Уште еден Атеист
Леле да ви кажам многу се нервирам вака кога читам како ги напаѓаат атеистите.... и морав да се регистрирам на форумов... ме натеравте....
btw... се она што не може човекот да си го објасни и не знае како функционира, многу е лесно да се каже дека е тоа од Бог... ама некои луѓе едноставно се љубопитни и бунтовници по природа, па сакаат да испитаат зошто е тоа така. Па ради нив еве денес седите на форум и куцате пораки. Ради луѓето што биле ГРЕШНИЦИ и НЕВЕРНИЦИ. Ама денес па нема црква без ADSL... :pos2:
и доста со чудни интерпретирања на зборот љубот. Љубовта не доаѓа од раѓањето, таа се создава. Бебето кога се раѓа не ги сака своите родители, туку љубовта се создава додека тие се грижат за него и го растат. Бебето ќе цица и од негователката и од бабата и од комшиката и од било кого, а ко ќе го научи зборот тато ќе му го каже на мажот што е со неговата условно кажано мајка, макар и тој да не му е биолошки татко.
За мене постојат само законитоси, а не желби на некого. Ако некоја законитост што сеуште човекот не ја испитал ја нарекувате Бог ---> ОК. Да за мене постои нешто што ги контролира работите, ама тоа се Математичка равенки, Физички закони, а не нечии желби. И во никој случај не можам да им се поклонам, на оние што ги спалувале луѓето што едноставно го истражувале непознатото.
Извинете ама ако мене попот ми каже дека сонцето не се врти околу земјата, зашто би му верувал. Верниците им верувале, научниците не и за тоа биле спалени на плоштад, за денес да видиме дека не биле во право.
Некој напиша демек у стил, па и црквата е составена од обични луѓе грешници. Па тогаш зашто им се поклонувате и им бацувате рака?
Се слагам дека во бибилијата има еден куп добри пораки и совети за живот. Тоа никој не го порекнува. Ама тоа не значи да има се поклонувам на грешници за да кажам дека сум верник.
Ај нека ми каже некој сега? Расколникот ЈОВАН во МПЦ или Владиката Јован од СПЦ? Иста Вера, иста црква, различни држави. Едните го обвинуваат крадел пари, другите го прогласуваат за Владика. Заклучок - Црквата е само политика и ништо повеќе од тоа. Обична група на луѓе кои сакаат да профитираат од човечкото незнаење воопшто. Ако според нејзе нешто не треба да се знае, ако треба и ќе коли и ќе беси на плоштад. Иста како секоја прљава политика и мафија.