Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Пример, вака ....
Па гледај на вирусите како на наномажини кои се способни да препознаат одредени мембрански протеини какрактеристични за специфичен домаќин, каде што при контакт со нив реагираат и испуштаат во внатрешноста на домаќинот неколку кратки секвенци на ДНА или РНА и евентуално уште еден два ензими кои се довлни за да го искористата целиот систем на домашинската клетка и целата продукција на протеини и на дна односно рна секвенци да се преориентира да се создаваат точно тие карактеристични за вирусот и токму поради хемиските и физичките својства на тие протеини да се создаваат нови протеински капсули во кои ќе навлегуваат повеќепати реплицираните вирусни рна односно дна секвенци, со што се создаваат нови такви вируси ко претходно. А истите тие протеини и секвенци на нуклеински киселини можат да се создадат ин витро и да се добие од нив функционален вирус. Оваа постапка е релативно едноставна за бактериски вируси, малку е посложено дас е направат вируси кои напаѓаат еукариоти, ама и тоа е изводливо, само што никој нема потреба да направи такви вируси бидејќи доволни ги има со кои се бори човекот моментално.
Или пак една многу интересна идеја која ја има еден колега, кој првично студираше наноструктури и нантехнологија, имено создавање на капсула во која ќе можат да се складираат одредено количество на некои лековити молекули и при одреден хемиски односно физички сигнал да се менуваат од форма на отворен во форма на затворен канистар, така што ќе можат многу попрецизно да се таргетираат одредени заболени ткива со одредени медикаменти. Инаку ова е нешто слично што и еден вирус.
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Бацилиус наместо да прифатиш љубовта Христова се ослонуваш на Сатанските играчки, големи збунувачки зборови, кованици кои немаат никакво значење во Царството Вечно.

“биологија“, “еволуција“, “микроскоп“
Сулфурестиот си игра со тебе, зар не гледаш?!
 
trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Не бе дру3е ок е ти прифати си ја љубовта на господ и 3ивеј со тоа дека кога ке удри гром господ се љути.... лелее и гледај вокабуларот(речникот) да го сведеш на 3борови кои не содр3ат повке од 5 букви ....
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15

Од овие работи се гледа со потсмев на религијата....
Ова се работи за плашење на мали деца...
Бидете малце сериозни.. Како што гледате на науката со такви внимание, гледајте и на религијата, на Библијата.
Разберете ја како книга на мудрост, што тешко е да се открие секаде што вели... а напишана е пред 2 000 + години.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Па гледај на вирусите како на наномажини кои се способни да препознаат одредени мембрански протеини какрактеристични за специфичен домаќин, каде што при контакт со нив реагираат и испуштаат во внатрешноста на домаќинот неколку кратки секвенци на ДНА или РНА и евентуално уште еден два ензими кои се довлни за да го искористата целиот систем на домашинската клетка и целата продукција на протеини и на дна односно рна секвенци да се преориентира да се создаваат точно тие карактеристични за вирусот и токму поради хемиските и физичките својства на тие протеини да се создаваат нови протеински капсули во кои ќе навлегуваат повеќепати реплицираните вирусни рна односно дна секвенци, со што се создаваат нови такви вируси ко претходно. А истите тие протеини и секвенци на нуклеински киселини можат да се создадат ин витро и да се добие од нив функционален вирус. Оваа постапка е релативно едноставна за бактериски вируси, малку е посложено дас е направат вируси кои напаѓаат еукариоти, ама и тоа е изводливо, само што никој нема потреба да направи такви вируси бидејќи доволни ги има со кои се бори човекот моментално.
Или пак една многу интересна идеја која ја има еден колега, кој првично студираше наноструктури и нантехнологија, имено создавање на капсула во која ќе можат да се складираат одредено количество на некои лековити молекули и при одреден хемиски односно физички сигнал да се менуваат од форма на отворен во форма на затворен канистар, така што ќе можат многу попрецизно да се таргетираат одредени заболени ткива со одредени медикаменти. Инаку ова е нешто слично што и еден вирус.
Да, јасно е наномашини, нанотехнологија која може да прати мали роботчиња во телото на човекот и да има улога како лек... оваа идеја е малце од поодамна ама сеуште не може да се реализира....
Клучно е што велиш во последната реченица дека е слично на вирус... Да, НЕ е живо, не се храни може да опстои долго време, неограничено надвор, не му е потребно ништо за да опстане, а за да се “размножува“ требаат живи клетки...
Вештачки да се создаде живот не е возоможно. Може некаков си прототип со нанотехнологија..но далеку е од ЖИВО.

Начинот на кој работи е ист како компјутерот или некој микроконтролер со пропратна опрема, сензори и т.н. Кажи му ако најдеш нешто работи вака, така со е важно како нешто ќе прави... но живо е НЕ. :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А најтрагикомично е тоа што секогаш кога на некоја далечна или новооткриена планета ќе биде забележано присуство на органска материја, истата таа асоцира на живот и надвор од нашава планета.
Живот дава само Животодавецот и никој друг. Човекот-понајмалку. Дури би рекол дека на Земјата има неспоредливо повеќе одземачи на живот отколку творци на живот.
Да, невзоможно е да се создаде живот во лабораториски услови. Во реални-уште помалку. Тоа што лабораториски е создадена органска материја незначи дека е создаден нов облик на живот.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А најтрагикомично е тоа што секогаш кога на некоја далечна или новооткриена планета ќе биде забележано присуство на органска материја, истата таа асоцира на живот и надвор од нашава планета.
Живот дава само Животодавецот и никој друг. Човекот-понајмалку. Дури би рекол дека на Земјата има неспоредливо повеќе одземачи на живот отколку творци на живот.
Што има врска првото со второто.
Ај малку по твое....зар мислиш дека од целиот тој неограничен простор, тој (замислениот) го избрал само ова забутано ќоше.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што има врска првото со второто.
Ај малку по твое....зар мислиш дека од целиот тој неограничен простор, тој (замислениот) го избрал само ова забутано ќоше.

Точно, само ова ќоше е одбрано за создавање живот. Животот, воопшто, како појава, е својствен само за планетата Земја. Немам намера да „замарам„ со технократија, наведувајќи ги сите поволни услови за појава и опстојување на живи организми кои се својствени само за оваа планета и за ниедна друга.
А јасна е и оваа работа: дека целата Вселена е створена заради Адам, иако ниеден од Светите Оци нема дадено одговор зашто е Вселената толку голема а е создадена само заради еден човек. Тоа е сеуште неодговорено прашање-тајна. Верувам дека по второто Христово доаѓање и таа тајна ќе биде разјаснета.
 
Прилично смело тврдење со оглед дека познаваме само еден занемарливо мал дел од тој простор.
Создадена само за еден човек????? за што, да има во што навечер да гледа додека лежи со ева помеѓу две партии.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прилично смело тврдење со оглед дека познаваме само еден занемарливо мал дел од тој простор.
Создадена само за еден човек????? за што, да има во што навечер да гледа додека лежи со ева помеѓу две партии.

Коментаров ти е прилично недоличен, но има и делумна вистина.
Самиот поим „космос„ значи: ред, поредок, накитеност...да, Вселената има своја убавина и ред. Погледни ги фотографиите направени во познатите опсерватории и погледни го тоа богатсво од бои и ефекти кои ни најгенијалниот сликар неможе да ги наслика.
Ама Творецот може!

Мене лично, многу ми е мешен обидот кој беше направен со испраќањето на „Војаџерот“ кон крајот од 70-те години, особено со онаа позлатена грамофонска плоча со снимени звуци и говор. Што мислиш, кој неа ќе ја слушне, кога е повеќе од јасно дека нема други живи битија во Вселената: Кому таа плоча му е упатена?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Мене лично, многу ми е мешен обидот кој беше направен со испраќањето на „Војаџерот“ кон крајот од 70-те години, особено со онаа позлатена грамофонска плоча со снимени звуци и говор. Што мислиш, кој неа ќе ја слушне, кога е повеќе од јасно дека нема други живи битија во Вселената: Кому таа плоча му е упатена?
:smir:Се во свое време, само немој да се изненадиш кога еден ден некое мало зелено ќе ти заѕвони на врата и ке разврзете дискусија кој е створен по ликот на .....:vozbud:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
:smir:Се во свое време, само немој да се изненадиш кога еден ден некое мало зелено ќе ти заѕвони на врата и ке разврзете дискусија кој е створен по ликот на .....:vozbud:
Лично, ме плаши само тоа, пред врата да ме ми дојде некое мало црномањасто, лукаво, рогато, опашест, смрдливо и нападно творение со желба да ми пушти некоја друга плоча...:vozbud: а може и СА-ЦД или ДВД аудио...
Да сме живи и здрави па можеби некогаш, некој и некаде, ќе ја слуша и плочата од „Патникот„...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Лично, ме плаши само тоа, пред врата да ме ми дојде некое мало црномањасто, лукаво, рогато, опашест, смрдливо и нападно творение со желба да ми пушти некоја друга плоча...:vozbud: а може и СА-ЦД или ДВД аудио...
Да сме живи и здрави па можеби некогаш, некој и некаде, ќе ја слуша и плочата од „Патникот„...
Па ако е лукаво, нема така да се појави....пред врата ќе видиш нешто за што има одма да се разлигавиш:vozbud:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хмммм..а тоа е?...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom