Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Па гледај на вирусите како на наномажини кои се способни да препознаат одредени мембрански протеини какрактеристични за специфичен домаќин, каде што при контакт со нив реагираат и испуштаат во внатрешноста на домаќинот неколку кратки секвенци на ДНА или РНА и евентуално уште еден два ензими кои се довлни за да го искористата целиот систем на домашинската клетка и целата продукција на протеини и на дна односно рна секвенци да се преориентира да се создаваат точно тие карактеристични за вирусот и токму поради хемиските и физичките својства на тие протеини да се создаваат нови протеински капсули во кои ќе навлегуваат повеќепати реплицираните вирусни рна односно дна секвенци, со што се создаваат нови такви вируси ко претходно. А истите тие протеини и секвенци на нуклеински киселини можат да се создадат ин витро и да се добие од нив функционален вирус. Оваа постапка е релативно едноставна за бактериски вируси, малку е посложено дас е направат вируси кои напаѓаат еукариоти, ама и тоа е изводливо, само што никој нема потреба да направи такви вируси бидејќи доволни ги има со кои се бори човекот моментално.Пример, вака ....
Или пак една многу интересна идеја која ја има еден колега, кој првично студираше наноструктури и нантехнологија, имено создавање на капсула во која ќе можат да се складираат одредено количество на некои лековити молекули и при одреден хемиски односно физички сигнал да се менуваат од форма на отворен во форма на затворен канистар, така што ќе можат многу попрецизно да се таргетираат одредени заболени ткива со одредени медикаменти. Инаку ова е нешто слично што и еден вирус.