Плински уреди

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Разлика во цена колку е дали знаеш?Пример у Железара колку е ?
макпетрол ке да е 43
железара е во принцип 3 денари подоле значи 40
нас гас (моето омилено) 39 и според мене на нас гас е и нај убав плинот, затоа што нас гас работи со сите типови на гасови, значи фирма која е специјализирана за гасови и за домакинство и за индустрија и за автомобили, па така профи работат...јас од кај нив точам плин и кога ке кажам дека 380 километри ми се 45 литри слабо веруваат луѓево, само да нагласам дека се работи за волво V70 со мотор од 2500 кубика и 140 коња + автоматик е, а и караван... од кај да ставам друг плин увек иде нагоре потрошњата....
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Плимонт, дали сте вградувале лпг во 1.6 100 КС Фокус и какви ивечскуства сте имале со тоа? Патедм дали вргадувате ЛПГ во ТСИ моторите, гледам на запад веле го прават тоа.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Се извинувам за грешките при куцањето на претходниот текст, кого Кајгана не ми дава ни да го корегирам, ни да го избришам. Како и да е, мислам дека се разбира.
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Се извинувам за грешките при куцањето на претходниот текст, кого Кајгана не ми дава ни да го корегирам, ни да го избришам. Како и да е, мислам дека се разбира.
Си претерал на втора вечер НГ :)
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Плимонт, дали сте вградувале лпг во 1.6 100 КС Фокус и какви ивечскуства сте имале со тоа? Патедм дали вргадувате ЛПГ во ТСИ моторите, гледам на запад веле го прават тоа.

Ford Focus е често возило на кое се монтира плински уред, во најголем број Focus со 1.4 мотор, но имало и монтажи на Focus со 1.6 и 1.8 мотори. Стандарно за овој тип на возило е вградување на Landi Plus Max уредот, во комбинација со торусна (кружна) плинска боца и дозатор со масло за ладење на вентилите.. Цената за вградување на овој систем е 610 евра.
Заради можноста за поголемо загревање на вентилите на плински погон, кај Focus 1.6 неопходно е да се внимава секогаш да има масло во дозаторот и да се избегнува возење под високи вртежи.
Што се однесува за ТСИ моторите, не е проблем монтажата на плински уред на нив. Проблемот е во тоа што и по вградувањето на плински уред возилото ќе троши до 30% бензин, со што драстично е намалена економијата на возење на плин. Од друга страна самите уреди за ТСИ мотори се доста поскапи и нивната цена, во зависност од типот на возилото за кое се наменети, е во просек околу 1200 евра.. Од овие причини, кај нас нема заинтересирани за вградување на уред за ТСИ мотор.
Инаку, Китовите на плинските уреди наменети за ТСИ возилата се специјални, и се нарачуваат за секој тип на возило посебно.
Самата монтажа не е проблем, специјалните китови се најлесни за вградување бидејќи ги содржат сите можни држачи посебно подготвени за тоа возило, а Електронската Контрона Единица (компјутерот) е со однапред внесен софтвер
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Станав малку досаден со прашањава, Плимонт, но ми западна за око деновиве дека на пазарите се продаваат релативно поволно бензинци Пасати (B5) со 1.8 турбо мотор со вграден плин (додуша повеќе без). Баш и се возев во еден таков (такси) и ми делуваше многу импресивно - силно влече веќе од под 2000 вртежи, а моторот е тивок - многу подобро од Пасатот 1.9 ТДИ што го имаме дома. Ме интересира дали има некои проблеми со плинската инсталација кај овие мотори од типот што ги спомна кај новите Фолксвагенови ТСИ мотори, и колку би чинело вградување плински уред доколку веќе не е вграден?
 
Воопшто не си досаден, слободно прашај се што те интересира. Не е проблем да се вгради плински уред на VW 1,.8 турбо моторот. Всушност возила со овој мотор беа доста чести кај нас во текот на минатата година, најчесто Ауди А4 и Пасат. Цената е 540 евра со цилиндрична боца, односно 570 евра со кружна боца. Наскоро ќе постирам и фотографии од 1.8 турбо со плински уред
 
Пасат со вграден плински уред

P

Princ

Гостин
Пак го покачија плинот, денес гледам дека по 46 денари за литар се продава во Макпетрол... Кој ја регулира цената на плинот знаете?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom