Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Душо зборев за етИкета, лабела, лепенка како сакаш кажи ја не за етика. Секој од нас сака во нешто да се пронајде и така да го нарекуваат нели (Освен Ставрогин :P, де бре р`чни ме малце сакам да се испокарам, ама немој да ме расплачеш... :D)
Е богами без зрцала ака наочари не се куцат.. извини... :) јебеш људи сме грешки правиме..

П.С. да бре мајката стварно етикета си пишала.. ех... јаден ја.. :tapp:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За евреите, христијанството и исламот се зло. За христијаните, зло се евреите и муслиманите, и секако, за муслиманите и евреите и христијаните се зло. За тебе, сите три (и еден куп други) се зло. Што те прави тоа тебе подобар од еден евреј, христијанин или муслиман?
Христијанинот ја промовира својата вера како единствен пат за сите, исто и муслиманот, исто и евреинот, за разлика од мене. Јас не го тврдам тоа. Сите тие се спремни да убиваат други во името на својот бог, но не и јас. Јас можам единствено да убијам, само ако некој лично мене ме нападне и се обиде да ме убие!
Јас од 66 страни не можам да знам дали сатанизмот има или нема догми. Вашиот апостол ЛаВеј вели “сатанизамот поседува и церемонии и догми“, за кои ти велиш, се потребни за справување со емоциите. Има доволно записи по нетов за сатанистичките ритуали, од палења на крстови, собирање во круг на голи сатанисти и оргијање.
Догма е неменлив и со заповед наметнат закон или правило. Сатанизмот е токму спротивното на тоа. Оваа идеологија вели, ти си бог на самиот себе, твоите природни нагони и потреби се вистинскиот пат, и се што ги ограничува е погрешно.
Гледам дека вадиш реченици од контекст. Текстот вели дека на човекот му се потребни ритуали и догма, НО ниеден закон не наложува дека екстернализиран бог е потребен да биде ангажиран во ритуали и церемонии изведени во име божјо!
Зошто потребата да ги исмевате догмите на слабите, на кои вербата во бог им е единствена емоционална потпора во животот? Со “смрт за слабите, раскош за силните“ ли се борите за подобрување на човештвото?
Веќе кажав зошто, затоа што сатанистот религиите ги смета за зло, за неприродна и себеуништувачка патека, која ги величи слабите, неспособните, бедните......За сатанистот тоа е глупост, нелогичност, зло кое оди против природните текови присутни кај сите останати живи суштества.
Се спомнува Хитлер во т.н. сатанска библија. ЛаВеј за него вели

Хитлер не беше будала што му понуди на германскиот народ среќа, на лично ниво, за да ја осигура нивната лојалност и нивната врвна ефективност.
Не ли е лицемерие на сатанизмот тврдењето дека Хитлер им понудил среќа на индивидуално ниво, кога сѐ што им даде беше заблуда за возвишеноста на нивната раса, која резултираше со прав и пепел?
Во сатанизмот јасно се вели дека се што ти причинува задоволство, можеш да го практикуваш, НО треба да бидеш свесен за резултатите од своите дела. Токму затоа глупоста се смета за најголем грев.
Хитлер сакал да го воздигне неговиот народ, и да создаде супериорна раса на луѓе. И тоа е нешто со кое секој сатанист се согласува, тоа што е погрешно во сево ова, е (не)препознавањето на особините и начинот до тие особини кој би создале супериорни надлуѓе, и би ги елиминирале слабоста и несовршеноста.
Дали сините очи и русата коса се супериорни? Дали белата боја на кожата е супериорна?
Дали еврејскиот морал и религија се "слабоста" која треба да се елиминира од човештвото?
Ова се катастрофалните грешки на Хитлер, тој идентификувал погрешни особини, и применил погрешни методи, за да усоврши и воздигне еден народ.
Не се физичкиот изглед и наследниот морал "добрите" или "лошите" особини, туку тоа што човекот го воздигнува над останатите живи суштества. Посупериорниот интелект, како и способноста да се адаптира и опстојува.
Во посочениот цитат, се нагласува потребата и важноста на среќата на лично ниво, за да може таа среќа да се искористи за манипулација на целиот народ! Што мислиш, кој друг го прави тоа? Кој нуди "спасување" и лична среќа во вечноста, за да манипулира и заведува?
Повторно погрешен заклучок имаш донесено. Со тој цитат, Лавеј како пример го дава Хитлер, за да укаже како народот може да се заведе и манипулира, ако му понудиш нешто кое неможе да го одбие! Ако му понудиш убедување дека е благороден, важен, над останатите....
 
Н

нихилист

Гостин
цело време серете само за исус
Христијанството е доминантната религија на просторот на кој ти живееш, затоа. А и темата за Исламот има сто и кусур страни ако не се лажам.

Јас немам голем проблем против Исус лично, дечкото бил океј, малку бил шизофричен и пател од мегаломанија ама неговата хипи порака за мир вреди да се запамети. Од друга страна, Христијанството како институционализирана религија и нејзините верници, навистина заслужуваат критика.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Јас немам голем проблем против Исус лично, дечкото бил океј, малку бил шизофричен и пател од мегаломанија ама неговата хипи порака за мир вреди да се запамети. Од друга страна, Христијанството како институционализирана религија и нејзините верници, навистина заслужуваат критика.
Критика ами како :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
цело време серете само за исус,
(иначе и ја сум атеист не дека го бранам него)
можеше и со помали букви, никој да не прочита :) Ќути си трај си никој да не те дознае, јади јајца за Велигден и барај паричка за Бадник. Ама онака овде на форум машки кажи си што си
 
D

dystopian

Гостин
можеше и со помали букви, никој да не прочита :) Ќути си трај си никој да не те дознае, јади јајца за Велигден и барај паричка за Бадник. Ама онака овде на форум машки кажи си што си
Јас уште добивам пари за Бајрам. :sneaky:
 
Н

нихилист

Гостин
твоите природни нагони и потреби се вистинскиот пат, и се што ги ограничува е погрешно.
Ме интересира, и сексуалните нагони на педофилите, зоофилите, некрофилите се природни. Постојат геронтофили кои својот сексуален климакс го доживуваат при силување на стари бабички. Дали и тие треба да одат по "вистинскиот пат" или да се ограничат себеси во согласност со веќе поставените норми на општеството?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ме интересира, и сексуалните нагони на педофилите, зоофилите, некрофилите се природни. Постојат геронтофили кои својот сексуален климакс го доживуваат при силување на стари бабички. Дали и тие треба да одат по "вистинскиот пат" или да се ограничат себеси во согласност со веќе поставените норми на општеството?
Па кој дел од "природни" не е јасен?! Од кога педофилијата, геронтофилија, некрофилија...и слично се природни нагони?
Под природни се подразбираат оние кој ги има кај секого!
 
Н

нихилист

Гостин
Па кој дел од "природни" не е јасен?! Од кога педофилијата, геронтофилија, некрофилија...и слично се природни нагони?
Под природни се подразбираат оние кој ги има кај секого!
Па и хомосексуалноста не е присутна кај секого па те имам читано како ја браниш, ако не се лажам. Педо, геро, некро, тоа се нагони кои постојат кај одредени луѓе, нагони кои се посилни од нив, нагони кои тие не само што не ги одбрале при здрав разум туку воопшто не ги одбрале. Освен ако немаш некоја друга дефиниција за природно, да, природни се, мајка природа таква ги создала, без разлика дали тоа го сметаш за аномалија - грешка на еволуцијата. Кое е твоето мислење?

Не изразувам свој став, само поставувам прашање, поздрав. ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па и хомосексуалноста не е присутна кај секого па те имам читано како ја браниш, ако не се лажам. Педо, геро, некро, тоа се нагони кои постојат кај одредени луѓе, нагони кои се посилни од нив, нагони кои тие не само што не ги одбрале при здрав разум туку воопшто не ги одбрале. Освен ако немаш некоја друга дефиниција за природно, да, природни се, мајка природа таква ги создала, без разлика дали тоа го сметаш за аномалија - грешка на еволуцијата. Кое е твоето мислење?

Не изразувам свој став, само поставувам прашање, поздрав. ;)
Па мислењето е многу пати кажано. Се што не е незаконско, и што не повредува некого без причина, нема потреба да им се забранува на другите.
Пушењето цигари на пример не е природно, и плус им штети и на пушачите и на непушачите, но не се смета за табу во споредба со хомосексуалноста.
Ако некој има нагон кој му носи задоволство, а тој нагон на ги повредува останатите, тогаш зошто да им се ускратува на оние кој им причинува задоволство?
 
И хомосексуалноста е незаконска во многу држави, но тоа е неважно и надвор од темата, а не би сакал да навлегувам во дискусија околу арбитрарната природа на консензуалноста, најмалку па за законот кој постојано се менува. Прашањето беше околу природните нагони како вистинскиот пат.

Природните нагони кои постојат кај некрофилите, педофилите и зоофилите им причинуваат енормно задоволство при исполнување, дали истите се "вистинскиот пат" а се што ги ограничува, погрешно?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom