Планинарење

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Барам ниска патика-кондура за лесен hiking (од типот на Адидас Терекс ниските) за пролет-лето сезона, до кај 1500-1800 денари.
Би ги носел 1-2 пати неделно, ништо повеќе од тоа. Значи не ми треба ништо посебно, едноставно не сакам да си арчам running shoes за на планина.
Не мора да биде бренд, битно е да бидат што е можно поквалитетни за таа цена.

Видов во Ваикики околу 1200 ден. а и на ФБ постојано ми излегуваат некои онлајн продавници, што продаваат фејк Адидас, Саломон и Норт Фејс, цените се движат од 1200 до 1800. Дали има некој искуство со овие?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Quechua од Decathlon во тој ценовен ранг веројатно има нешто што е прифатливо. Инаку за тие пари само беља ќе си напраиш со стапала, нозе, кичма.
Running shoes ако ти се за асфалт, со две носења на планина, мислам на хајк од 10, 15, 20km, ги кинеш целосно. Гумата не им е за таа намена, шиењето е полесно, материјалот е мрежест. Друга работа шо ќе си ги искршиш прстите по камења и скочниот зглоб ти е скроз остаен сам на себе.
За хајк јас на оригинален адидас не верувам, не па на фејк. Подобро уштеди уште некој денар, па купи си поасални, ќе ги тераш 5-6 години минимум.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Барам ниска патика-кондура за лесен hiking (од типот на Адидас Терекс ниските) за пролет-лето сезона, до кај 1500-1800 денари.
Би ги носел 1-2 пати неделно, ништо повеќе од тоа. Значи не ми треба ништо посебно, едноставно не сакам да си арчам running shoes за на планина.
Не мора да биде бренд, битно е да бидат што е можно поквалитетни за таа цена.

Видов во Ваикики околу 1200 ден. а и на ФБ постојано ми излегуваат некои онлајн продавници, што продаваат фејк Адидас, Саломон и Норт Фејс, цените се движат од 1200 до 1800. Дали има некој искуство со овие?
За тие пари ќе си купиш само чкарт опрема. За користена гледај тука https://www.facebook.com/groups/150346221684584.

Мој совет е да додадеш уште некој денар па да си купиш саглам патика.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Quechua од Decathlon во тој ценовен ранг веројатно има нешто што е прифатливо. Инаку за тие пари само беља ќе си напраиш со стапала, нозе, кичма.
Running shoes ако ти се за асфалт, со две носења на планина, мислам на хајк од 10, 15, 20km, ги кинеш целосно. Гумата не им е за таа намена, шиењето е полесно, материјалот е мрежест. Друга работа шо ќе си ги искршиш прстите по камења и скочниот зглоб ти е скроз остаен сам на себе.
За хајк јас на оригинален адидас не верувам, не па на фејк. Подобро уштеди уште некој денар, па купи си поасални, ќе ги тераш 5-6 години минимум.
Ова болдираното, според мое искуство, не е точно. Асикс патики, иницијално купени за трчање, ги убив од носење на планина претходните 3 години, не мрднаа. Ги носам генерално на летни и есенски тури и тоа на секаков терен, земја, камења, кал. Сум се капел по езерата на Шар Планина па сум ги носел на враќање и мокри. Десетина пати и на Водно со нив се качив. Уште се здрави и уште ги носам.

Се согласувам дека постои ризик од повреда со патики за трчање на се носат на несоодветен терен, ама сум прилично физички подготвен и до сега сполај му на бога сум немал никаква мака.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ова болдираното, според мое искуство, не е точно. Асикс патики, иницијално купени за трчање, ги убив од носење на планина претходните 3 години, не мрднаа. Ги носам генерално на летни и есенски тури и тоа на секаков терен, земја, камења, кал. Сум се капел по езерата на Шар Планина па сум ги носел на враќање и мокри. Десетина пати и на Водно со нив се качив. Уште се здрави и уште ги носам.

Се согласувам дека постои ризик од повреда со патики за трчање на се носат на несоодветен терен, ама сум прилично физички подготвен и до сега сполај му на бога сум немал никаква мака.
Не им е тоа намената. Асикс е многу квалитетен и прилично скап бренд. Имаат модели и за планинско трчање.
Личен избор е на секого. Луѓе и боси одат. Контактот на обична патика со подлогата е ок ако е земја, евентуално ниска сува трева. На големи треви или остри камења треба многу внимателно да се движиш, посебно надоле. Фората е искуството на човек да му е пријатно. Секој си знае за себе.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Не им е тоа намената. Асикс е многу квалитетен и прилично скап бренд. Имаат модели и за планинско трчање.
Личен избор е на секого. Луѓе и боси одат. Контактот на обична патика со подлогата е ок ако е земја, евентуално ниска сува трева. На големи треви или остри камења треба многу внимателно да се движиш, посебно надоле. Фората е искуството на човек да му е пријатно. Секој си знае за себе.
Затоа го болдирав тоа со кое не се согласувам, дека после 2 носења на планина ќе се искинат, не е точно. Со другото, дека за планинарење најубаво е планинарска кондура/чизма, се согласувам апсолутно.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Најтешко нешто што ми беше е да најдам е летна чизма која убаво дише и стабилна односно да не се витка на глуждот.
Мое лично мислење е доколку сме во можност да се има 2-3 пара чизми,јас си сакам зимски односно што не пуштаат вода и имаат изолација за зима и во глобала било која gore-tex чизма грее до одреден степен без излојација тие ги користам 3 сезони и еден пар апла летни чизми за суво и убаво време.

Ништо не руши морал како мокри нозе дали се од испотени или од дожд/снег исто ти се фаќа.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ги делат на трисезонски и зимски. Строго летни се веројатно оние со еластичен ѓон, малку повисоки за да го опфатат зглобот. Најчесто се од мрежест материјал и во малку навлажнета трева ти се упропастува денот со нив.
Летно време зависно од должината на турата и големината на ранецот, може да стаиш додатен пар патики, полесни. Па ако кампираш да ги облечеш додека се подисушат кондурите. Нема универзално решение. Резервна облека друга секако треба.
Гамашните може да завршат работа некогаш, ама се' помалку луѓе ги носат некако.

И не само морал, туку се ладиш многу брзо, стапалото ти лизга во кондурата...ужасно чувство е.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Другар Марински чизми Bellevile 590 мека,удобна и имаат Е модел кој е поширок и како да се скроени за моја нога ваљда до моделот е ама не би ги сменил за ништо друго,а слично нешто имав со Salomon чизми кои ми се погодија ама овие се непобедливи,додатно на тоа што и ако се натопат ненормално брзо се сушат.
Ги носам 4 години ама ги убив од носење од Мај некаде до средина Октомври во зависност кога почнува да врне.

Имам носено од Планика,Алпина,Саломон,Хаикс,Даннер,Меиндел и уште нешто ваљда што не ми текнува.

За строго зимска Meindl Woodwalker Pro користам,а за обично врнежливо време Haix кратки моделот не ми текнува со Gore-Tex.

Обувките се доста лична опрема и неможам да солам памет кој што да купи мое мислење е додека не пробаш барем 2-3 модела со различни карактеристики неможеш да знаеш точно што ти одговара, на некого му одговара потешки се ако се побезбедни некој сака полесни, некој мрзи Gore-Tex некој сака итн,итн.

Како и за камашни со еден пријател се зајадовме јас имам Berghaus Yeti 2 кои се местат на ѓонот на чизмата он ги сака тие со сајла што се местат и се си зависи до што одговара.

Искрено ме занима колку луѓе кај нас имаат "Snowshoes" ? не ми текнува на нашки како уопште се викаат јас купив еден пар ги користам за подлабок снег но немам видено никој друг
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Искрено ме занима колку луѓе кај нас имаат "Snowshoes" ? не ми текнува на нашки како уопште се викаат јас купив еден пар ги користам за подлабок снег но немам видено никој друг
Многу ретко, обично ги има по клубовите по неколку пара и тоа не кај сите. Инаку се викаат дрезги.

Што се однесува до чизми, ако сакаш нешто поефтино, земи си Кронос или Кандер, цена околу 2-3.000 денари на попуст. Ова ти е за нешто дневно лесно, како Водно или нешто слично, иако со такви сум се качувал Тетово-Попова Шапка или Тетово-Орлоец (10 километри по правец и 1.400 метри висинска разлика).

Ама ништо, буквално ништо не земај без да го пробаш. Кај србите има една поговорка „Добра чизма главу чува“, која е апсолутно вистинита. Лошата чизма не само што ќе ти го расипе доживувањето, туку може да биде и многу болна за нозете и опасна при движење.
За полоши терени ќе ти треба поквалитетна чизма. Сум носел Планика, Асоло и сега Салева. Салевата најудобни, уште од првото облекување, Асолото страшно отпорни, го качув Риси во Полска со тотално излижани ѓонови, Планиката (стар војно/полициски модел) најиздржливи, ама тешки. Мекинли патиките ми се распаднаа за два месеци, ама со добра километража, Кандерот траеа подолго, ама понеудобни ми беа, додека чизмите ме тераа година.
Значи, нема универално мислење како што нема универзална чизма или нога. Пробја ја на почеток, па ќе видиш како ќе ти оди понатаму.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Барам ниска патика-кондура за лесен hiking (од типот на Адидас Терекс ниските) за пролет-лето сезона, до кај 1500-1800 денари.
Би ги носел 1-2 пати неделно, ништо повеќе од тоа. Значи не ми треба ништо посебно, едноставно не сакам да си арчам running shoes за на планина.
Не мора да биде бренд, битно е да бидат што е можно поквалитетни за таа цена.

Видов во Ваикики околу 1200 ден. а и на ФБ постојано ми излегуваат некои онлајн продавници, што продаваат фејк Адидас, Саломон и Норт Фејс, цените се движат од 1200 до 1800. Дали има некој искуство со овие?
Јас од декатлон иам земено quechua ниска кондура за 30 лева, поефтино од тоа тешко да најдеш. Се имам качувано на највисоките врвови кај нас со таа патика преку лето, така да не би требало да имаш проблем. Е сеа далеку се од удобни :D А да и за зима, ладно време не сум се осмелил да ги испробам на подолга тура.
Успат и ја да прашам, панталони за на планина во Скопје, ама да не се 5000 денари. (зашто само во номад сум видел).
 
Член од
8 ноември 2020
Мислења
30
Поени од реакции
9
Здраво дали некој сака да купи Fenix tk22ue батериите се нови отворени се само да се проверат и вратени се така седат ако некој е заинтересиран ги продавам двете. 1600 лумени
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Имаше исти на реклама5.
Не сум планинар но уживам да сум во природата. IMG_20201115_153518.jpg
Ретко ги користам повеќе стојат во џипот кога одам во планина,повеќе од опремата ја купувам за мерак.
Автоматски споено мислење:

Со тои погоре или дерзи,подобра комбинација нема.
 

Attachments

Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ај еве и за ова да не испадне не сме коментирале.

Се работи за планинарскиот дом Даре Џамбаз, на врвот на Водно. Ова е мој став, не мора некој да го земе за релевантен. Подоле ќе стаам едно мислење на Здравко Дејановиќ, преземено од кај него од фејсбук.
Лично, целиот третман на Водно, мене не ми се допаѓа. Силеџиски се изгради крстот, па се китеше домот со разноразни антени, бандери, за најпосле да се изгради и жичарата и она несреќно кулиште кое очигледно нема да се доврши. Домот, како и патот и пошумувањето на целата планина е правен во ударнички акции, волонтерски. Го имаат правено наши сограѓани, претци, по мене големи визионери и луѓе со многу чувство. Не можам да следам историјат на секој дом посебно, но од тоа што разбирам, со сите домови (кои не се приватно изградени) стопанисуваат планинарски клубови, а тоа им го овозможува Федерацијата. Истата, јас лично, поради случаите со Калина и Александар, инцидентите по планиниве, потоа домот на езерото Матка и многу, многу други спорни настани, сум ја хејтал, напаѓал и лошо сум пишувал. Уште стојам на тоа.
До скоро со домот управуваше ПСК Бистра од Скопје. За мои поимања, многу лошо. Капацитетите на домот не само што не се искористени, туку воопшто не се ни има желба да се искористат. Нивото на хигиена беше прилично лошо, посебно за непосредната околина надвор околу домот. Мои пријатели на фејсбук редовно ја хејтаат федерацијата, сега и на оваа тема, со некакво прикажување на баба-роги, дека друштвото кое сега го има добиено домот на располагање ќе го претвори во луксузен ресторан, дека ќе се плаќаат скапи кафиња и дека нема да се има каде да се седне од таканаречени не-планинари.
Е сега, околу не-планинарите...стереотип за „планинар“ во оваа држава, не е лик што изгледа здраво, живее здраво, има беспрекорна кондиција и е опремен соодветно и воопшто живее во тој дух, туку некој изгубен случај со стомак, што качувањето до врв на Водно го дожувива како експедиција на К2 и за да „надокнади“ мора горе да се изналапа чварки, да испие литро ракија и да седи цел ден во домот (кој е сечиј, нели, па сега некој ќе го украде). Таа грда слика, тешко искача од поимањата на луѓето.
Не ги знам овие Х20 што го добиле сега домот. Прикажале некаков план дека ќе инвестираат пари и дека ќе го подигнат нивото. Многу веројатно дека овие, горенаведените нема да може да урлаат пијани и со еден чај од 30 денари да држат маса цел ден.
Би сакал сите домови да се како во Словенија, Австрија, Швајцарија.......и тоа чини другари. Спиење во дом во Швајцарија чини многу. Треба да се најавиш и таму треба да си дисциплиниран и мирен како бубачка, пошо ќе те шутнат ко партал. На овие ликови од Бистра, за кои Дејановиќ тврди и дека воопшто не се автентични, треба да им стане јасно дека не е 1950та година и тоа не е само за нив. Нема веќе кој да го плаќа уредувањето на домовите, за тие да глумат марксисти, анархисти или не знам што се замишљаат дека се. По иститот принцип, планинарскиот дом Смрека на Шапка буквално се распаѓа и можеш со хепатитис од таму да искочиш, а го стопанисува Трансферзалец. До скоро во таква состојба беше и домот Љуботен, но и таму се млади момци од Тетово и со своја работна рака, донации го реновираа домот и сега личи на нешто пристојно. За голем поздрав е и клубот Аргентус Монс од Тетово, кој ја реконструираше кулата на Титов врв и ја претвори во заклон, стврано на ниво на намената.
Еве го постот на Здравко:
Почитувани пријатели, се извинувам што на вака непопуларен начин морам да се обратам.
Повеќето од Вас се запознаени дека во претходниот период од страна на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија ( ФПСМ) и нејзината Комисија за доделување на планинарскиот дом “Даре Џамбаз“ под закуп , транспарентно беше објавен редовен Оглас до сите планинарски клубови во Македонија за доделување под закуп на планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, кој се наоѓа на врвот Водно. Конкурсот беше објавен заради тоа што постоечкиот договор кој го имаше ФПСМ со планинарскиот клуб „Бистра“ од Скопје , како закупец, беше истечен.
На конкурсот кој траеше четириесетина дена се имаа пријавено неколку заинтересирани клубови, меѓу кој и ПСК„Анапурна“ од Скопје , чиј што сум председател. И покрај тоа што како клуб сериозно бевме заинтересирани за изнајмување на планинарскиот дом, поради голема немарност од моја страна и од страна на другиот член од клубот, Дејан, со кого бевме иницијатори на оваа намера, документите до комисијата ги поднесовме со еднодневно закаснување од предвидениот рок. Согласно законот, нашиот обемен проект и елаборат кој го имавме поднесено, односно нашата понуда, Комисијата, држеќи се професионално кон својата работа, ја одби како неблаговремена и не ја разгледуваше. На огласот најповолна понуда имаше поднесено ПСК„Х20“ од Скопје при што согласно сите законски процедури беа избрани како следни корисници на планинарскиот дом за нареден временски период од 5 години. Носители на намера за изнајмување на домот од клубот „Х2О)“ колку што знам беа Ирена Диков и Јовица Апостоловски кои лично убаво ги познавам. И двајцата се сериозни и прекрасни личности со што ни најмалку не оставаат сомнеж дека домот домаќински и пред се според пропишаните услови, ќе го одржуваат и работат. Јас лично им поскаувам многу среќа и успешно водење на домот, каде што сигурно ќе бидам чест посетител.
Повод за моето обраќање се несоодветната реакции на председателот на клубот Бистра кој беше досегашен закупец, кој агресивно и нецивилизирано преку социјалните мрежи и телевизиските медиуми, безобзирно и фрустрирачки ја напаѓа ФПСМ и незиното раководство за регуларно завршениот конкурс.
Во тие негови неаргументирани и со невистини исполнети напади, цело време ја провлекува информацијата дека ПСК „Бистра“ е сопственик на трите хималајски искачувања, Монт Еверест, К2 и Анапурна, кои ги имав јас постигнато, додека бев и самиот нејзин член.
Во 2016 година, од страна на истата личност (Коле Мајнов), на крајно незаконски начин, со донесување на нови личности на денот на собранието, кои воопшто не беа планинари ни членови на клубот, спротивно на одредбите од Статутот на клубот Бистра, со делење на ливчиња пред влезот во салата каде се одржуваше собранието, со влијание врз членовите на клубот за кого да гласаат за претседател, е направена смена на долгогодишниот претседател Живко Темелковски при што самиот, без пропишаната изборна постапка се промовираше како нов претседател. Поради несогласување, иако бевме актуелни членови на претседателството, и активни членови планинари, заедно со Живко, како и многу други активни членови, го напуштивме клубот.
Искачувањата на хималајските врвови беа направени исклучиво во организација на ФПСМ, без никакво учество на ПСК „ Бистра“ , па така „сопственик“ на тие искачувања неможе да биде никој друг освен ФПСМ како институција и на никој друг не му дозволуваме да ги присвојува и да полага право на нив. Најмалку некој да ги девалвира во планинарско политички интриги.
20.11.2020 година
Дејановиќ Здравко
A еве пост и на извесен Александар Атансовски, кој не го познавам, но е очигледно од „оштетената“ страна:

Planinarski dom "Dare Dzambaz"
"NE" za pretvaranjeto na domot vo ugostitelski objekt.
I, kolku nekoj(FPSM)da saka.da gi zabushoti rabotite,ne moze da.gi ignorira potpisite na poveke od 1700 planinari,bajkeri I rekreativci koi se za.domot da ostane PLANINARSKI.
MASKITE PAGJAAT - RAKOVODSTVO NA FEDERACIJA NA PLANINARSKI.SPORTOVI (FPSM)
Povod sa ova moe pisanie e napolno neplaninarskiot poteg na rakovodstvoto za.donesuvanje na odluka so koja.domot.se Dare Dzambaz se predava co racete na ugostitel.
Vo aktivnostite okolu borbata da domot go.za zadrzi.satusot na planinarski.dom.se otkrivaat mnogu raboti za toa kako FPSM stopanisuva.so infrastrukturata (domovite).na planinarite na Makedonija.
Pokraj devastiraniot.dom na.Sredno.Vodno so posredstvo na pretsedatelot na FPSM (so koj kako ugostitelski objekt dolgo vreme stopanisuvshe brat.mu ) , investicionen molk - ni edna.shajka nemaat udreno vo vozobnovuvanje na postojnite I izgradba na novi.
Prim. Vo okolinata na.Skopje ima samo.eden planinarski.dom "Dare Dzambaz", i toj sakaat.da.go unishtatat. Na Skopska.Crna.gora dolzina od okolu 60 kilometri nitu eden.
MASKITE PAGJAAT
Prashuvam:
- Dali podatokot.da edno lice.rakovodi.so 2-3 komisii vo FPSM e tocen ?
- Dali podatokot.za otugjuvanje ( prodavanje)na..Domot na.Matka e tocen?
- Kako e realiziranana prodazbata, na kogo, iznos i kade legnale.dobienite.sredstva.?
OVA.GO PRASHUVAM.VO IME NA PLANINARITE ORGANIZIRANI.VO DRUSHTVA I NEORGANIZIRANI, VO IME.NA SITE GRAGJANI
Prodolzuva....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom