- Член од
- 1 декември 2014
- Мислења
- 2.341
- Поени од реакции
- 4.672
![www.facebook.com](https://scontent.fskg1-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-1/327220685_3257136924503876_3553124928949142108_n.jpg?cstp=mx200x279&ctp=s200x279&_nc_cat=104&ccb=1-7&_nc_sid=3ab345&_nc_ohc=Ic1Y6eZ6wiYQ7kNvgHe98bj&_nc_zt=24&_nc_ht=scontent.fskg1-1.fna&_nc_gid=AwQS3PwqMPPHzyZj_4WWXhX&oh=00_AYD0y_bUOjy5Y9vnPnQYh_nsDoLpBvWrti6nNQJ02hCUpQ&oe=67A15FA7)
PSD ORLE | Kavadarci
PSD ORLE, Kavadarci. 2,953 likes · 7 talking about this · 3 were here. Отворен клуб за планинарски ентузијасти
Такви можат да послужат само на Водно доколку некоја од патеките има замрзнати делови но за врвови над 2000 метри во никој случај доколку зборуваме за овие:Тие "аматерски" дерези, никогаш не разбрав зошто ги произведуваат. И тоа многу сериозни фирми како Grivel ги имаат во понуда. Може само да излажат некого да се заака со такви по мраз. Во подлабок снег може буквално да ти останат и да се чудиш после кај си тргнал.
Има квалитетни кинески на алиекспрес и лично ги имам тестирано на зимската патека до Титов врв во екстремни услови крајот на декември 2017 кога температурата беше помеѓу -15 и -20 а ветерот околу 80км на час.Еден од групата имаше алуминиумски од некоја позната фирма и му се скршија а моите издржаа и после тоа голем дел од планинарите од тетовските друштва купија такви.Се работи за моделите BRS S1A и BRS S1B кои се стандардни дерези со 14 шилци и одговараат на секакви кондури.Разликата е само во должината на шилците односно S1A имаат 40мм должина а S1B 25мм.Единствена маана е што релативно брзо покажуваат корозија:Коа сме кај дерези. Не разбирам како најефтините се по 150€. Има негде реални цени?
Ти треба ова чудо за македонскиве планини?Вакви користам веќе некоја година кога има мраз или замрзнат снег,обичен снег ,зборувам лежерно шетање некаде во природа дури и 2-3 пати ги пробав по град кога се стопи малку снегот па се замрзна.
Релативно добри се и засега ниту еднаш се немаат одкачено од чизмите и разликата е значителна за лизгање кога ги носам овие и кога не ги носам.
Купив од бувљак 2 пара за 200 денари,искрено ги земав бидејќи беа евтини и таму ги видов иначе апсолутно немав намера да порачувам од интернет вакви работи,засега пријатно сум изненаден.
Таа патека е најтешка но чим си спортист немаш гајле, само добри чизми и шибаш, јас последниот пат ја искачив во јули со здравствени проблеми (фатив корона ме болеше глава),а за враќање се вративме преку таа летна или како и да ја викаат каде што Бакардан го заобиколуваш.Здраво друштво,
Случајно ја најдов темава барајки повеќе инфо околу искачување на Титов врв. Би сакал, да дознаам некоја информација во врска со која патека е најдобра (Планираме по Цирипашина, Антени, Карабунар, Бакардан) и некое инфо плус што би ми било од корист при искачувањето. Барав податоци по интернет но конкретно не најдов нешто што ке ми биде од помош.
Планирам викендов да го искачам со група другари па секоја информација ми е добредојдена. Активно се занимавам со спорт а имам искачено и неколку врва меѓу кои и Голем кораб и Солунска глава скоро секој викенд на водно па мислам дека и овој врв би можел да го качам
Не се работи дали би можел или не. Истата стаза ја имам искачено неколку пати, ама пре еден обид успеа да ме врати назад полузамрзнат. До душа беше ноќно искачување во комбинација со ветер, магла и снег.Здраво друштво,