Сам на долги стази не е баш најдобра варијанта.Планинарам и пешачам на долги патеки сам, Ме интересира дали некој досега има налетано на волци или некој друг опасен дивеч па дури и овчарски кучиња или чуварски кучиња особено оние пуштени на слобода околу вили на пониските ридови, и како би се справиле во таква ситуација?
Планинарскиот дух е во планинарењето, а Гарминот ми служи за да ги запишувам стазите на дигитална мапа и да водам статистика.Абе научете се да следите терен, да се ориентирате по релјефот, земете си некој подобар компас и мапа, не тие, запнале со телефоните во раката и ,,планинарат'', каде е планинарскиот дух во тоа?
Да потврдам за кучињата, во никој случај бегање, само застанување храбро пред нив, па и накај нив да тргнете не е лошо, да осетат дека не им се плашиш и дека си похрабар од нив, и јас од искуство кажувам.Кај кучињата, било овчарски или не, најглавно е да не те фати паника и да не почнеш да бегаш, зошто тогаш им проработува ловечкиот инстинкт и почнуваат да те гонат. Се додека им стоиш со лице према нив, ќе те лаат, ама нема да те нападнат. Нарочно ако си во група.
Лично повеќекратно искуство.
Ти нема зошто да се плашиш од овчарски кучиња. Тие не напаѓаат овци, напротив ги чуваат и бранат.Косава ми обеле пред многу години од страв кога буквално на 20 см.од моето тело ржеа 10 разјарени овчарски кучиња
Сакам да ви кажам на сите дека не помага ниту храбро стоење, ниту клекнување(ние сите 6мина души бевме посрани во гаќи)...убаво е да се има стап или нож.
Паметам како сега да се случува, шетавме на Бистра и наидовме на стадо овци...одденаш ни се стрчаа кучињата кои така се истренирани да го чуваат стадото.
Имавме среќа што овчарот беше во близина и им свирна со на нив позната свирка и убаво паметам дека буквално се закопаа во место до нас и не се мрднаа додека овчарот не ги разбрка.
Наравоучение
На планина кога се оди, обавезно со себе да се носи нешто за одбрана, изборот е ваш.
Ти нема зошто да се плашиш од овчарски кучиња. Тие не напаѓаат овци, напротив ги чуваат и бранат.
Naporno li bese? Kolku odenje ima?Од турата овој викенд, Црн врв - Салакови езера - пл. дом Караџица
Sent from my SM-J320FN using Tapatalk