За евреите, христијанството и исламот се зло. За христијаните, зло се евреите и муслиманите, и секако, за муслиманите и евреите и христијаните се зло. За тебе, сите три (и еден куп други) се зло. Што те прави тоа тебе подобар од еден евреј, христијанин или муслиман?
Христијанинот ја промовира својата вера како единствен пат за сите, исто и муслиманот, исто и евреинот, за разлика од мене. Јас не го тврдам тоа. Сите тие се спремни да убиваат други во името на својот бог, но не и јас. Јас можам единствено да убијам, само ако некој лично мене ме нападне и се обиде да ме убие!
Јас од 66 страни не можам да знам дали сатанизмот има или нема догми. Вашиот апостол ЛаВеј вели “сатанизамот поседува и церемонии и догми“, за кои ти велиш, се потребни за справување со емоциите. Има доволно записи по нетов за сатанистичките ритуали, од палења на крстови, собирање во круг на голи сатанисти и оргијање.
Догма е неменлив и со заповед наметнат закон или правило. Сатанизмот е токму спротивното на тоа. Оваа идеологија вели, ти си бог на самиот себе, твоите природни нагони и потреби се вистинскиот пат, и се што ги ограничува е погрешно.
Гледам дека вадиш реченици од контекст. Текстот вели дека на човекот му се потребни ритуали и догма,
НО ниеден закон не наложува дека екстернализиран бог е потребен да биде ангажиран во ритуали и церемонии изведени во име божјо!
Зошто потребата да ги исмевате догмите на слабите, на кои вербата во бог им е единствена емоционална потпора во животот? Со “смрт за слабите, раскош за силните“ ли се борите за подобрување на човештвото?
Веќе кажав зошто, затоа што сатанистот религиите ги смета за зло, за неприродна и себеуништувачка патека, која ги величи слабите, неспособните, бедните......За сатанистот тоа е глупост, нелогичност, зло кое оди против природните текови присутни кај сите останати живи суштества.
Се спомнува Хитлер во т.н. сатанска библија. ЛаВеј за него вели
Хитлер не беше будала што му понуди на германскиот народ среќа, на лично ниво, за да ја осигура нивната лојалност и нивната врвна ефективност.
Не ли е лицемерие на сатанизмот тврдењето дека Хитлер им понудил среќа на индивидуално ниво, кога сѐ што им даде беше заблуда за возвишеноста на нивната раса, која резултираше со прав и пепел?
Во сатанизмот јасно се вели дека се што ти причинува задоволство, можеш да го практикуваш,
НО треба да бидеш свесен за резултатите од своите дела. Токму затоа глупоста се смета за најголем грев.
Хитлер сакал да го воздигне неговиот народ, и да создаде супериорна раса на луѓе. И тоа е нешто со кое секој сатанист се согласува, тоа што е погрешно во сево ова, е (не)препознавањето на особините и начинот до тие особини кој би создале супериорни надлуѓе, и би ги елиминирале слабоста и несовршеноста.
Дали сините очи и русата коса се супериорни? Дали белата боја на кожата е супериорна?
Дали еврејскиот морал и религија се "слабоста" која треба да се елиминира од човештвото?
Ова се катастрофалните грешки на Хитлер, тој идентификувал погрешни особини, и применил погрешни методи, за да усоврши и воздигне еден народ.
Не се физичкиот изглед и наследниот морал "добрите" или "лошите" особини, туку тоа што човекот го воздигнува над останатите живи суштества. Посупериорниот интелект, како и способноста да се адаптира и опстојува.
Во посочениот цитат, се нагласува потребата и важноста на среќата на лично ниво, за да може таа среќа да се искористи за манипулација на целиот народ! Што мислиш, кој друг го прави тоа? Кој нуди "спасување" и лична среќа во вечноста, за да манипулира и заведува?
Повторно погрешен заклучок имаш донесено. Со тој цитат, Лавеј како пример го дава Хитлер, за да укаже како народот може да се заведе и манипулира, ако му понудиш нешто кое неможе да го одбие! Ако му понудиш убедување дека е благороден, важен, над останатите....