Писатели, јавете се! :)

Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Од истата причина Лангелина голем број писатели си ги држат во фиока делата или во некое фолдерче на компјутер. Не знам за другите, ама јас самиот сум си најголем критичар во однос на креативните дела кои ги работам, и доволно фрустрации калемам од тоа, и ако отиде се јавно би бил подложен на нов бран критики кои не се мој производ. Дел од причините и што не сум сакал да издавам било што мое било баш мислења како твоите (кои да не ме разбереш погрешно, се сосема во ред, само не секој е спремен да ги чуе/чита). Едно е сам да си даваш критики друго е кога некој друг го прави тоа. Не знам дали и другите делум поради тоа ги зачувале само за себе делата.
Не знам дали мислиш на критика од луѓе кои се платени професионално да оценуваат книжевни дела, или пак онаа која би дошла од читателите. Во секој случај, факт е - нема секому да му се допаднеш, не само ти лично, туку било кој автор. Посебно жанрот фикција или магичен реализам, кои мене ми се во омилените, се жанрови кои наидуваат на најголема поделеност од читателите - или ги воодушевуваат, или ги отфрлаат во целост. Дури и автори како Исак Асимов, Урсула Ле Гвин, Агата Кристи, Џорџ Орвел, Х.Л. Борхес, Набоков, Селинџер, Фицџералд биле одбивани повеќекратно за издавање и оценувани како неталентирани, а делата како здодевни :)...

Во однос на критиката на професионалните критичари се имам изјаснето на една друга тема од овој подфорум -

http://forum.kajgana.com/threads/Постои-ли-објективен-суд-за-квалитетот-на-уметноста.66033/page-3#post-5613798

Голем дел уметници, и тоа не само од книжевноста, доаѓале во директен судир со државата или некои големци, биле протерувани, дури и добивале смртни закани, како Салман Ружди, кој отворено пишува против диктатурите на Индира Ганди и Зулфикар Али Буто. Или Тарковски, чии филмови долго време биле кратени, или категоризирани како такви кои ќе ги гледа само одреден сегмент луѓе, од страна на руската власт, па морал да замине и да твори од странство. Ама дали се откажале? Секако не. Покрај талентот, потребно е да се има и таа пасионираност за создавање, која и покрај се‘ ќе ги надмине сите потешкотии. Тоа е една од одликите кои и‘ фалат на современата уметност, кога ја искомерцијализираа до степен единствен мотив да биде профитот за творењето, и‘ ја одзедоа суштината, сржта и затоа во голем дел современата уметност со својата популистичка допадливост делува плитко, млитаво и скоро сигурно дека нема да го минат тестот на времето голем дел денешни дела.
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Прекрасен текст, токму она што сакам да го кажам...

Mondonico, ме израдува. Мило ми е што ти се допаднал. :D



Тоа е една од одликите кои и‘ фалат на современата уметност, кога ја искомерцијализираа до степен единствен мотив да биде профитот за творењето, и‘ ја одзедоа суштината, сржта и затоа во голем дел современата уметност со својата популистичка допадливост делува плитко, млитаво и скоро сигурно дека нема да го минат тестот на времето голем дел денешни дела.
Амин!
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ај, јас да го скршам мразот :)

Предлагам да го читате делов со ова упалено на звучките или слушалките, за да влезете во расположението и да се создаде атмосфера :D. Enjoy:



Поминаа седум циклуси откога последен пат се родија нови бебиња да ја збогатат популацијата. Уна беше најновото, и е родена во периодот кога дождот не е кисел. Изминаа три циклуси од нејзиното раѓање кое го скрши тој натален вакуум. Нејзиното пристигнување на овој свет народот го доживеа како препород на културите кои сега овој свет го нарекуваат свој дом. Сега малечката е три циклуси стара, но сенката од темната страна на планетава и висна врз нејзината судбина. Настапи тој студ. Студот кој сите го чекаат да пристигне оваа сезона. Беше ладно, да, но многу поладно од вообичаено. Доста неочекувана клима за овој период од годината. И ветровите се чинеа појаки. Малечката седеше на едно кадифено перниче, и беше завиткана во дебела крзнена прекривка. Загледана во вечниот дожд, барајќи слики и приказни во динамичното свивање на капките врз зелените округли прозори. Почна да црта по нив со малите рачиња. Вечниот дожд беше главна тема во нејзиниот живот. Она не знаеше за време кога немало дожд, за неа истиот е реалност, присутен е од кога е родена, додека за старците од кланот истиот беше најголемиот проблем со кој се соочиле при почетокот на колонизацијата.

Засилените дождови последните неколку циклуси ја расцутеа флората до невидени размери, а ракамбите почнаа да се множат во доста голем број. Нивните повици за парење го исполнуваа просторот наоколу и даваа дополнителна имагинација на креативно-плодниот ум на малечката Уна. Кога доаѓаше времето за одмор, тогаш ракамбите стануваа најгласни, но после генерации и генерации живот на овдешните простори, луѓето се навикнаа да ги сметаат тие крикови за знак дека треба да се почива, и често создаваа нагон за спиење. Занесеноста на малата Уна ја прекина ненадеен остар звук, како нешто да се скрши, и се сврте нагло во насока накај вратата од домот. Насилно ја беа отвориле неколку луѓе, кои полека влегуваа внатре. Можеше јасно да ги види нивните темни силуети, кои во блицови се отцртуваа со секоја наредна молскавица. Двајца носеа трет кој се држеше со рацете преку нивните рамена. Меѓу нив го препозна и гласот на својот вујко Јаков.

- "Неира, брзо, земи ги завоите и медицинските уља! Ронан е тешко повреден, малата нека ги грабне анестетиците и кутијата со медицински алатки, брзо!", полека со мали чекори навлегуваа кај широката соба. Како што влегуваа полека малечката можеше да види како човекот во средина, кој дозна дека е татко и, му течат капки крв на подот, одделени сантиметри една од друга, формирајќи еден патоказ кој водеше кон масата. Старицата се стрча до собата одлево лелекајќи и плачејќи. Малечката седеше избезумена и здрвена од глетката. Како да е скаменета.

-"Уна! Што кажав!? Оди трчај по анестетиците и опремата!", громогласно се јави вујко и, и ја штрекна малата надвор од здрвеното лимбо во кое се наоѓаше. Се стрча до собата во која отиде и баба и, каде почна нервозно да бара по фиоките, шокирана од глетката не можеше да се сети каде стоеја лековите што умртвуваат сетила. Баба и уште лелекајќи и со црни солзи од бојата на нацртаното лице, ја виде малата и се сецна. Знаеше колку и значи татко и, и дека ваква глетка не е за мали деца. Ја стави дланката на нејзината глава и кога го доби вниманието на внука и, ја отвори најгорната фиока. Во истиот момент поита да ги однесе газите кај луѓето, додека се обидуваат да тргнат облеката од татко и со кинење на делот каде е повредата. Уна ги зема маслата и алатките и побрза кај останатите, оставајќи ги кај луѓето, но се тргна на едно 3 метра од нив, поради внатрешен страв од целата ситуација. Клекната и со перница скоро голема колку неа, ја имаше гушнато и ѕиркаше помалку со очите, набљудувајќи го тоа што се одвива пред нејзини очи ...

-"Проклети да се! Сите до еден! Ќе ги снема од лицето на планетава еден ден, ти ветувам Јавор" рече Јаков, тешејќи го татко и на Уна, иако во бесознание, додека тој и пријателот му ги нанесуваа газите на помалите рани и припремајќи ги алатките за медицина.
-"Ма што се случи, деца бре!? ... Како дојде до ова ..? " прашуваше бабата, се уште плачејќи и мавајќи се по главата со дланките.
-"Не се опасност само во затворени и скриени средини Неира, и не се само шумите во прашање веќе .... сега ги напаѓаат и транспортните линии по кои се движат трговските конвои".

Старицата почна пак да лелека држејќи ги рацете на главата. Јаков вадеше нешто што наликуваше на црни шилци надвор од абдоменот на Јавор. Уна се покри со перницата, не можеше да гледа веќе.
- "Јужно-африканскиот трговски конвој го нема веќе. Го уништија цел. Пробаа слична тактика и со северно-азискиот но наидоа на потешкотии, Голубинов прикажа некакво ново оружје на дело, се разбегаа како лебарки." Старицата почна да ги грее маслата на жешка пареа, други да ги мачка по раните на Јавор.

- "Какво и да е оружјето, немаат доволно ресурси да не заштитат сите, едвај ги тргнаа од својот грб. Ние среќа имавме, наидовме на Чернов-класа транспортер, и покрај невремето и ветровиве успеавме да се кренеме од земја и во еден дел да дојдеме овде". - "Никој друг не преживеа?", праша нервозно старицата, се уште со плачлив тон во гласот. - "Не знаеме, кога се случи нападот ние бевме кај десното крило од нашиот локален конвој, и видовме само како се почна да се разлетува околу нас, тела летаа во вис како листови на ветер, едвај живи глави извадивме од таму. Ако останавме да бараме други за спасување и ние сега ќе бевме мртви", кажувајќи го тоа, заврши со превезување на Јавор во пределот околу главата. Старицата вртејќи со главата лево и десно во неверување, и со рацете на неа тивко промрмори нешто на еден од старите јазици. - "А сега што ќе правиме со прехранување? Храна од каде?" праша старицата.

- "Можеме да ги ловиме каркуните и да ги береме плодовите од шумите, нивното месо, како и некои од плодовите се погодија да одговараат на нашиот биосистем и генетика", се јави третиот маж во собата кој беше тивок додека го преврзуваа Јавор со Јаков. - "Да, но тоа значи поголем ризик за нас. До сега сите напади беа од преголемо талкање во длабочините на шумите. Каркуните не се познати по тоа да висат на отворени полиња". - "A што друго ни останува Јаков? Да гладуваме? Од истите плодови и другите растенија ќе ни требаат за да правиме локални анестетици. Конвојот освен храна носеше и медицинска опрема, оставени сме само на себе, да се снаоѓаме". - "А кој си ти чедо?", го фати старицата за брадата младичот, и почна да го разгледува како да му бара пори на лицето, барајќи нешто по што ќе го препознае. - "Јас сум синот на Благун , врачот од Каримбатов кланот. Се викам Велес, сигурно се сеќавате на мене. Ме чувавте како малечок. Штета е што се гледаме повторно тек сега, кога сме во вакви околности, ама ..."
- "Синко, ако ме служи меморијата уште, јас последен пат кога те видов ти беше пилиштарец, едвај имаше научено да одиш". - "Да, така е, баба Неира", одговори младичот, притоа наведнувајќи ја главата. Старицата го фати пак за брадата и му ја подигна главата. - "Денес ми го спаси синот. Го донесе дома во еден дел. Нема друго нешто за кое една мајка ќе биде поблагодарна. Така што нека идат околностите по ѓаволите! Денес стана дел и од нашето семејство, и нашиот клан". Велес пушти блага насмевка на кажаното.

Старицата го провери Јавор и неговите витални функции, направи длабока воздишка на олеснување и седна до Уна во лотос позиција. Малечката стана и почна да ги брише црните линии од лицето на Баба и кои се спуштаа од очите вертикално до брадата. Старицата ја гушна, ја седна во скут и заедно почнаа да пеат племенски традиционални песни и молитви за брзо закрепнување. Јаков и Велес им се придружија. На Уна почна да и се спие, да осеќа умор. Криците на ракамбите почнаа да стануваат се погласни и погласни, наговестувајќи дека е време за спиење, особено за малите деца. Осети како баба и ја крева и ја става во креветот, но не можеше да ги отвори очите. Не се даваше целосно да заспие, тлееше уште некаков страв, од таа туѓинска злобна сила која го порази така лесно татко и, кој секогаш бил парагон на непокорлива сила и хероизам. Но тука настапи баба и, таа почна да готви чаеви за луѓето и да поставува миризливи свеќи наоколу. Дрвениот накит кој го имаше на рацете, вратот и главата оддаваше звук, додека го мешаше чајот и ги редеше свеќите. Тивок звук, кој во умот на Уна ги засени и криците на ракамбите надвор, и кој и даде потребен мир и чувство на познатост и безбедност да она конечно потоне во сон. Не помина многу време пред да почне да сонува.

Сонуваше како патува низ разни дождливи светови кои како на тенки гранки висат околу Хинрик и ротираат околу него. Како да се обидуваше да најде поинаков свет од тој каде само виреат дождови, сакаше да се врати назад во времето на прадедо и, кој живеел на свет каде имало многу малку вода и немало многу врнежи. Или подалечните нејзини предци, кои биле номади на планета која била толку сува, што најголемиот дел бил пустина. И беше тешко да ја замисли пустината, сувото ... Кога и да ја замислуваше, песочните дини беа темни, навлажнети .. И колку појако замислуваше, почнуваа дините да се таласаат како бранови, беа подвижни ... како и морињата .... Наскоро се стана едно големо црно море која ја обвитка Уна целосно а облаците почнаа да добиваат монструозни форми. Се обиде да се скрие внатре во водата, но осети како нешто се движи под неа, во црните длабочини ...

================================================

Извадок, преведен од англиски на македонски, од 3тото поглавје, на книгата "Ера на Дождот" која е се уште work in progress.


Тука го прекинав делот, бидејќи се буди малечката од кошмарот, и ќе треба уште дел 5 пати поголем да напишам за случувањата отпосле.


Книгата е/треба да биде, sci-fi драма, која ја отсликува селидбата и населувањето од страна на конгломерација на различни култури од Земјата, на една планета која е месечина на гасовит џин како Јупитер, но со услови слични како кај Земјата. Еден од причините за Егзодусот е голема меѓуѕвездена војна во која се инволвирани различни факции на Земјените култури и некои вонземски елементи. Воглавном приказната ја опишува драмата и секојдневнието на луѓето населени на планетава, и како се соочуваат со сите проблеми и предизвици при колонизирањето, каде освен комплицираните планетарни услови, има и непријателски домороден елемент кој ги става сите во небрано...

И толку, нема да опишам повеќе бидејќи премногу детали ќе оддадам :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Еве и нешто од мене. Ова иди како крај од книгата, или нешто како заклучок.

Секој човек низ текот на животот си поставува различни прашања, трага по нивните одговори, мечтае за недопирливи нешта, ужива во благодетите кои го опкружуваат. Секоја нова креација во овој универзум без сопствена волја е оставена да ја апсорбира тајната на животот, да вкуси од голтката, да припаѓа на средина која е спремна да и пружи нови искуства. Оставени пред светот кој ги пречекува со широко раширени раце, несвесни за целата заплетканост и хармонија изградена од најразновидни атоми, патуваат кон непознатото. Бараат нешта за кое ни самите не знаат дали постојат.Копнеат по работи кои изгледаат така блиски, а се толку далечни, недопирливи, својствени сами за себе. Пловат низ океанот чии хоризонти не откриваат ниту еден остров, ниту било каква копнена површнина.Се’ е навидум мирно, скриено во својата тивкост и самотија. Брановите кои допрва доаѓаат нема да имаат милост и трошка грев за нивната пловидба, тие ја следат играта на ветерот, понесени од зраците на Сонцето, измамени од подмолноста која им ја наметнува бурата.
Во последната воздишка на овој свет, си заминуваат со помислата дека научиле многу работи, дека нурнале во длабочините на океанот, истражувале битија како никој во минатото, но меморијата само ги залажува, им остава вештачки креаиран впечаток на огромно знаење. Свесни или несвесни за сопственото постоење заминуваат на нов пат, пат од каде никој не се вратил за да раскаже што ги очекува. Така ова момче ја избра својата пловидба со сопственото кормило кое не издржа до крајот. Ако се вратеше да работи во бакалницата на неговиот чичко и се оддалечеше од околината во која претстојуваше, твореше, љубеше и фантазираше, дали некогаш ќе го видеше тоа што го виде и дали некогаш ќе го почувствуваше тоа што го почувствува? Неговата пловидба заврши тука. Неговиот брод потона во океанот, но споменот за неговото постоење и стореното со кое го ослободи патот на другите бродови кои продолжија да
пловат по големата површина, останаа да живеат засекогаш. Барајќи човек тој пронајде волк. Кога добро се загледа во очите на волкот , единствено нешто што успеа да види беа исплашените очи на невино јагне кое живее под маската на волкот. И така човекот беше волк, а волкот беше јагне, а Марко, Марко беше недефинирано животно кое се обидуваше да се дефинира, но не успеваваше. Но само едно остана повеќе од јасно. Тој постана Феникс, мистичната, огнена птица препознатлива по својата бесмртност. Птицата која со секое согорување на крајот од животот, го означува почетокот на новото раѓање од сопствената пепел......Така ова момче конечно ја доби својата дефиниција и постана бесмртно за околината која некогаш се радуваше на неговото присуство......
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Шкорпион, ми се допаѓа како една sci fi драма си ја поставил како доста реална приказна (начинот на пишување). Само напред!
Имам само една забелешка околу почетокот, приметив некое мешање на времиња. Сега ќе ти посочам за каде мислев, да ѕирнеш.
Настапи тој студ. Студот кој сите го чекаат да пристигне оваа сезона
- мислам дека чекаа би стоело подобро

Она не знаеше за време кога немало дожд, за неа истиот е реалност
- случајно ми запна за око; она->таа и ова за истиот е реалност не знам дали е намерно така напишано или несвесно си го пишал.

И толку од мене. Во целина - ми се допаѓа.
А, и насловот е многу добар!
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 16:58 ---


turvior, кој жанр ти е книгата?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Шкорпион, ми се допаѓа како една sci fi драма си ја поставил како доста реална приказна (начинот на пишување). Само напред!
Имам само една забелешка околу почетокот, приметив некое мешање на времиња. Сега ќе ти посочам за каде мислев, да ѕирнеш.

- мислам дека чекаа би стоело подобро


- случајно ми запна за око; она->таа и ова за истиот е реалност не знам дали е намерно така напишано или несвесно си го пишал.

И толку од мене. Во целина - ми се допаѓа.
А, и насловот е многу добар!
Фала прво на убавите зборови, и чисто, за коментарот во целина. Забелешките исто ги прифаќам :). Ако ја преведувам книгата дефиитивно ќе пазам на разликата меѓу она/таа :).

Работата е што, ми треба некој лектор/едитор, кој би помогнал околу средување малку на книгата. Грешките можеби се направени бидејќи е преведувано од англиски, и доста брзо го преведував делот за да можам да го постирам.

Единствено не ја гледам грешката кај "ова за неа истиот е реалност не знам дали е намерно така напишано или несвесно си го пишал."

Ако може да ми објасниш на што мислеше?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Крими-драма. Имаш млад амбициозен дечко кој се заљубува во девојка. Останува во градот во кој студира. Пропратно има неколку дешавки.Оди на забава со најдоброто, негово другарче . Другарчето извршува несакано убиство во обид да спречи силување. Го кријаат лешот во нуркачки костум на дното од езерото, се со цел да се направи вакум каде по пронаоѓањето и отворањето на телото, да се прикријат било какви траги од насилство чунки најголем дел ќе биде прилепен за внатрешниот дел од костумот, а останатиот ќе е каша попара. На крај ликот во зимно време го носам на површината од замрзнатото езеро, го убивам преку пукање на мразот и го поставувам веднаш до овој со нуркачкиот костум. А во меѓувреме ги редам коцките никој да не биде виновен, и да си продолжи животот на сите останати, без негово приуство. Од кримиланистика користам сознанија, преку изведување на докази, до разрешување на случај низ трагична смрт :)
Пократко од ова не можев.

За да биди иронијава најголема, не читам книги воопшто, освен тие правните за на факултет, а напишав книга :D Напишав онака од шо ми беше интересно, да видам до кај можи да ми оди имагинацијава. Пример седнуваш со мисла да му направиш тоа и тоа на ликот, но со самото пишување ти иди некоја многу подобра идеја каде го менуваш текот. Е тоа ми се виде доста интересно, можеби и најинтересно во сето искуство.
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Шкорпион, гледам дека во продолжението на реченицата за останатите ликови си користел беше, затоа прашав дали намерно за неа зборуваш во сегашно време или пак онака ус преведување како што викаш. :)

Малку ти навлегов подлабоко во извадокот, се надевам не пречи. :D




Крими-драма. Имаш млад амбициозен дечко кој се заљубува во девојка. Останува во градот во кој студира. Пропратно има неколку дешавки.Оди на забава со најдоброто, негово другарче . Другарчето извршува несакано убиство во обид да спречи силување. Го кријаат лешот во нуркачки костум на дното од езерото, се со цел да се направи вакум каде по пронаоѓањето и отворањето на телото, да се прикријат било какви траги од насилство чунки најголем дел ќе биде прилепен за внатрешниот дел од костумот, а останатиот ќе е каша попара. На крај ликот во зимно време го носам на површината од замрзнатото езеро, го убивам преку пукање на мразот и го поставувам веднаш до овој со нуркачкиот костум. А во меѓувреме ги редам коцките никој да не биде виновен, и да си продолжи животот на сите останати, без негово приуство. Од кримиланистика користам сознанија, преку изведување на докази, до разрешување на случај низ трагична смрт :)
Пократко од ова не можев.
Звучи интересно. Во Македонија не сум сретнала некоја типична крими драма, едвај чекам да ја довршиш твојава и здравје, да ја издадеш. :D
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
turvior - Јас би купил примерок од книгата доколку ја завршиш :D . Ми звучи поинтересно од останативе крими приказни кои ги пробав во последно време.

ADreamer - Уфф, искрено некогаш ги мешам времињата. Ќе треба по 5 пати да прочитам да видам дали има некој таков пропуст, ако го забележам воопшто. Некој со остро око ко твоето ќе треба да најмам да ми помогне :D. Би сакал инаку да се движи се во сегашно време, не знам зошто кај некои случаи сум ставил во минато време. Некоја глупост при преведување. И не се грижи, не ми пречи воопшто. Ако нешто плус имаш идеа/критика, слободно кажи, затоа и го ставив парчето тука.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Шкорпион какво купување. Да се извади некогаш чудово, ти праќам по пошта само да си ја подигниш во местото на живеење и да си ја читаш x)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Тек сега забележав уште една грешка, а не можам да го едитирам постот. Ронан е сосема друг карактер во приказната, и несакајќи на почетокот во дијалогот наместо Јавор сум го пишал него. Морав да се исправам.

Исто, за да не се збуни некој, пар (очигледно измислени) изрази се ендемски животниски видови, а Хинрик е масивниот гасовит џин (како Сатурн) околу кој планетата на која се случува приказната орбитира како негова месечина. Дека директно постирав само делче многу работи не се јасни зошто се такви какви се во приказната. Обично воведот или прологот ги средува тие работи на почетокот од книгата, полека и мазно ги запознава читателите со позадинската приказна, настаните кои водат до таа главната што ќе ја читаат и ликовите итн.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.192
Поени од реакции
18.291
Турвиор пријателе, многу ми се допадна описот кој го даде за книгата :D. Ако некој ден ја завршиш и издадеш ич да не се сомневаш да известиш овде. Многу ме заинтересира да ја прочитам :).
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Ете turvior, си најде најмалку 4-5 купувачи. :D

Патем, Шкорпион, би ти рекла дека тоа издавачката куќа со својот лектор ќе ти го среди, ама не знам дали во секоја лекторите се добри. Ти напиши ја, после грешките лесно е да се поправат. Стигни до крај. Борбата со празни листови е најтешка. -.-`

Јас инаку, малку ќе излезам од темата за да го означам мојот прогрес, сум речиси до половина приказна, не баш речиси, уште 20-30 страни, едвај чекам да го стигнам првиот поголем заплет, после мислам дека се` ќе е полесно, повозбудливо за пишување.
Тешки ми се првите 150 страни да ги оставам зад себе кога се случуваат некои нешта, но не се толку полни со интриги. Онака, треба од едноставно парче да направам page turner. За вторите 150 после, ич не му ја мислам.
Само да ги завршам овиееее. :(
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Патем, Шкорпион, би ти рекла дека тоа издавачката куќа со својот лектор ќе ти го среди, ама не знам дали во секоја лекторите се добри. Ти напиши ја, после грешките лесно е да се поправат. Стигни до крај. Борбата со празни листови е најтешка. -.-`
Некои издавачки куќи имаат лектори, некои не. Дури и оние кои имаат печатат изданија кои се катастрофални во поглед на лектура, ова отсекогаш ме чудеше, па имав прилика да дознаам зошто е тоа така. Имено, бидејќи за издавање на една книга издавачката куќа има ограничен буџет, во состојба е да понуди сума која не одговара на вистинската вредност која треба да се плати на лекторот. Затоа, голем број лектори решаваат своевидниот хонорар да го ,,наплатат,, со намален ангажман. Иако, не ми е јасно како го ставаат својот потпис на ваквите изданија, срам невиден е од професионален аспект. Нема да именувам една лекторка, ама ви признавам штом ја видам не ја земам книгата, барам издание на англиски или на српски јазик :D. Значи на крај најмногу страдаат читателите, а се урива репутацијата на авторот, лекторот и издавачката куќа.

Сепак, во право си, дојдете вие до печатење, тоа е сепак најважното :).
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Ова е последниот дел од првата глава. Многу сум самокритична, таа глава е единствената со која сум задоволна. Ќе оставам да ги поправам сите останати кога еднаш засекогаш ќе го поправам текот на книгата.



„Ми текнува на денот кога сосила ме затворија во ова место. Се сеќавам дека долго потоа плачев, пикната во постелата, згадена од мирисот на урина кој ја исполнуваше мојата соба. Поминаа месеци пред да проговорам со некој. Секое утро гледав како сонцето изгрева и небото светнува. Секое утро гледав во ѕидините околу дворот и се молев наредното утро никогаш да не дојде. И секое следно утро, кога креветот ќе ми закрцкаше под телото, разочарано ги отварав очите и се обидував да се помирам со тоа дека повеќе ниту Бог не ме сака.
Се сеќавам дека денот кога сосила ме затворија во ова место, си реков дека болката ќе помине и времето ќе ги излечи сите рани. Денес не верувам дека некогаш сум можела да се излажам повеќе. “

--- надополнето: 28 мај 2013 во 23:41 ---



Општа практика: пишуваш по outline или одиш онаму каде ликовите ќе те однесат?
Стилот ме потсетува на книгата Колекционер,од неа ли ти е инспирацијата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom