да, Волтер ептен убаво покажал ме потсети да. Знаеш шопенхауер вика вака ако овој свет е дело на апсолутно мудар добар и моќен Бог, тогаш прво ќе нема смрт, ќе нема старост и болести а ќе немаше ни злоба како карактеристика на човечката природа. Значи ние веќе ќе се раѓавме во рајот имено светот ќе беше рај. Е сега злото се препишува на Ѓаволот иако нема дуализам ни во христијаството ни во Исламот имено Бог е суверен, значи по негово допуштение Ѓаволот прави зло но не е друг Бог како кај гностиците и дуалистите кои верувале дека два Бога паралелно постојат од кој доброто е само од Бог а лошото од ѓаволот бидејќи не можеле да се помират со ставот дека злото доаѓа од Бог.
Добро што го спомна Волтер, он исто како Шопенхауер ја побива слободата на волјата, поим воведен да се окриват луѓето за својата злоба а не Бог, као демек луѓето грешат онака а можат ако сакаат да бидат разумни и добри, хумани солидарни итн. Но, луѓето постапуваат во склад со својата природа суштина, добар човек се раѓа таков е добар, сака да помогне жалостив, а лошиот има таков карактер не го бива, ко што вели Библијата лошото дрво дава лош плод, значи таа злоба кај луѓето потекнува од Онаа сила која ги создала, и тоа е некаква несвесна неразумна енергија која создава омраза, завист, злорадост итн. Добар пример за слободата на волјата дава Волтер во Кандид, кога му велат на заробениот Кандид бирај, имаш слободна волја бирај или сто стапа или куршум во чело, а да ме пуштите да си одам?? е тоа нема. Значи секогаш посилните мотиви ги детерминираат нашите постапки. Бог едино ќе се докаже ако после смртта бидеме вечни, но останува нејасно зошто сега не оди по судбата и маката на секого, зошто дозволил различни поими за него имено различни религии па сите викаат не нашата вера е права а вашата не, он како суверен секако може да направи се да е ок како што ќе биде во рајот нели тамо нема да биде досадно иако ќе биде се идеално. Одговорот од типот луѓето сами грешат оти имаат слободна волја не држи бидејќи тогаш ако можат да го изберат така лесно доброто, зошто го избираат злото? Луѓе лесно не можат да откажат цигари, дрога или алкохол но ако имаат слободна волја они би можеле многу лесно да бидат совршени, но склоноста кон грев која ја негира слободата на волјата не им дава. Затоа Августин и Калвинистите застапувале теза дека Само Божјата милост може да не спаси од злото и смртта, значи ако некој сака да биде спасен ќе работи колку може да биде ок, но свесен е дека не е слободен бидејќи е во светот меѓу луѓето, не може да избегне земјотреси, катастрофи, несреќи. Тоа е.