализација на почвата
сеизмичките активности
температурниот градиент на атмосферата
соодносот меѓу океаните и континентите
локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
густината на планетата, и многу други параметри.

Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на
галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена,
строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и
прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме
која е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме
субјективни ако кажеме дека таа веројатност е многу мала.

Прашање до атеистите:
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала,
зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Потеклото на животот.


Дали може животот да потекнув од неживата неинтелегентна материја?
Дали јас и ти, еден комарец и еден слон е можно да сме само една
случајна рекомбинација на материјата, која заедно со природните
закони се само една случајна трансформација на Ништото ?
Ако земете едно парче месо (не зготвено) и го фрлите во двор,
а потоа за неколку дена го набљудувате ќе видите многу мали црвчиња
во него. Порано некои луѓе сметале дека мртвото месо, само од себе
си создавало црви за да го изедат потоа. Сега со ова тврдење тешко
може да се положи испит по биологија. Денес јасно се знае дека црвите
не потекнуваат од мртвото месо туку од ларвите заробени во него,
кои навлегле во него додека било живо (на пример преку исхраната).

Милеровиот експеримент

Повеќето атеистички научници сметаат дека животот настанал случајно
во една прабиотичка супа, каде случајно се нашле потребните зачини и
потоа громовите, брановите и ветровите ја мешале оваа супа од која
произлеговме денес јас, ти и се живо околу нас.
Како и да е, пред околу 53 години Опарин, Милер, Широно и други
излегоа со фасцинантни идеи за тоа како се готвела оваа супа,
со фасцинантни планирани драми за одигрувањето на оваа случка.
Во строго определени лабараториски услови овие научници се обидоа
да ја одиграат таа драма и добија неколку амино киселини. Избрзано се
израдуваа и му соопштија на светот дека живот може да се добие во
лабараторија. Но кога Милер продолжи да го унапредува експериментот,
неговиот оптимизам спласна.

1) Од околу 100 познати аминокиселини, само 20 се користатат во
протеините и сите од нив се левораки. Аминокиселините кои они
ги добија беа половина левораки, половина деснораки.
Односот бил [FONT=fixedsys,arial black]50 : 50[/FONT] . Тоа е смртоносна комбинација. Кога би се
вметнала макар и само една деснорака аминокиселина, би го разурнала
целиот сиџир од аминокиселини.


2) Постои и концепски проблеми. На пример: нема причина да веруваме
дека произволното соединување на аминокиселините ќе образува нешто
корисно, а доколку ги спомнеме можните комбинации, броевите (како што
подоле ќе видиме) се од редот на бројот на честици во целата
вселена, па и далеку поголем од него.

3) Случајните настани и неинтелегентното создавање го заменаа со
лабараториски услови и со интелегентни научници. Творецот натажено
ги гледаше овие научници како се обидуваат да го имитираат.
Но гласовите замреа, 53 години поминаа, а напредок нема.
Франкенштајн остана во филмовите.

4) Колкви се броевите?

Големи се.
Информациите што ги содржи еден хромозом кај човекот се
еквивалентни на [FONT=fixedsys,arial black]500[/FONT] милиони зборови. Со просек од [FONT=fixedsys,arial black]400[/FONT] зборови по
страница, би биле потребни [FONT=fixedsys,arial black]5435[/FONT] книги од по [FONT=fixedsys,arial black]230[/FONT] страници за да се
запишат овие зборови, а цела библиотека од [FONT=fixedsys,arial black]250000[/FONT] книги за да се
запишат информациите кои се содржат во 46-те хромозоми кај
оплоденото човечко јајце.

Франсис Крик ја пресметал веројатноста за спонтано образување
на една најпроста протеинска компонента од само 200 аминокиселини
(нешто многу попросто од една ДНА молекула)
Тој добил [FONT=fixedsys,arial black]1 : 10000...0 (260 нули)[/FONT].
Бројот на честици во вселената изнесува околу [FONT=fixedsys,arial black]1000..0 (80 нули)[/FONT]
Ако овој број го помножите три пати сам со себе, бројот погоре
сепак ќе биде околу сто милиони билиони пати поголем од овој производ.

Во своето дело "Еволуција од Вслелената", познатиот британски
астроном Фред Хојл и Викрамасинге пишуваат дека веројатноста
животот да настанал случајно изнесува [FONT=fixedsys,arial black]1 од 1000...0 (40 000 нули)[/FONT]
За споредба, бројот на честиците во Вселената би требало сега
[FONT=fixedsys,arial black]500[/FONT] пати да го помножиме сам со себе за да дојдеме до овој број.
Хојл вели: Кога ќе размислите дека еден типичен ензим има синџир
од можеби [FONT=fixedsys,arial black]200[/FONT] врски и дека има [FONT=fixedsys,arial black]20[/FONT] можности за секоја врска, лесно е
да се увиди дека бројот на бескорисни комбинации е огромен, поголем
од бројот на атомите во сите галаксии видливи со најголемите
телескопи. Тоа е само еден ензим, а има преку [FONT=fixedsys,arial black]2000[/FONT] такви кои служат
за многу различни цели.
Оттука, како дошло до оваа ситуација која ние сме ја затекнале ?
Хојл додал: Наместо да ја прифатиме извонредно малата веројатност
дека животот настанал преку слепите сили на природата, изгледа дека
би било подобро да претпоставиме дека потеклото на животот бил
еден промислен интелектуален чин.

5) Атеистите најчесто велат дека Времето е херојот на драмата,
ако има доволно време, се може да се случи, невозможното станува
веројатно, а веројатното станува сигурно. Но дали е навистина така?
Како што видовме, Универзумот има свој почеток, минатото е огромно
(15-20 милијарди години според Биг Банг), но сепак тоа е конечно,
атеистичкиот херој е конечен.
Научникот Франк Салсбери вели:
Замислете си сто милиони билиони планети и на секоја од нив по
еден океан длабок [FONT=fixedsys,arial black]2км[/FONT] и збогатен со присуство на погодни
делови од ДНА кои се размножуваат [FONT=fixedsys,arial black]1000 000[/FONT] пати во секунда,
со присутни мутации во секоја последователна репродукција.
Под вакви услови, Салзбери пресметал дека би биле потребни билиони
вселени за да има реални шанси да се развие еден ген во текот
на 4 милијарди години, дури и ако [FONT=fixedsys,arial black]1000...0 (100 нули)[/FONT] различни
ДНА молекули би можеле да ја извршуваат истата генетска функција.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Антрополошко-Психолошки сведоштва.

Материјата не е свесна за своето постоење, не знае што е тоа
интелегенција, не знае ни колку букви содржи тој збор.
Материјата нема емоции. Гравитацијата ги привлекува честичките,
но дали е таа клучна во привлекувањето кај нас луѓето?
Тешко дека искрено заљубен човек ќе го убедите дека љубовта е
создадена од материјата.
Кај материјата не постојат морални и етички норми, не постои
чувство на вина. Протонот не се срами од неутронот. Фотонот не
плаче, ниту се смее. Електроните не играат оро околу јадрото.
Зарем е можно кога размислуваме за сите овие работи,
да мислиме дека размислувањето е само продукт на некои хемиски
реакции во нашата глава. Многу е тешко да се биде атеист.
 
Член од
13 ноември 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
според мене, анкетата ти е бесмислена, на прво место. и како второ, прочитав само мал дел од почетокот и одма се откажав, затоа што не си изнел никакви факти, туку цитати од некој си (без разлика дали е Њутн, или кој и да е, ако имал теорија дека постои такво нешто како Бог, Создател Законодавец или што и да е, тоа може само да биде негово верување, и во никој случај не значи дека е вистина). може да расправаат за релативитетот и гравитација, ама не и за господ.
како и да е, не читав надоле, затоа што знам дека НЕМА ШАНСИ да изнесеш доказ дека постои господ. ако е така, Црквата богато ќе те наградеше до сега. тебе или тој што го нашол доказот. доказот лежи во тебе. го имаш или го немаш. јас го немам. значи, мислам дека сепак се работи за лично убедување...затоа мислам дека џабе си пишувал толкави постови, без навреда.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Само кажи ми дали веруваш во тоа дека земјата настанала од Бог за 7 дена.
Како идат не знам....1ден небо и земја, па ден и ноќ....итн.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
cream, изјавите на научниците воопшто не ги бројам како теистички аргументи, туку само ги цитирав во воведот како едно добро подгревање на темата. А вистинските аргументи ги напишав подоле.
Но во ред е доколку не сакаш да ги прочиташ и коментираш.
 
Член од
13 ноември 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
Целата природа сведочи дека постои Бог. Целата природа сведочи дека зад созданието стои Создател, зад фасцинантниот дизајн стои Дизајнер, зад природните закони постои Законодавец и зад разнобразниот живот стои Животодавец.
Колку што повеќе напредува науката, таа се повеќе докажува дека целата вселената и животот во неа не се случајни појави, туку плански созданија целисходно создадени од еден интелигентен Создател.

1. Постојат многубројни научни аргументи кои ја потврдуваат неопходноста од постоењето на Интелигентен и Плански Создател, кој популарно се нарекува - Бог.
2. Во интерес на вашето внимание и просторот на овој форум, ќе наведам само 50 аргументи, а потоа секако заедно со ваша помош ќе продолжиме да наведуваме и други научни аргументи за постоењето на Бог.
3. Исто така ги поканувам и атеистите да наведат што е можно повеќе научни аргументи за непостоењето на Бог, за да можеме на крајот да измериме кој има повеќе аргументи за својата вера.
е вака сега.
1. ако сакаш да ја објасниме "НЕОПХОДНОСТА за постоење на .....бог", тоа лесно и едноставно се објаснува со недостаток од знаење, и немоќ да си објасниме зошто дрвата се зелени, и зошто се ни прави - или НЕ ни прави смисла, па затоа се бара ВИША сила, затоа што не можеме да си објасниме некои од ПРИРОДНИТЕ појави (нагласувам ПРИРОДНИ, затоа што природата е таа што е конечна, не постои некој позади нејзе кој ја создал, тоа е малку...неинтелегентно, без навреда)
2. овие 50 што си ги навел, НЕ СЕ и НЕМА ШАНСИ да се аргументи, може да се теории, размислувања, убедувања...а никако АРГУМЕНТИ.
3. аргументи за непостоење, за разлика од аргументите за постоење, ИМА, и затоа ќе ти цитирам едно мислење, па одговори ми, и нема веќе да должам на оваа тема, за да не создавам дистракција од вашиот муабет за вербата во господ (затоа што според мене е подоле и од смешно да се каже дека постојат АРГУМЕНТИ за постоење на бог)
еве го цитатот, ако може да ми одговориш, затоа што оваа е една од најголемите причини што ме одвратиле од вербата во "создател, или поточно, законодавец"
3.......Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави!?
каде е законот овде, знаеме дека цитатов е виститнит, знаеме што се случува во светот, нели?
и јас колку што знам, колку повеќе напредува науката, не докажува дека целата вселена е ПЛАНСКИ создадена, туку баш напротив, дека сетоа тоа е ХАОТИЧНО создадено...не ви е малку бизарно да мислите дека некој си седи во вселената и си реди планети кај ќе му текне...?:toe:
може го издолжив муабетов, ама мислам дека се изнакажав :D
чекам одговор, ако прочита некој
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Имам многу погледи врз оваа тема но ќе кажам само неколку работи.

Како можеш да бидеш сигурен дека овие услови се идеални за живот?
Да, идеални се за човечкиот организам. Но може да бидат сосема фатални за трет организам изграден за комплетно други услови.

Исто и за другите точки, од кај знаеш дека во вселената не постоеле други сили и енергии кои од малку пониски или повисоки вредности не исчезнале?

Теоријата за големата експлозија е...теорија. Еден највероватно неуспешен обид човечкиот ум да си го замисли почетокот на универзумот.
Факт е дека човечкиот ум е и МНОГУ ограничен во споредба со големината на универзумот. Има работи што се едноставно над нашето ниво на сфаќање, настанокот на универзумот е еден од нив.

Бог е најлесен и најпрост начин да се објасни се тоа. Си беше еден ентитет и го створи универзумот.
Нема доказ! Нема ни да има доколку тој ентитет не го докаже тоа а тоа е практично неизводливо.
Науката пробува да го објасни тоа со ФАКТИ. Но како што реков, премногу сме ограничени умствено за да се сфати тоа.

бтњ анкетата ко што рекоа не ти прави смисла. Јас сум атеиста и верувам во науката. Не знам за што да воутнам.
 
Член од
13 ноември 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
Само кажи ми дали веруваш во тоа дека земјата настанала од Бог за 7 дена.
Како идат не знам....1ден небо и земја, па ден и ноќ....итн.
ако е за мене прашањево, секако дека НЕ верувам...се гледа од постовите ја мислам...а ако е за чорбаџијата, ок, нека си каже
 
Член од
13 ноември 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
Dragon[Sky];1860666 напиша:
Како можеш да бидеш сигурен дека овие услови се идеални за живот?
Да, идеални се за човечкиот организам. Но може да бидат сосема фатални за трет организам изграден за комплетно други услови.

Теоријата за големата експлозија е...теорија.
Факт е дека човечкиот ум е и МНОГУ ограничен во споредба со големината на универзумот. Има работи што се едноставно над нашето ниво на сфаќање, настанокот на универзумот е еден од нив.

Бог е најлесен и најпрост начин да се објасни се тоа.
Нема доказ! Нема ни да има доколку тој ентитет не го докаже тоа а тоа е практично неизводливо.
Науката пробува да го објасни тоа со ФАКТИ. Но како што реков, премногу сме ограничени умствено за да се сфати тоа.

бтњ анкетата ко што рекоа не ти прави смисла. Јас сум атеиста и верувам во науката. Не знам за што да воутнам.
токму тоа ми беше муабетот. теории поткрепени со ограниченоста на човековиот ум. и јас не знаев за што да воутнам, па не воутав.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Со атеизам и со наука го докажуваш теизмот? Додуша онака како антипод на теизмот со атеизмот би успеал бидејќи постоењето на едниот е предуслов за постоењето и на другиот...

Науката па од друга страна воопшто не е ни антипод на нешто* ниту па го докажува постоењето на Бога т.е основата на теизмот - самиот теизам, друга работа е што науката си ја ставил во анкетава како антипод на ненауката* т.е постоењето на Бог кој се контри со научните сваќања или па науката во смисла на теизмот како - каква таква наука.

Или па ништо од тоа... туку дај наброј ги причините во читка и разбирлива верзија.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
eve i da veruvas vo boga, vo koj bog, kako go poimuvas, kako go obozuvas, kako mu se molis, ako si vernik moze ne si musliman, a i muslimanot e vernik, ako si musliman ne si hristijanin a i hristijaninot e vernik,znaci vernik ne e samo veruvanje vo bog, nego i vo kakov bog veruvas, kao go obozuvas kako mu se molis i taka natamu, znaci vernici ima kolku sto ima religii posto za religiite se mnogu bitni, mislam za niv se mnogu bitni nivnite dogmi posle obredite ritualite i t n, na primer dali klanjas namaz, dali se krstis, dali ides na pricest i slicno a vo seto toa kako da se gubi sustinata a toa e deka moralnosta e edina zaednicka crta vo site religii, nivnite eticki ucenja, a razlikite se samo vo simbolite, ikonografijata, athitekturata na nivnite hramovi, dogmite ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom