Планинарење

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
кои андроид апликации се најдобри за планинарење знае некој?
За што? Не разбирам...да правиш записи од патеки?
Strava или било која друга од тој тип.
За одење по снимени патеки апликација не знам колку е добро и паметно. Gps уред на Garmin или некој сличен. Компактни се и не ја трошиш батеријата на телефонот што е многу битно за безбедност.
 
Член од
22 август 2016
Мислења
80
Поени од реакции
19
За што? Не разбирам...да правиш записи од патеки?
Strava или било која друга од тој тип.
За одење по снимени патеки апликација не знам колку е добро и паметно. Gps уред на Garmin или некој сличен. Компактни се и не ја трошиш батеријата на телефонот што е многу битно за безбедност.
друже има ли некоја сам да си креирам патеки од дома јас кај што сакам по неа да идам а после да ја зачувам како GPX фајл и да ја користам за офлајн и која е најдобра според вас ако има.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Јас ја користам Strava. Во browser после има опција Export. Поддржани типови се gpx, kmz сигурно. Јас ги снимам со саат со вграден gps, а не со телефон, а апликацијата на телефон снима. Фората е што добро снимање значи refresh на 5 секунди. На тура од 8-10 саати тоа значи дека без батерија ќе останеш на пола ден, што ич не е паметно. Да не зборам за повеќедневни тури.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
434
Знае ли некој од која страна е подобро да се искачи Галичица до врв Магаро, од преспанско или од кај Трпејца?
Дали воопшто има маркација и од каде почнува,за колку саати се искачува итн.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
Знае ли некој од која страна е подобро да се искачи Галичица до врв Магаро, од преспанско или од кај Трпејца?
Дали воопшто има маркација и од каде почнува,за колку саати се искачува итн.
Имам одено од Трпејца, добро маркирана стаза, саат ипол пешки.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
434
Имам одено од Трпејца, добро маркирана стаза, саат ипол пешки.
Фала ти, увидов дека ако не го знаеш теренот најпаметно е да тргнеш од Трпејца, ама толку брзо ли се искачува пошто гледам на wikiloc дека ја искачуваат за 4-5 саати.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Болеста за внимание е бескрајна.
Девојката што пред неколку години состави лажна приказна за соло искачување на Матерхорн, сега со нов обид да сврти внимание кон себе.


Направила фото-сесија на Матка, на алпинистичките делови на карпите и со куп лајфкоуч мотиваторски срања излегува во интервју со наводно провокативна фотосесија.

Не ја познавам лично и искрено, не ни сакам да се познавам со вакви глупи особи, само ме погодува што многу лошо влијае и создава лоша слика за една многу племенита работа. Ваквите, од дома невоспитани луѓе, дури ни планина не ги оправа, пошо и пристапуваат без респект, инстаграмски, турбо-фолкерски....просто. Голема штета е што у вакво зачаурено, затуцано општество, можеа планините да ни бидат еден коректор, мотиватор, учител, за тоа како да бидеме посилни и како индивидуи и како целина, ама ете, наместо тоа, секоја будала доби можност да си мисли дека е инфлуенсер, дека е многу креативен, кул, ин и што све не...

Имаш моќ девојче....уште мозок ти фали...

Еве го мојот пост од 2018та во врска со тогашната глупост:

https://karas4training.com/mk/news/irina-dishovska-treta-makedonka-na-materhorn-i-prva-so-solo-iskachuvanje



Не ја видов оваа вест кога беше објавена, туку ме заинтригира целиов настан денеска, по објавата на Македонската Алпинистичка федерација. Да разграничиме прво, оваа федерација е нешто друго во однос на планинарската на хирургот. Алпинизам и планинарање не е едно исто, ама поставуваме вести и од едната и од другата активност, па оваа вест тука е најсоодветна.
Луѓево фатиле да го анализираат целиов потфат на девојкава (не ја познавам, искрено) и воочиле некои очигледни недостатоци во фотографиите што ги приложила. Затоа и ја ставив голема оваа - на нејзе, страната на сенките е тотално спротивна на лицето, со таа од ридовите доле. Потоа различните јакни...има и некои други детаљи што стварно се сомнителни, ама јас не би да судам....не анализирав многу. Да не го тупам јас, ете го соопштението на федерацијата.
Ако вистина се качила и честитам, а ако не, искрено, ваква работа е за греота.
Во продолжение, соопштението од Федерацијата.

Соопштение до јавноста

Македонска Алпинистичка Федерација чувствува должност да се обрати до јавноста по повод неодамнешната објава на планинарката Ирина Дишовска за нејзиното соло искачување на врвот Матерхорн на Алпите.
Изминативе денови преку социјалните медиуми и одредени портали до некои од членовите на МАФ дојде информацијата за соло искачување на врвот Матерхорн од страна на Ирина Дишовска, член на ВАК Анапурна при ФПСМ.

При читање на извештајот објавен на нејзината facebook страна и разгледување на фотографиите, наши членови забележаа дека постои основа да се сомневаме во веродостојноста на фотографиите, или за можно лажирање на дел од искачувањето, кои според нашите видувања и етички кодекси не е прифатливо.
Пред се, ние ги немаме сите факти за тоа искачување, и нема да навлегуваме во процена дали било или не извршено искачувањето, и оставаме да одлучат одговорните луѓе при ФПСМ кои веруваме сериозно и темелно ќе го истражат тоа, како и дека ќе донесат правилна одлука, а укажуваме на она што според нас е сомневање во веродостојноста на фотографиите.
Она што не наведува на ова сомневање се две фотографии во извештајот на планинарката.

1. Фотографијата на самиот врв каде што планинарката е фотографијата пред крстот. Тука сме сигурни дека се работи за очигледна и неумешно направена фотошоп интервенција во оргинална фотографија која е претходно објавена на интернет од страна на Македонски планинар, и која е од неговото искачување на Матерхорн на 23.07.2018. Ирина во текстот вели дека се сликала со свој мобилен телефон!
2. Втората според нас спорна слика е онаа, каде Ирина укажува на еден клучен дел – Џордановите скали. Тука е употребена слика која е превземена од интернет од Италијански портал, и датира уште од 8 јули 2017та година.
3. Повеќете слики се близу домот, а двете клучни се според нас неверодостојни. Би ја потенцирале и контрадикторноста во користењето јаже – приказната дека е кристено нејзиното јаже за абзел со Пољаците. На една од сликите тие носат розево јаже, на уште фотографија се гледа поставено за абзел на снег тоа розево јаже, на неколку други слики се гледа Ирина како абзелува на друго плаво јаже.

Како Македонска алпинистичка федерација за нас е нерифатливо прикажување на лажни информации за едно качување, со кое се менува ликот на експедицијата, тежината на насоката, стилот и севкупно успешноста на тоа качување.

Како дел од заедницата, МАФ остро протестира против вакво нешто, и очекуваме од надлежните итно да го истражат овој случај, со што би се отфлиле било какви сомнежи околу ова искачување, за да се избегне било каква трага која би го нарушил угледот на сите луѓе кои ја почитуваат планината, и сите оние кои без разлика на кој врв се качуваат тоа го прават на етички исправен начин.

Не прејудицирајки децидно каков ќе биде ставот на матичната организација каде што планинарката членува, сакаме само да напоменеме дека МАФ во својата работа се води од високи етички принципи кои се неспоиви со лажирање фотографии за лажно прикажување на активностите во јавноста. Бидејќи искачувањето беше означено во дел од медиумите како врвно алпинистичко достигување на алпинистот Ирина Дишовска, ние чуствуваме должност да ја информираме јавноста и медиумите дека Ирина не е алпинист, ниту член на МАФ или некој од алпинистичките клубови, и нема завршено алпинистичка обука во Алпинистички клуб односно регистрирана институција која согласно законот за спорт може да се занимава со алпинизам и да дава таква обука.

Со почит,
Македонска Алпинистичка Федерација
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Од годинешново искачување на Голем Крчин и литургијата на самиот врв.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Ne ni znaev deka ima vakva tema,Nema podobro hobi, batali i basket i fudbal ova e lekot da odmoris mozok i da ne se zamaras so budali :D.E sega loso e sto tesko naogam drustvo, za kafana nemaat problem za ova potesko.Ko za prva poteska tura go iskaciv Titov Vrv,,se nadevam deka ovde ke najdam ekipa za planinarenje

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Прати ги ФБ страниците на планинарските клубови, скоро сите објавуваат акции за следните викенди, па ќе можеш да си бираш со кој клуб каде би одел. До душа заради коронава сега нешто послабо се објавуваат акциите, ама сепак ги има.
Не знам од кај си, ама горе-долу скоро секаде имаш по некој планинарски клуб и во зависност како тебе ти одговара, ќе можеш да учествуваш во акциите. :)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
На некоја од страниве видов уште еден подвиг што ќе се обиде еден наш планински тркач да го направи следниот викенд на Водно. Не би да хејтам, за почит е, ама изборот на ден од викенд за ваква активност и молба да не се оди по таа патека од страна на "обичен народ", која е една од најфреквентните, не е многу паметна работа. Разбирам дека поради логистика е одбрано Водно, а и самата патека е прилично стрмна, ама викенд? Не ми се јасни некои луѓе у спортов жими све...
 
M

Macedon1um

Гостин
На некоја од страниве видов уште еден подвиг што ќе се обиде еден наш планински тркач да го направи следниот викенд на Водно. Не би да хејтам, за почит е, ама изборот на ден од викенд за ваква активност и молба да не се оди по таа патека од страна на "обичен народ", која е една од најфреквентните, не е многу паметна работа. Разбирам дека поради логистика е одбрано Водно, а и самата патека е прилично стрмна, ама викенд? Не ми се јасни некои луѓе у спортов жими све...
Не сум во тек што е подвигот дај повеќе инфо, еверестинг или нешто друго е во прашање ?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не сум во тек што е подвигот дај повеќе инфо, еверестинг или нешто друго е во прашање ?
Максимална висинска да качи, ваљда колку ќе успее. Screenshot_20200916-191342_Facebook.jpg
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Одлично хоби за да убиеш ден и да опуштиш мозак, како и да се надишеш чист воздух.
Јас одам со една екипа 5-10 луѓе максимум секој слободен викенд, без планинарски друштва бидејќи ми се искрено напорни со нивните исфрустрирани муабети демек ако искачиш некој врв си завршил огромна работа, а уствари истото ти е разодување кое опушта мозак.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Исто и јас правам али група максимум 5,џипот да наполнам и терам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom