ало плимонт... што бидна со метанот? има ли најави за брзо време да се почне со точење и која последна цена сте ја слушнале дека ке биде? плус дајте цени за уреди за монтажи кај вас... верувам дека народов се размислува, па дајте да има правец на размислување...
Најави за точење на метан постојат веќе пет/шест години, датираат од времето кога се изгради пумпата од страна на макпетрол , во кругот на ЈСП. Беше планирана и за точење на метан (КЗГ-компримиран земјен гас) кај автомобили. Меѓутоа и покрај повеќето најави, служеше единствено за автобусите на ЈСП.
Моментално постојат уште две метански пумпи - макпетрол Влае и макпетрол на влезот на Куманово од страната на автопатот. Најави за нивно пуштање во употреба слушаме од 15 мај па наваму, така да веќе никој во Плимонт не се замара кога ќе ги пуштат во употреба. Кога ќе навистина ќе проработат, незнам.
--- надополнето: 19 декември 2011 во 19:35 ---
Хало
Не се рабирам нешо од плинов па би сакал повеќе прашања до плимонт и остали:
1.Имам Форд фокус бензинац 1.4Duratec 59KW/80KS од 2009,троши 8.6 л/100 според компјутерот.Е сеа дали би ми се исплаќало да мењам на плин,колку пари би коштало во плимонт ставањето на плин и дали со овој модел би имало некакви проблеми возењето на плин?Едни викаат не ставај други ставај, незнам што да правам.
2.Гледам метан ќе почне да се продава и кај нас.Дали некој знае каде се ќе може да се пуни метанот,од кога, и дали ќе може да се стави на 5-6 тонски камиони,дали би се исплатело,и колку би коштала таа преадаптација.Знам дека автобусиве на ЈСП возат на метан а за камиони не знам.
Поздрав
Со денешните плински уреди, кои се целосно компјутеризирани, возењето на плин не се разликува од возењето на бензин. Генерално, губитокот на снага е многу мал, потрошувачката на плин ќе биде повисока за едно литро од онаа на бензин. Уредот чини 570 евра, доколку се вгради торусен резервоар (на местото на резервното тркало), или 540 евра доколку се вгради цилиндричен резервоар. Не ми се тука колкегите, не се сеќавам колкава гаранција имаат фордовите возила, во секој случај, доколку возилото сеуште е под гаранција, а сакате истата да продолжи да важи, ќе мора плинскиот уред да се уплати во мида, потоа тие ќе ве упатат во Плимонт. Доколку возилото се вози, често под високи вртежи (отворен пат), пожелно е да се вгради flashlube, заради заштита на лежиштата на вентилите од главата на моторот од појава на евентуален проблем на истите.
Гледано од аспект на економска исплатливост, возењето на плин е околу 40% поевтино одколку возењето на бензин. Можете самите да пресметате преку калкулаторот од нашата веб страна:
http://plimont.com.mk/Zashteda.aspx
Неколку фотографии од форд фокус со вграден плински уред
Поздрав