Иако, не ми е јасно како воопшто и е пристапено на ваков акт од страна на црквата, пошто јас искрено не гледам сличности во креационистичката и еволуционистичката теорија.
Колку што има сличности меѓу креационистичката и еволуционистичката теорија, толку сличности има и меѓу Христовата Црква и католичката црква.
Ме интересира само причината која иницирала црквата да изрази признавање на еволуционстичката теорија на Дарвин која по некоја логика преставува страшна крајност на нивната.
Верувај ми ова не претставува никаква крајност за католичката црква. Внесувањето новитети и промени е вековна традиција на католичката црква која датира од нејзиниот почеток.
Ако утре мнозинството нејзини муштерии, пардон, верници станат хомосексуалци, католичката црква ќе ја признае и благослови хомосексуалноста како алтернативен секс и веднаш ќе објави дека тоа не е во спротивност со библиското учење.
Зошто е тоа можно? Затоа што Библијата немала, ниту пак има некаков удел или пак авторитет во догмите на католичката црква. Таа уште од самите почетоци ја чуваше недостапна Библијата до обичниот народ на "светиот" неразбирлив и мртов латински јазик и не дозволуваше превод на истата се со цел обичната раја да не ја чита Библијата за да, не дај Боже, увиди дека догмите и праксата на католичката црква нема благе везе со она што го пишува во Библијата.
Реформацијата во католичката црква се случила токму со преводот на Библијата на разбирлив народен јазик и нејзиното масовно печатење (Гутенберговата печатница е конструирана само неколку години пред реформацијата - кец на десетка!)
Оние што се обидувале да ја преведуваат Библијата на народен и разбирлив јазик католичката црква ги прогласувала за еретици и ги спалувала на клада.
Денес разбирливите преводи воопшто не и пречат на католичката црква во спроведувањето на своите догми, затоа што нејзините верници и онака не ја читаат Библијата.
Нешто што мора да се разбере за да се сфатат потезите на католичката црква е тоа што на неа воопшто не и се важни нејзините догми, туку важни и се единството меѓу нејзините свештенички редови и меѓу верниците, политичката моќ, власта и економското опоравување.
Доколку ја гледате католичката црква повеќе како политичко-економска институција отколку како некоја "црква", тогаш многу појасни ќе ви бидат нејзините потези.
Правослвните цркви се малку поконзервативни во овој поглед, но и тие не се имуни на внесувањето новитети и промени во нејзините верувања и догми, со таа разлика што кога тие прават некои промени, од петни жили се прават тоа да биде спроведени низ тесна врата и неприметно, за да не дај Боже некој им пререче дека извршиле некаква реформација
Но факт е дека такви реформации се случувале и се случуваат во православните цркви. Такви се на пример реформацијата во јазикот на кој се пеат литургиите: од старословенски на македонски, потоа крштевањето на возрасни, потоа овогодишните разобличувања на некои пагански обичаи инфилтрирани во православните празници (иако сведоци сме дека свештениците беа со контраверзни ставови околу нив), потоа промената на некои пости итн.