Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не одговори никој -дали атеисти или сатанисти не одат на работа на денот на празник на христијаните или муслиманите? По колегите знам дека не одат на работа, зошто? Нели се атеисти?
А верницие кои не одат на работа на верски празник сигурно се молат дома по цел ден, не пијат, пушат, ниту се дрогираат, пари оставаат у црква и го мислат Јахве по цел ден, така?

Решението со славење верски празници според религии е една од најидиотските одлуки донесени во нашата држава. Ебате глупите, неразбрани политичари. Наместо да донесат закон за славење на ден на заедништвото, за ден на другарството или ден на меѓусебното разбирање - они носат закони за делби и караници. Па сеа ќе се палат џамии и ќе се рушат цркви низ земјава.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Ај пак да прашам некако одговориве се аут, зашто атеистите во школи, болници, универзитети, градинки, админи, доктори, работници, чистачи и директори...идат на пауза на ден кој е исклучиво за припадници од христијанска (или муслиманска, зависи) веросиповед?
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152

Затоа што им се може.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Земи ја Багавадгита, и тебе истото ќе ти се случи. Зами прочитај ја Книгата на Мормоните - исто. Иди нека ти направат стрес-тест кај Скиентолозите, ти гарантирам дека за година дена колата ќе ја продадеш за да можеш да платиш курс од 14-то ниво.

Кога е некој поводлив и грчка Митологија да чита - ќе се навлече.
Колку е голема моќта на новите религии за заведеување. Чудо едно. Атеизам. Ќе ги уништи луѓето во нивната бит. Жални се овие луѓе кои потпаднале под оваа религија која не нуди никаков, апсолутно никакво напредок на квалитетот на животот, а само ги убива луѓето во душата.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ај пак да прашам некако одговориве се аут, зашто атеистите во школи, болници, универзитети, градинки, админи, доктори, работници, чистачи и директори...идат на пауза на ден кој е исклучиво за припадници од христијанска (или муслиманска, зависи) веросиповед?
Дека така можеме да си земеме слободен ден и да не работиме, исто како и сите останати.

Ако ми воведат мене ден на Универзумот, Ден на Планетата земја и Ден на Екологијата, и да ги направат неработни, како што заслужуваат, јас ќе одам тогаш. Вака, си одам на оние на кои можам, пошто тие денови немам работа - сите се пијанчат и грешат ко луди - неќу да ја забава пропуштам така лесно!

Инаку, за оние кои тоа не го знаат, законот не го регулира изјаснувањето. Можеш денес да си христијанин, а утре муслиман, ром можеш у петок, а србин (ок, ова не е вера) у вторник. Така можеш да ги користиш сите овие денови како неработни. Ова е проверено со адвокат. Познавам и луѓе кои го прават тоа.

Колку да се сфати колку е идиотска оваа работа со верски празници: Како да не сме доволно неработници, па сеа уште и вери да славиме и срдечно да се делиме! После ќе се чудиме сите зошто едни палат џамии, а други рушат цркви. Багра дебилна!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Колку е голема моќта на новите религии за заведеување. Чудо едно. Атеизам. Ќе ги уништи луѓето во нивната бит. Жални се овие луѓе кои потпаднале под оваа религија која не нуди никаков, апсолутно никакво напредок на квалитетот на животот, а само ги убива луѓето во душата.
Интересна работа е дека за најсреќни се изјаснуваат луѓето во нагласено нерелигиозни општества, како Данското или Норвешкото на пример... Атеизмот не е никаква религија, вистинскиот атеист нема потреба за дискусија со религиозниот концепт, тој е за него бесмислен во принцип...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Сакаш да кажеш дека атеистите толку се плашат од името Господово, што им е страв да го изговорат, бидејки како атеисти го изговараат напразно? Па морам да ти признаам дека од таа гледна точка тие ја почитуват и исполнуват оваа наредба Господова.

--- надополнето ---

Ако ја читаш Библијата, а ја читаш на тој начин што ќе го оприсутниш Духот Божји, низ Библијата ќе те води овој Дух и ќе ти открие работи за кои не си ни сонувал, за на крајот да го напрви најголемото можно чудо. Само треба да имаш срце. Ако него го немаш, немаш ништо, се ти е ветер и магла.
Можеби атеистите ќе седат десно од Него на небесата, блажени од Бога ?

Откровение Јованово
1-3 Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Интересна работа е дека за најсреќни се изјаснуваат луѓето во нагласено нерелигиозни општества, како Данското или Норвешкото на пример... Атеизмот не е никаква религија, вистинскиот атеист нема потреба за дискусија со религиозниот концепт, тој е за него бесмислен во принцип...
Не наседнувај на бладањето на Јоан. Барем 100-тина пати му е објаснето. Во својата паничност од очигледноста на фактот дека религијата губи замав (поткрепено со празнотијата на црквите по кои виси секој ден) упорно се обидува тврдење (Атеизам) да го претстави како идеологија (религија).

Иако повеќе од еден месец го тврди истото, до денес не успеа да објасни кои би биле тие принципи, ритуали или догми на кои би почивала ваква една религија.

Јоан е на работ со нервите - не му замерај ;)
 
Мнооогу се среќни, толку многу се среќни што дури од среќа водат на листата на самоубиства во Европа. Од толку многу среќа што имаат не знаат што да прават па затоа се самоубиваат, така ли? Или се самоубиват од тоа што не ја гледат смислата на животот? Што мислиш од која причина ови „многу среќни“ луѓе вршат најголем број на самоубиства во Европа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Се чини дека „смислата„ на животот, која ја нуди Светот, до таа мера ги тера модерните луѓе во „хај„ состојба, што тие, онака среќни и весели, од радост и од среќа, се самоубиваат...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Интересна работа е дека за најсреќни се изјаснуваат луѓето во нагласено нерелигиозни општества, како Данското или Норвешкото на пример... Атеизмот не е никаква религија, вистинскиот атеист нема потреба за дискусија со религиозниот концепт, тој е за него бесмислен во принцип...
Неспоредливи се различни држави со различно богатство. Погоре дадов линк за анкета спроведена во Канада каде информациите говорат нешто поинаку за верата и вербата, Среќата помеѓу 2 држави данско и норвешко е најверојатно на слично ниво, но меѓу држави сиромашни како Македонија или афричките...тогаш правиш споредба помеѓу осиромашени држави, бивши и сегашни и нивни бивши или сегашни владетели. Замисли ги "атеистичките" данци како живеат со 200-300 евра и во натпревар со уште 25-30% невработени (кај нив скоро невработеноста оди и во минус...таму работодавците се оние кои имаат проблем). Да, Ме птостија и на еден пост за самоубиствата...обратнопропорционално со бројот на верници. Истражување од СЗО и регуларни институти (ако некој е алергичен на креационистички институции :))

A new Canadian survey has found that believers are more likely than atheists to place a higher value on love, patience and friendship, in findings the researcher says could be a warning that Canadians need a religious basis to retain civility in society.

Спроведени се анализи и за трендот на напуштање на верата во Канада. Од 1975 наваму атеизмот е во "нагорен правец" од 6 на цели 7% со што заклучуваме уште една невистина (неодењето в црква и слично не го прави човекот атеист).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас немам ниаква желба за дискусија со религиозните луѓе, заморно е и досадно. Христијанството, како и секоја друга религија е шарена лага, и потребна е стварно една доза на интелектуална тупавост да го живееш сето тоа. Коментарот беше за атеизмот како религија, што е смешно и извртување на фактите. Што се однесува колку се среќни Данците или Норвежаните, тешко е да се суди за нечија среќа, но дефинитивно ми изгледаат порелаксирани од многу други народи. Тоа со самоубиствата е чиста глупост, немам коментар...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Не наседнувај на бладањето на Јоан. Барем 100-тина пати му е објаснето. Во својата паничност од очигледноста на фактот дека религијата губи замав (поткрепено со празнотијата на црквите по кои виси секој ден) упорно се обидува тврдење (Атеизам) да го претстави како идеологија (религија).

Иако повеќе од еден месец го тврди истото, до денес не успеа да објасни кои би биле тие принципи, ритуали или догми на кои би почивала ваква една религија.

Јоан е на работ со нервите - не му замерај ;)
Атеизмот не е идеологија, тоа е религија во која веруваат некои луѓе. Веќе ги имат креирано своите поставки кои прераснуват во догми. Но ти би требало тоа најдобро да го знаеш. И не паничи, што ти е толку многу страв да кажеш дека веруваш во материјата и на материјата,
Се изјаснуваш дека а не веруваш во Господ Бог Исус Христос. Тоа е твој став. Веруваш во самонастанување на материјата сама од себе, од ништо во материја, и таа иста материја во еден момент еволуирала во живот способен да се рамножува. Нема што ти тука да признаваш дали веруваш во тоа или не. Ставот кој го застапуваш тоа го тврди. Ти веруваш во тоа. Ете тоа ти е религија: верата во материјата. И нормално оваа вера бара соодветна организација и свештенство. Полека и тоа се оформува, прво свештенството преку таканаречените психолози, кои те анализираат, ти пронаоѓаат скриени стравови и причини за твоето асозијално однесување, па ти дават терапија од лекови за смирување и терапија од медитации: аеробик, опуштање итн, а сето тоа нормално дебело си го наплаќат. Еве сведоци сме на раѓањето на новата религија - атеизам и првите пионери на атеизмот.

--- надополнето ---

Јас немам ниаква желба за дискусија со религиозните луѓе, заморно е и досадно. Христијанството, како и секоја друга религија е шарена лага, и потребна е стварно една доза на интелектуална тупавост да го живееш сето тоа. Коментарот беше за атеизмот како религија, што е смешно и извртување на фактите. Што се однесува колку се среќни Данците или Норвежаните, тешко е да се суди за нечија среќа, но дефинитивно ми изгледаат порелаксирани од многу други народи. Тоа со самоубиствата е чиста глупост, немам коментар...
Имај коментар. Најголем број на самоубиства се во скандинавските земји и земјите на бенелукс. Тоа е факт, вистина. Тоа што не ти е познато и што не го знаеш, не ти дава за право да тврдиш дека не е така, дека е глупост. Пријателе, погледни ги билтените за самоубиствата во последните 10 години за Европа, верувам дека си писмен да ги прочиташ. Јас тие не ги пишувам. Тоа се извештаи од официјални институции. Па ако ни сега после тоа не веруваш и велиш дека се глупост, навистина тоа не е дека не разбираш, туку не сакаш да ја прифатиш вистината: и покрај материјалните и општествените изобилија, некои луѓе кои живеат таму вршат самоубиства и најчеста причина е ненаоѓање смисла на животот. И бројот на овие самоубиства е најголем во Европа. Тоа е вистината. Жално е, но е така.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Данците или Норвежаните, тешко е да се суди за нечија среќа,
среќата е релативна работа, посебно ако ги запознаеш луѓето малку повеќе и тешко е да се генерализира за истата, да се екстраполира врз цело население.

Antony Flew
Vodeći svjetski ateista, prof. Entoni Flu objavio da je postao religiozan
Profesor filozofije Dr Entoni Flu (Anthony Flew) (star 81 godinu), koji je do skoro smatran „ikonom“ i „šampionom“ ateizma, objavio je da je postao religiozan, što je izazvalo pravi šok u ateističkim krugovima. Ateisti su potom izjavili da prof. Flu samo uzima u razmatranje mogućnost da Bog postoji, ali ih je on odmah demantovao i ponovio da „vjeruje u Boga“.
Treba reći da je prof. Flu predavao filozofiju na najpoznatijim svjetskim univerzitetima, kao što su Harvard, Oksford, Kembridž, Jejl i drugi. On je imao status profesora „et lardž“ (at large), koji ima veoma mali broj profesora u svijetu. Taj status mu je omogućavao da predaje studentima šta želi iz svoje oblasti.

Prof. Flu kaže da razlog zašto je donio ovakvu odluku jeste ono što je uvidio analizirajući DNK. Nensi Pirsi (Nancy Pearcey) autor knjige „Totalna istina“ (Total Truth) to objašnjava: „U središtu života, u centru svakećelije kod svakog živog organizma, nalazi se jezik, kod, ili ono što zovemo informacija. Ne postoji poznati prirodni proces sposoban da proizvede informaciju. Poruka ili informacija jesu potvrda postojanja inteligentnog izvora informacije.“
Bio je oduševljen sa knjigom „Zaključak dizajna“ (The Design Inference) koju je napisao matematičar Vilijem Demski (William Dembski), a naročito knjigom „Darvinova crna kutija“ (Darwin's Black Box) koju je napisao biolog Majkl Bih (Michael Behe) (ova knjigaće se uskoro pojaviti na našem jeziku).
U svojoj knjizi, Majkl Bih pokazuje da minimalnićelijski i biohemijski zahtjevi za postojanjem života otkrivaju „složenost koja se ne može svesti na niži nivo“, a koja ne može nastati slučajno, već mora biti dizajnirana.
U januaru 2004. godine, Flu je kazao Habermasu da je definitivno prihvatio da Bog postoji.
Habermas kaže daće ovaj događaj imati takav uticaj na ateistički pokret. Ateisti su u stanju šoka i tvrde da je Flu samo pretpostavio jednu hipotezu ili da je samo prihvatio nekog
„veoma minimalnog boga“, tako da njegova odluka i nije toliko važna. Ali, Habermas kaže da je odluka vodećeg ateiste da prihvati postojanje Tvorca, koga naziva Bogom, zaista veliki i važan događaj.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имај коментар. Најголем број на самоубиства се во скандинавските земји и земјите на бенелукс. Тоа е факт, вистина. Тоа што не ти е познато и што не го знаеш, не ти дава за право да тврдиш дека не е така, дека е глупост. Пријателе, погледни ги билтените за самоубиствата во последните 10 години за Европа, верувам дека си писмен да ги прочиташ. Јас тие не ги пишувам. Тоа се извештаи од официјални институции. Па ако ни сега после тоа не веруваш и велиш дека се глупост, навистина тоа не е дека не разбираш, туку не сакаш да ја прифатиш вистината: и покрај материјалните и општествените изобилија, некои луѓе кои живеат таму вршат самоубиства и најчеста причина е ненаоѓање смисла на животот. И бројот на овие самоубиства е најголем во Европа. Тоа е вистината. Жално е, но е така.
Кога напишав дека е глупост што не заслужува коментар, мислем на заклучувањето, не на бројките. Значи ова резонирање, Повеќе самоубиства има во побогатите а понерелигиозни земји затоа е подобро да се биде религиозен и сиромав, отколку нерелигиозен и богат, е на ниво на средношколец кој штотуку ја открил религијата. Милион различни причини може да има поради кои ратата на самоубиства е поголема во тие држави, климатските услови на пример. Полесно е да се мислат црни мисли без сонце, многу луѓе се метеропати. Логиката е тешка работа, не е за секого.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom