Планинарење

Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.117
Поени од реакции
4.623
Наредниот викенд 6 и 7 февруари времето ќе биде идеално за зимско планинарење на било кој врв над 2000 метри така што им препорачувам на сите оние што не биле на зимската тура Титов врв да си го искористат овој викенд бидејки нареден со вакви слични услови се очекува дури 3 недели после овој.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
Болеста за внимание е бескрајна.
Девојката што пред неколку години состави лажна приказна за соло искачување на Матерхорн, сега со нов обид да сврти внимание кон себе.


Направила фото-сесија на Матка, на алпинистичките делови на карпите и со куп лајфкоуч мотиваторски срања излегува во интервју со наводно провокативна фотосесија.

Не ја познавам лично и искрено, не ни сакам да се познавам со вакви глупи особи, само ме погодува што многу лошо влијае и создава лоша слика за една многу племенита работа. Ваквите, од дома невоспитани луѓе, дури ни планина не ги оправа, пошо и пристапуваат без респект, инстаграмски, турбо-фолкерски....просто. Голема штета е што у вакво зачаурено, затуцано општество, можеа планините да ни бидат еден коректор, мотиватор, учител, за тоа како да бидеме посилни и како индивидуи и како целина, ама ете, наместо тоа, секоја будала доби можност да си мисли дека е инфлуенсер, дека е многу креативен, кул, ин и што све не...

Имаш моќ девојче....уште мозок ти фали...

Еве го мојот пост од 2018та во врска со тогашната глупост:

Еве ја пак

Читај коментари не се сомневала во своето искуство му се комтри на еден у коментари и писхофизички биле топ
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.117
Поени од реакции
4.623

Еве ја пак

Читај коментари не се сомневала во своето искуство му се комтри на еден у коментари и писхофизички биле топ
Болна девојка.Само таа кампувала на -20 и никој друг?Еве колку дена кампувала Илина Арсова на Денали кога се спремала за искачување на Мекинли и на многу потешки услови него двајцава на Шар Планина:
А да фалсификуваш фотографија од друг планинар кој се искачил на Матергхорн треба да си умоболен:
И се спремала за Килиманџаро?Изгледа за неа е многу тежок врв чим се спремала толку но не и за оваа пензионерка од Крива Паланка:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Чоек без срам, достоинство.
После оној резил со Матерхорн, требаше да се извини и да ја снема од тие кругови, ама образ ѓон. Лајкови се приоритет, а и се восхитуваат луѓе што врска немаат од каков спорт.

Килиманџаро е во тропскиот појас и покрај големата надморска височина, поради благата клима не претставува некој технички предизвик, повеќе туристички хајкинг.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.243
Килиманџаро е во тропскиот појас и покрај големата надморска височина, поради благата клима не претставува некој технички предизвик, повеќе туристички хајкинг.
Точно е дека не е техничко качување, ама 5800 метри надморска висина не се играчка. Без правилна аклиматизација не ти бега церебрален едем.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Точно е дека не е техничко качување, ама 5800 метри надморска висина не се играчка. Без правилна аклиматизација не ти бега церебрален едем.
Нема збор за тоа.

Меѓутоа, сите качувања се регулирани преку агенции, водичи, мислам дека и porters има, носачи на ранец (што е безвезе, ама Африка, да земат пара некоја). Инаку, пишав, сериозна висина, редуциран кислород...ништо не е за потценување.

...само она што го коментираме погоре, нема врска со ова.
 
Член од
31 мај 2015
Мислења
120
Поени од реакции
127
Совет за чизмиве https://www.sportvision.mk/obuvki/8427040-gran-sasso
Исто така и овие
Фала однапред!
Не се лоши за таа цена, ама сепак зависи за какви патеки и за какво време ги земаш. Би ги одбрал првите (поскапите) заради гумата (vibram). Ова не се чизми за на длабок снег со долго време пешачење, мислам дека ке пропуштат. За секакви други услови би биле ОК. Секоја нога е различна па затоа пред да ги купиш пробај дали ти се удобни. Немам искуство со овој бренд, коментирам само по тоа што гледам, и лани ги гледав во продавницата. Најдобро е да пише некој што ги има носено, и мене ме заинтересира како се покажале.
 
Член од
17 август 2018
Мислења
33
Поени од реакции
5
Овие поефтините ми делуваат на некој обид за копија на саломон квест, барем вака од слики. А поскапите ги имам видено у продавнива и стварно се вака здрави, плус и вибрам ѓонот. Така да мислам дека имаат поголема вредност од првите безразлика на 1500 у цена. Интересно е што у српскиот спорт вижн се 1000 поефтини

Муабетот поише ми беше исто ко и ти, да не случајно некој ги има носено па да каже, а и брендов немам поима кој е.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Чоек без срам, достоинство.
После оној резил со Матерхорн, требаше да се извини и да ја снема од тие кругови, ама образ ѓон. Лајкови се приоритет, а и се восхитуваат луѓе што врска немаат од каков спорт.

Килиманџаро е во тропскиот појас и покрај големата надморска височина, поради благата клима не претставува некој технички предизвик, повеќе туристички хајкинг.
Оваа ли беше таа што му ја здипли сликата на Кирко од Матерхорн и излажа дека се качила? :pos: Му ја имаше заборавено раката на сликата.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Оваа ли беше таа што му ја здипли сликата на Кирко од Матерхорн и излажа дека се качила? :pos: Му ја имаше заборавено раката на сликата.
Крадеше од многу луѓе.
Мислам дека назад во постовите имам ставено пост на алпинистичка федерација во кој се најдени и приложени оригиналните фотографии кои ги има манипулирано, со видно промашени јажиња во различни бои, сенки во спротивни правци, измислени технички детаљи од смерот и сл.
Не вреди да се коментира.
Мизерија.

Инаку, деновиве мислам дека е годишнина од смртта на Александар и Калина на Кајмакчалан. Да не ги заборавиме. И нивната смрт остана со превез на непознато, недокажано, сомнително...
Лесна им земја.
 
Член од
8 ноември 2020
Мислења
30
Поени од реакции
9
5.11 Tactical Shear Polarized се продаваат
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Што е муабетот со планинарскиот дом Даре Џамбаз на Водно, гледам некој планинири пишуваат дека е преземен насилно од некое ново планинарско друштво ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom